И кај мене мали штом фати ова убаво жешко почна да ми се нафрла околу вратчето како вруќаници. За потење не е ептен склетчија, деновиве се поти само додека ми цица, инаку кога му е жешко се заруменува, па така си доби нов надимак Руменчо го викам. Последниве денови исто како сите другарчиња од генерацијава и ние врискаме од нигде никаде, па при врискањето ќе му дојде вајда некој звук интересен па после на смеа си го повторува. Само најинтересен ми е кога ќе почне да ика и започнува одма со гугање, ќе ика пак се смее и продолжува пак со гугање. Незнаеме да кажуваме уште цели зборови мама, тата, баба , деде ,но повремено знае да испушти некој слог. Правиме здраво со рачето, ама за чао ако слушнеме или ако видиме влезна врата е тогаш е пискотници. Пред некој ден ми беше ставен во дубак , јас надвор собирав алишта од тараса, и почнува да вриска и лупа, мава со дубакот, му се испречила вратата на патот. Може да го оставам на под и да се заигра сам и тоа баш убаво да се заиграа, да збркам некоја работа или па да пивнам едно кафе на раат. И иста ситуација како и кај сите, обавезно имаме по една играчка и во двете рачиња и кога ќе влезе во елемент почнува да се мава да се треска по глава, по нозе и мака нема. Научен додека седи си подава играчки од едно во друго раче, па вчера кога го видов легнат на грб си префрла едно тракторче кога му тропна на лице, мислам мене ме здоболе, ама он во игра ништо не сеќава. Силни деца се ништо не сеќавааат, нека се челичат.
Вруќаници ли се овие? Имаше температура три дена, можно е да е од неа? Не му се повлекуваат веќе 5ти ден.. Вчера го туширав, и преку ден го измивам баш на вратчето ама не се повлекуваат.
Да така почна. Почна назад на вратче, високо горе на грбчето и рамена, потоа како затоплуваше времево се прошири на цели рачиња, а во засечоците се вцрвува исто и последно назад на бутчиња малку има. Докторката ми рече за сега само со веледа да мачкам по потреба и тоа и смирува, ама пак се осипува на потење. Овде сега е прекрасно без туристи нема гужви ич ни по плажи и затоа поише сега сакам да искористиме искрено. Еве сме во кола пак фативме патот, па ако почне бебла да вреска пак, наредно ќе чекаме да порасне. Spoiler
Сега прочитав убаво дека бараш боди на прерамки има во HM https://m2.hm.com/m/en_eur/productpage.0462435027.html
Мајки, консултација со вас околу температурата дома. Уклучувате ли клима во просторијата кај што си ги чувате бебињата?
Јас да, не се седи иначе, ама ако сум дневна таа во спална работи со отворена врата, ако сум во спална таа во дневна. Јас сум ептен склетџија чоек, во стан од 55м2 2 клими стаив коа се селевме. И лани кога се роди имаше клима. До сега ништо не му било, пу пу, од клима. Од топло имаше вруќаници пред некое време, а дома голичко си седи.
Убаво така, значи сепак не сте во просторијата каде што работи климата. Нас ни е во дневна и по цел ден сум таму со нив, страв ми е да уклучам. Ќе ја уклучам па ќе ги ставам во спална, колку да излади и пак назад. Ама не ми е згодно, неможам да функционирам во спална, па се мислам дали ќе направам штета ако уклучам на 24-25 степени и да дува нагоре. Склет не фати денес и нив и мене...
@Yowannty @koritsaki ви завидувам што можете да користите плажа. Ах се би дала и оваа година да искористиме море. Макар и цел ден да не пливам со бебе в раце, доволно е да седам на плажа и да слушам бранови. Кој знае како ќе биде до август. Уживајте и за нас
Лани пуштав клима, кога синко беше две недели. 26 и нагоре да дува, ке се препородите. Две недели се нервираше синко, кај грчеви, уште жешко му беше.
Јас пуштам клима веќе три дена , не се диши , внатре е пожешко од надвор. Уклучено ми е на 26°, на најслабо да дува и перките нагоре. Голем простор ни е споено ни е дневната со кујната во агол, така што перките се насочени кон неа. Лани кога се роди мали беше баш пекол, пуштавме околу 28-29° дека ајде малецок, ама од нас пак врнеше пот.
Здраво малиот последниве денови како да им шлајмче додека спие хрчка исто така во носето има мрсулчиња жолтеникави и лепливи да кашла да е настинат не е можно е да е некоја бактерија или... Некоја со искуство не ми се носи на лекар со оглед на ситуацијава
Мајки дали и од кога ви спијат бебчињата на меше ? Последниве неколку дена го приметив на успивање упорно се врти, негодува ама мислев од топлото , сабајле го гледам спие свртен на меше. Треба да внимавам на нешто или да го оставам како му е него згодно. За 5 дена полни 8м.
Кај нас беше вака недела дена па извади забчиња. Тогаш педијатарката на тел. ми рече ако е весел, јаде, спие не е ништо страшно, прскав спреј и влечев со аспиратор ама не излагаше ништо.Ако имате и затнато носе ставај кромид до главата навечер
ставај физиолошки или спреј(независно што не излегува ништо) навечер главица кромид исечена на 4 во близина на главчето, може да е и од сув воздух, доколку имате било каков навлажнувач пуштај го цело време. Сепак јави се на педијатар, кај нас беше совет ако трае подолго или се влоши било како состојбата да одиме на преглед.
Мајки бебе е 6 ипол месеци почнавме со дохрана пред 1 месец и плус уште ја дојам. Денес прв пат ја оставив на свекрва ми повеќе време бидејќи почнав со работа по малку.И оставив кашичка да и даде и плус Хип комбиотик, но не сакала да пие.Мислев дека ќе го прифати.Не знам да пробам се некое друго адаптирано млеко дали ќе го пие?
Треба да внимаваш дали знае да си ја намести главата лево/десно, да не се заринува со главата во душек.
Остави го како му е згодно, голем е веќе. Штом сам се свртел во текот на ноќта нема што да правиш. Само можеш да дежураш цела ноќ, што не е логично, нели. Се сомневам дека доено бебе ке прифати адаптирано, па уште и шише ако претходно не си му давала. Пробај да направиш ред со цицање и јадење додека да појдеш на работа. Плус законски имаш право да излегуваш да доиш.