За синтеза на вит.д не е пресудно само јако сонце, впрочем нас ни треба дневна светлина, која во лето ја добиваме многу повеќе одколку во зима. Кај мали бебиња многу е важно и фонтанрлата колку е затворена, па и од тоа зависи количината на готов д3. Затоа прашајте си кај педијатарот дали и колку да давате во летните месеци.
Големата фонтанела треба да се затвори околу годинка кога ке има детето, но тие проценуваат спрема тоа колку е затворена.
Според мене е многу грешно педијатар да одлучи за тоа. Ортопед го прегледува цело и коски, и фонтанела и според мене тој е што треба да одлучи колку му треба на бебето. Неможе педијатар преку мобилен да каже, а не го ни видел детето.
Јас кога бев на ортопед ми рече кој ќе даде поголема доза на д3 тој да го слушаш (педијатар или ортопед) Сепак и даде предност на педијатарот затоа што таа го прати растот и развојот месечно на бебето,па најдобро знае. Сега бевме на педијатар, примаше д3+омега и 1 капка вигантол, ми рече да зголемам уште една капка вигантол плус. 7м е,уште му е мека фонтанелата,претпоставувам ради тоа. На 3ти јуни имаме закажано на ортопед контрола,па ќе видиме он што ќе каже. Инаку да ве прашам за искуство дали сте го користеле заштитниот крем од Фрезидерм со спф 50 и со заштита од инсекти? Во зегин нормално прво тој ми го понуди,цената убава 800 ден за 175мл а плус тоа два во едно и за сонце и за комарци,а на природна база. А ме чуди и ценава, на сајтот на Фрезидерм 1500 ден,кај нас 800 Малку ме замисли, другиве се доста поскапи, Еуцерин 1200,1400 а веледа и мустела немаа во моментот. Па сега не знам што да правам.
Кај нас педијатар ја проверуваше до 6м после не ја ни носев освен ако не се разболи. Така да не ми е веродостојно она да и препишува доза д витамин. Кај вас е друго. Го зедов сега на Фризидерм истото ама е за од 2г. Се мислам дали да и ставам...
Вит Д се дава и затоа што ви првата година интензивно растат и за да се развиваат коските правилно. Мене бебето супер брзо ми расте (25 cm за 6 месеци е пораснат) и ни кажа ортопедот по 2капки до година да прима иако фонтанелата скоро е затворена. Затоа кај секого е различно, ама секако мислам дека треба да се дава до година.
Моево бебе уште не пие вода. 8 ипол месеци има. Ич. Ни од шише ни од клунче ни од магична чаша ни од обична чаша. Ни сокче ладно, ни чајче ладно. Само млеко, исклучиво топло. Се секирам дека затоплува, како на толово без нешто да го освежи...
Дали има негативно влијание поголемата доза на Д3? Досега користевме Бејбитол Д3 Омега , сега сменив Д3 на Џејмисон. Една капка од Џејмисон има 400ИЕ на Д3 исто како една мека капсула од Бејбитол. Треба да се капнува по еднаш директно на јазикот , но некогаш ќе ми подзатвори уста па му капнува настрана и додавам уште еднаш. Ако ставам во лажичка една капка и така сигурно останува на лажичката.
Моите две деца никогаш немаат примано витамин Д тука во Грција баш чудно, повеќето педијатри не препишуваат
@Magic13 Моево бебе преку ноќ се распи вода. До скоро само ја плукаше. Сега дали е до жешково или онака пие по 70-80 мл некогаш и над 100.
Ја барам @Yowannty да објасни како изгледа и до кога трае оваа регресија. Не се жалам имам бебе спанко, но синоќа се разбуди кај 1 до 4 имавме шоу. Гугање, претање, мавање и тргање на мојата коса. Вечерва едвај заспа. Од 20:00 ја нацицав тек кај 21:15 заспа. Што за неа е чудо. Те читав нешто околу регресијата пишуваше па да кажиш.
@Presrekna колку што сфатив, бебињата во дел, различно ја манифестираат. Со оваа регресија се случува забрзан развој на мозочето, па тоа што те држела будна е за да ти се пофали што ново научила и/или истото да го вежба. Може да почне да лазе, седнува ако до сега не го напраила тоа, или да те имитира, или да гуга нови звуци кои ќе бидат како поврзани во реченица или песна, секако многу далеку од зборење или пеење. Ирис има страшно немирни ноќи. До сега не се случило со саати да ме држи будна, кај неа се манифестира со многу претање во сон, испушта крици и тоа трае 10тина минути и на крај завршува со плачење, ретко се смирува сама и продолжува да спие. Морам да ја земам на цицка ама продолжува да спие и така преку 10 пати во текот на ноќта. Поради налив на нови перцепирања во мозочето, може да се чувствува збунето и несигурно и да бара твоја близина цело време. Последниве 2 дена ако ми веруваш не можам да мочам раат и плус ми е обесена на цицка како во првите месеци. Многу ми е напорно. Претходно ќе ја ставев на под со играчки дур и здосади, после во кошара со други играчки дур и здосади, па во креветче, па ќе играме заедно, сега не бе брате, ниту до мене не седи туку над мене. Ја да лежам а, таа седната кај мене на стомак и да ми скока. Жими се, се си мислам цревата низ гз ќе ми излезат некој ден ако продолжи вака. Кај нас ново е тоа што почна да се исправа држејќи се за нешто, ама тоа трае само неколку сек. почна да праи тапшин тапшин со рачињата кога и викаме браво, (ама поима нема дека е браво, туку само не имитира нас и е пресмешно оти личи на тетка која седи во ќош на некоја свадба и плеска раце на орото ) и последно од денеска скока седната и во хранилка и ја поместува хранилката наназад. Претходно знаев да ја остаам и сама во хранилка на 2-3 мин, сега веќе и тоа оди во историја. Значи следи што ти покажува. Ако до сега не била уцврстена следи период на зацврстување на мускулатурата и една долга предфаза на одењето. Сега се што ќе учат ќе биде усовршување во тој правец. Има интересни видеа на интернет за правилно стимулирање на движењата. И трпение мајка. Си растат многу брзо. Вака нафрлано што ми текна пишав. Од прилика тоа е тоа, после регресијава ќе знаат многу нови работи.
@Yowannty фала ти мила. Баш убаво објасни. Кај нас има многу нови работи. Подолго време кога ќе се радува правеше Фаца како прасе со носот нагоре, сега испушта звуци се додека има здив и црвенее во лицето. Тоа е најново Од акробации сама слегува од кревет или кауч наназад се турка и кога ќе допри со нозете скока и чека Бравооо. Ако не добие Браво не гледа прашално. Исто игра Таши танана и Браво со рачиња, пее кога и пеам( да не мислите на јас имам талент ќе ја пратам- испушта нешто како аааааа или наааанааана), ако и речам слечи го чорапчето и дај го на Мама, веднаш ме слуша и се радува скокајќи. . . За скокањето на стомак баш го опиша онака сликовито. Немам место на стомак каде нема скокнато. И синко често е нападнат ама Батко ептен ја сака И трпи. Не лази онака профи ама се трга И ако 2 мин не ја видам морам по соби да ја барам. Во хранилката има некое време се мава со грб наназад и потскокнува. Воопшто не е за сама. Непредвидлива е. Тоа е во главно. И што викаш лепенка за мене. Дури и да пушти некој раце да ја земе се Пика во мене. Брзо растат нека се здрави и живи. Ве гушкам и фала. @Мариаа. Те немам прочитано!? Фалише сваќе.
Тука сум сваќе. И ние се мачиме со регресијава и заби вадиме. Убаво пишала Јованти. Сега се во фаза на 'види ме што знам да правам'. Мојов во сон успан станува и се пентери на креветче или така полузаспан седи. Неколку пати го гледам навечер, дури језив ми е. Опседнат е со лазење, седење и да стои на нешто. Снашка моја си остана спанка, да не ја подречеме Гушки до вас.