И кај мене е така со спиењево. Се мислам месечар ќе ми биде детево. Ако не е во креветче ќе спие и ќе лази низ цела соба. Знае да седне во креветчето или да се испентери на оградата. До кога ќе трае ова или ваков ќе си остане? Инаку кога е нормално да се затвори фонтанелата. Од 6месеци го немав однесено на педијатар. Го однесов вчера на 9 затворена е, се плашам да не му се затворила многу рано...
Нели треба до година. Не верувам дека "е страшно"ако порано е затворена. Видете само за дозата за д3.
Треба до година и јас така имам слушнато. Ама не знам кои се последиците и дали е нормално да се затвори многу порано.
@Presrekna ееее така се што кажа, освен ние што не сме цврсти во нозе. Ама ортопедот ми рече тоа е следно, оти граден кош и раце веќе и се развиени супер, на ред се нозете за зацврстување. За сега само на мене се спушта и исправа и само еднаш ја видов во креветче издигана и одма земавме со маж го спуштивме на понизок левел. Тоа со хранилката е најново. Се мава назачки и се поместува сосе хранилка. Кога сум овде да прашам кога е возбудена се мава ли себе? Ова долг период го праи ама како расте повеќе сила има. Кога е возбудена прета со раце и се треска по телце во серија бам бам бам бам бам. Сама си се натепува. Мислев фаза е ама некако од почеток трае. Поздрав до цела генерација.
Хаха ова со мавањето исто само што мојава повеќе нас не мава. Баш со @Мариаа. од секогаш се жалевме за "семејно насилство" од бебушите. Посебно кога се радува или и се спие. На себе си ја кубе косата. Стегачи и капи нема шанса повеќе од 30 сек а сега и киките ги вади. Барем јаде и вода почна да пие. Поздрав и од мене до генерацијата.
Мм е месечар и многу пати животов ми го има скратено, па викам еве синче на тебе се метна. Фаза е, ќе помине. Креветчето поради тоа качување е на најниско ниво па додека го спуштам доле, акробации
@Yowannty и моево се мава , прета со раце нозе и баш она буквално мавање ќе земе залет и ќе се треска во седиштето фаза е ќе помине. Сега се многу посилни За подигнување кај нас уште ништо од тоа , тек од 9ти месец ќе очекувам Мојава беба многу се поти деновиве. Оддеднаш се затоли времево дигнав сите дебели алишта , ги извадив летните , овие денови по фустанчиња ја облекувам. Ама кога спие ја оставам по блуза на прерамки и по пелена да спие. Се поти кај косичката , телото, кога ќе ја пипнам преку ноќ испотена е што да ви кажам и само ја пребришувам.
@koritsaki и мојава многу се поти, посебно дур се доиме е жива вода. По дома и за спиење е само на боди по кратки. Тоа оти никако да купам на прерамки, се барам негде каде одат бар 6-7 во сет а наоѓам по 2 евентуално 3. И никако да нарачам, па ако случајно знаеш некоја страница сподели.
Да се јавиме и ние. @Мариаа. и мојов знае од спиење дирекно да седне одеднаш така полузаспан да поседи неколку секунди и пак си легнува. Ме фати смешка дека си пишала дека е језиво, стварно е Него да прашам, кога знаат да направат чао на пример, или да покажат кон некој кога ќе им кажеш. Читам некои бебуши знаат со рачиња да плескаат. Мојов уште не ме имитира. Кога му викам НЕ ми се смее и си продужува кон бељата што ја наумил (читај да брца у канта за ѓубре) Лазењето ни е профи, исто и движењето околу маса, по комода и сл. Го усоврши и паѓањето. Не се плеска како на почеток. Ја пушта прво едната рака од тоа што се држи и си седнува на газе. Ама, ако сум јас до него се фрла у мене ко мува без глава. Не знае сам да се симне од кревет ама пробува. @Yowannty чекам рапорт како поминавте на плажа. Поздрав до генерација
Синко истото го прави, умее да седне на повеќе начини од стоечка позиција. Првин се флаше на газе ама сега лека полека. Научи и да наведнува глава за под клуб масичката. Од скоро вели и чао, а со рачињата не умее да плеска. Умее да пее, вика и дига рака, уште од кај 8 и пол месеци. Сега е 9+.
Без гајле биди после 9м почнуваат да покажуваат чао и сл.секое дете приказна за себе, некој порано некој подоцна, но повеќето после 9м развиваат такви способности.
Мoже ли бебевo 7 месеци да гo oставам веќе без чoрапи за спиење...се ми е на мисла да не ранo, jа пoкривам сo тенкo ќебенце ? Дали функциoнира апаратчетo oд Енци Менци за кoмарци или фрлени пари ќе бидат? Дали oд кoга ќе пoчнат да jадат втoр oбрoк нoрмалнo е пoтврда стoлица, кака некoлку пати вo денoт стoлицата и е пoтврда па си пoврзувам да не е запек или грешам? Иначе jа учам бравo да прави и мнoгу сака да слуша внимателнo ме пази денес се пoтруди и oна мафта демек...се разбира се без фoрсирање
Дали писка другарката наша? Моево не престанува,ако слушнете на јавно место некое бебе да вреска како "да го коле некој" моето е @Yowannty мислам дека ти пишуваше за ова, те молам кажи ми дека ќе помине наскоро И уште би прашала дали ги користите алките за против комарци и дали имаат ефект или се џабе фрлени пари?
Наjмнoгу кoга ќе се внесе вo некojа играчка па jа врти jа гледа, зема друга ги удира една сo друга и уште пoгласнo писка. Иначе маjката штo се пoрoди дo мене пред две недели си пишавме, значи мoетo бебе е пoстарo oд неjзинoтo некojа минутка. На 6+ бебетo вика МАМА и ТАТO искренo не ми се веруваше мислев е нештo мамамама, тататтс па си пoврзува. Ми прати видеo значи пo неа чистo пoвтoрува МАМА...jа и велам мojава писка за сеа...
Хаха немај гајле,баш ми напомена педијатарот дека не го знаат бебињата значењето на слоговите,бар не сега на 7м. Моево од пред месец,месец ипол почна со дада, па баба, денес имаше јаја. Претходно имаше деееее, нееее ,леееее ,гееее. А да, прави и мама со устата ама на муте и мама се нервира ама ќе дојде време Ако ти се верува една познаничка што ни се децава 2 недели разлика , на 4м ми вика моево почна да вика мама. Како да не, сигурно
@The Unicorn плажа сезона отворивме уште минатиот викенд и поминавме супер. Вчера беше хохор. Отидовме на мојата омилена плажа, саат време се возикавме во 1 правец, уште 1 саат се растоваравме оти сешто со нас и бебла среќна си седна под тендата со играчки околу, играше дури цели 15 мин. маж успеа да плива, јас не. И наеднаш рикна да вреска и не се смири се додека не земав клуч и истрчав со неа во кола. Пробав да ја смирам ама тоа беше хорор врескање, надвор ретко кога беше помала знаеше да плаче и се исплашив оти не знаев што е, дали ја боли нешто или буба некоја ја касна што и се деси наеднаш се извадивме од памет. Стигнавме во кола се смири, почна да гуга и да се смее. Маж се врати 10 пати да собере стварите и се вративме дома. Изгледа и дојде премногу во моментот. Очекував минатиот викенд да плаче дури имаше и многу повеќе луѓе наоколу, тогаш си беше супер. Вчера беше прекрасно, луѓе имаше ама плажата голема секој си имаше приватност, ама тоа е тоа. Последниов период почна да се исфрла од пот и затоа откако се смири во кола не пробав да се вратам назад туку заминавме. Осипот се поклопи со воведувањето жолчка па престанав да и давам. Ама оти надвор кога ќе се испоти се појавува осип мислам дека треба да ја исклучам жолчката како причина, а и не сум сигурна баш што да праам околу двете па следна недела сме на контрола да прашам за сигурно. @Sofi.ja уште си писка, ама периодично е. Еве утрово од 6 саат будна ја земав меѓу нас со играчки не знаеш колку пискаше. Мистерија ми е како маж ми може да спие толку труп. Писка во периоди, после повторува гласови некој период, па пак писка и така во круг. Сега на пример е во фаза кога збори цело време, па во количка кога ја возам си збори и збори и збори и наеднаш ќе писне и ако некој поминува покрај нас во моментот од памет се вади. Ги читав и мајките на поголемки дечиња, по се изгледа пискањето продолжува и понатака.
@Yowannty читам за осип, дали кај вас е околу вратчето, грбчето и рамењата? Од кога почнаа жештиниве и моево се исфрли ,час ќе се смири ама пак се појавува. Сигурна сум дека е од топлото , голем алерген ко јајце немаме пробано уште. Читам на плажа сте биле, ние уште не ,а планирав , ама ќе чекам да се смири ситуацијата, зошто од саботава кога ги отворија кафичите на плаживе има многу луѓе. Иако има мерки за оддалеченост меѓу лежалки, пак не ми се меша помеѓу мн луѓе. А за пливање хахах од кога се роди големата ќерка неам пливано асално, ептен мм ако не дружи (скоро никогаш) или кога одам со свекрва ми, инаку нема шанси. Сега па поготово со второ дете