Од шише пие, не е тоа проблем. Чај пие од шише,вода пие.И за тоа мислев дека ќе прифати и адаптирано млеко.
Уште малку полниме 8 месеци. Сакам млечно да воведам. Прво кисело млеко, па урда и сирење. Ме интересира од кое сирење давате?
Нели треба да е несолено сирење,несолено е моцарела. Дали има некаква врска редоследот на млечните продукти,и јас сакав прво кисело млеко,па урда?
Јас воведов кисело млеко и путер на совет на педијатарот на 7 месеци и 2-3 дена. Сирење и урда не сум дала уште, за овие две ми рече само на последната контрола.
Јас дадов прво к. млеко, неколку дена потоа изварок и моцарела. И путер од крајот на 7 дадов. Дома јадеме козјо сирење, па еднаш и отсолив не го сакаше. Изварокот и е омилен и така тераме.
За изварок мислам домашен даваше нели? Или купуваше на почеток? Ја запишав постапката за дома да и направам. Само првиот пат не знам дали да и дадам купечки или директно со домашен. И путер каков да земам, од која фирма? За нас користиме од Кам германски, ама солен е.
Нека спие босо, жешко е. Моиве никогаш со чорапи не спиеле освен ако не носеле шпихозни со стапалца, а тоа беше првите три месеци.
Да од почетокот домашна и давав, но сега ми се расипа дали од топлото и без сол дека ја правам. И зедов на здравје Радово со најмалку сол е. Денес ја проба И ја бендиса. А путер несолен преззидент и давам.
Не знам дали ми е за тука постот повеќе го личи во "доење", но тука повеќе се чита. Додека @Yowannty се жали на хипер јас кукам од хиполактација. Од самиот почеток знаете дека не можам да се пофалам со млеко, но туркавме од преголема желба и труд. Сеуште пијам 1-2 Л чај за доилки и капсули лактил. Пред една недела имав стресен ден и после 1-2 дена забележав видно намалување на млекото. Само трга трга без голтање. Јаде 3 оброци а измеѓу цица. Но сега само трга. Исто ноќе веќе не се буди за цице, а и да стани само ќе ја ставам и заспива. Малку и тоа придонесува за намалена лактација. Како да зголемам лактација? Да нагласам дека од секогаш тешко ми слегувало млекото. Требаше едно 5-6 мин убаво да потрга на празно па да почне да цица. Но овие денови трга и по 10-15 мин а може и да не слезе. Мислев ќе ми доаѓа циклус но ништо и од тоа @Annath ,@Kaetana како најактивни во темата доење, а и други мајки од генерацијата моја или постари нека кажат искуство и начин за повеќе млеко бидејќи искрено сакам да дојам, а и бебе обожава.
Кога бевме со малата во болница таму знаеш колку и каква е храната таму. Видно ми се намали млекото уште 2та ден. Почнав да пиам само сок од јаболко 100% што е. Преполни ми беа градите. Едит:да прашам јас нешто 3м не ја доам веќе, едната града која всушност и прва ја одби уште тече млеко, минимално. Е сега лошо е што ми се залепува и од кога ќе го исчистам ми се прави како рана и течи проѕирна течност. Што да ставам на неа? Што смеам да мачкам? Ова некако ми личи како на габична инфекција
Реално мислам дека немаш потреба од зголемување на лактација, имаш доволно млеко. Ако трга бебето и не се жали, можеби си тече доволно млеко? Нема потреба од дополнителна стимулација, а тоа што не се буди ноќе, мајка ти си среќна коцка. Нема потреба да цица ноќе, дење и е сосема доволно штом јаде три оброци. Самото ставање на града стимулира лактација, нема потреба од лактил веќе. Не е доенче иако млекото е основна храна до годината. Да не си направиш проблем со дополнителна стимулација. @BabyT* мачкај канестен во комбинација со гарамицин. Би требало да помине. Нормално е да имаш уште млеко и покрај престанокот на доењето, ама не знам дали е ок да тече, да прашаш гинеколог. Мене не ми течело само, освен ако ја стиснам градата.
Мене од јогурт и овес значително повеќе ми се полнат градите. Ама штом бебе не се буни, значи имаш млеко. Тоа што не се буди навечер е добитна комбинација. И јас би сакала така, а не сакам да го укинам подојот ноќе затоа што баш цица, не се мази.
Педијатрите сега препорачуваат да ја преспива ноќта без да се буди за млеко. Знам сакаше да кажеш дека ноќе кога цица се стимулира повеќе лактација. Не знам до кога планираш да доиш,ама можеш да пробаш со пумпа да се одмолзуваш,јастака стимулирав лактација. Дали се ефикасни алкиве против комарци? Би му ја закачилана количката за шетање
Мојот почна да спие на меше минатата недела. Ќе полни 7 месеци на 28ми. Го оставам така. Џабе и да го свртиш, паке ќе се врати на меше. Колку ви спијат денски бебињата на 7/8 месеци? Колку пати по колку време?
Претежно два пати,вкупно од двете дремки околу 3 часа. Секогаш му траат различно,еве сега ја тера првата,веќе 2 часа спие,ако поспие уште малце следна нема ни да има. Гледам после 18 ч да не спие за да си легне порано.
Го оставам штом му е удобно, глава врти лево десно па мислам нема проблем. Моето спие 2 пати, во 11:30 и 16:30 по сат ипол до 2, втората е до 18, во 21 го успивам.
Мајки здраво! Ние веќе не сме за тука, на 14ти наполнавме 1 година Синко веќе оди, се постабилен е, па сакам постапалки да направам. Како се правеа потсетете ме, кога, ден нешто дали имаше врска, како во магла ми е од кога правев за синко постар. И ако има некоја рецепт Поздрав мамички
Бебе денес извади прво запче, т.е само ѕирка една петина од милиметар како камче и тропка на лажиче. Ама гледам на местото една минијатурна црвена точкичка, како крвца малку. Дали е тоа од самиот заб, од расекувањето на непцето? Нормално е така?
Zdravo majki. Kakov vi e casovniot raspored preku cel den so 8 mesecno bebe, mislam vo odnos na stanuvanje, obrok, dremki banjanje spienje.❤️