Јас ги користам пливит ама бебе ги плука многу горчат иако и ги давам со малку млеко. Се мислам сега да и земам пак babytol некако и по практични ми се.
Здраво во друга група ми кажаа бебето да го ставам во перница за доење т.е во средина за да кога ќе мрдне со рачињата ја допре перницата и ќе се чуствува како да има некој до него. Кај нас беше успешно и веќе 3 вечери си спие се буди само два пати за цицање.
Да ве прашам како ги облекувате бебушите овој период? За топло,е топло ама ми дувка одвреме навреме и многу често во денот менува температурата. Јас суште не сум го облекла во летна гардероба т.е по кратки. Уште сме со тренерчиња чорапи боди и блузичка на долги. Ние тројцата сме веќе по кратки ама за бебчо ради тоа што во денот има промени на температурата и плус ветер а знае и да заоблачи мислам рано му е за по кратки ракави Инаку 9 месеци сме
И ние исто се облекуваме боди, тренерчиња и чорапчиња. Ако евентуално дувка надвор ветре а е топло му облекувам памучно елече, ако е свежо ветрето памучно блузонче. Последниве денови му ставам и шеширче дека одма се заруменуваме во обравчињата.
исто е и кај нас ама мене ми е што при толку топло време дувка ладен ветер што не е баш добро за деца. Лани кога се роди месец август и септември беше по боди и пантолончиња ама беше многу топло и без ветер
Денес и јас помислив на опција боди по долги+тренерки+чорапи. Излеговме околу 13 часот на прошетка, дома седиш ладно, не знаеш дека надвор е пекол. Беше по боди на кратки,тенка блузичка,тренерчиња,чорапи,патичиња. Одма извадив патиките,а и одма се вцрвене во образите. Утре ќе одиме кај педијатарот баш мислев да ја прашам од кога смее кратки ракави денес се свари на 28°. После со мм го шетавме,му ја соблеков блузата малку да се олади.
Јас го шетам по кратки, со маичка одоздола на прерамки ко боди од тритекс тие многу ми се практични, и тренерки долни, ретко чорапи имаме за надвор, прва прилика уште од дома, ако не во лифт најкасно ги соблака. Многу чорапи изгубивме по улица. Дома немам чорапи облечено од раѓање, за патичиња, никад не сум го малтретирала за имиџ. И пак е жива вода од количката. Уште малце и долни кратки ќе почнам.
Мајки хелп,педијатарот ми кажа некоја крема против комарци на природна база за бебе на буква М ја заборавив...познато ли ви е?
Другарчиња здраво, мислам има наназад пишано ама пак да си прашам за витаминот Д, до кога се дава? Матичната вика во месеци со 'р' само, значи летен период нема потреба. На ортопед не сме ошле со состојбата...
Јас знам дека се дава постојано, затоа што иако е топло не ги изнесуваме на најжешкото за да го примат баш потребниот Д витамин. Плус препораките се да не го изнесуваш директно на сонце.
Зависи и кај живееме. Ние што сме од поладно место боди и блузе со долги. Надвор по боди шетаме. И обавезно без чорапи. И во сон ги вади. Другарче нас ни рекоа да тераме цело лето со вигантол ( пливит Д бидејќи нема вигантол), ама бебитол да прекинеме . А кога се оди пак на ортопед? На 6 бевме последно?! ? Ништо не нни кажа за понатака?
На 5м ортопедот рече вит.д до жешките летни месеци, јули и август не, од септември пак. @Presrekna на ортопед бевме со полни 5м, следна контрола ни е закажана на полни 9м.
На ортопед бевме на 2м,сам ни закажа контрола на 8м. Ако немате закажано, се оди кога ќе почне стабилно да седи,а после кога ќе почне да оди. Ние денес бевме на педијатар,во однос на витамин Д. Примаше 1 капсула Д3+омега и 1 капка вигантол. Откако го прегледа рече по две капки вигантол. Иако е лето нас ни зголеми,значи за секого е индивидуално. А во однос на облекување рече исто како што се облекуваме ние. Баш нагласив дали може по кратки,рече да слободно.