Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.120
    Колкави сте? Мојот веќе 3 недели прави вака слично (7 месеци е за неколку дена). Ќе заспие, после пола саат почнува да вика како да го коле некој, во раце го земам се смирува, да го ставам во креветче вришти (засипна од викање)... Па ќе презаспие некако, па после 50 минути пак.. и така од 8 до 12 кога врзува сон до 6. А некогаш станува и измеѓу. Ако ми веруваш, толку многу вика, што и кога се туширам ми се причинува дека плаче..Преку ден е супер, ама а дојде време за спиење почнува журка.

    Зошто ова е многу нетипично однесување за моето бебе кое спие само во соба и од 3 месеци спие врзано по 8/9 саата, нити регресија сме осетиле во ноќно спиење нити скок и се јавив на матичната зошто бев убедена дека нешто го боли.
    Она ми кажа дека им се случува хаос во мозочињата на оваа возраст, почнуваат да сонуваат, сфаќаат дека мајка им е посебна личност од нив, дека може да се одвои од нив. Плус заби вади.. Некои деца овој период го поминувале потешко. Изглеа нашиве деца се меѓу овие.

    И ми даде сугестија колку и да е тешко да пробам да се држам до тоа што го правиме, а тоа е да спие сам и да не заспива со цицање. Ние зошто имаме мал брачен кревет, јас го враќав во креветче цело време од страв да не го згмечам. Така да, немам некој паметен совет освен :hug:, ќе помине. Растат децата.

    . Еве, прв ден денес спие саат ипол, не вриснал. Стискаме палци да прошла фазава..
     
    Последна измена: 23 мај 2020
    На bela.m, Larahappy и Kaetana им се допаѓа ова.
  2. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    @KuklickaSk 8 месеци направи пред една недела ама ова трае веќе месец.
    Читав статија дека баш како тој периодот - 7/8 месеци. Претходно на 4 месеци а следно е на 18 месеци.

    When it comes to development, 8-month-olds are doing a lot. At this age, many babies are learning to scoot, crawl, and pull themselves up. Their language skills are also rapidly expanding as they understand more and more of what you’re saying every day.

    Демек заради ова се случувала таа регресија.

    Сѐ што треба е да се издржи, да се стиснат заби и да се тешиме дека нема да трае вечно (иако овде вика од 3-6 недели).

    Сепак би напоменала дека воопшто не се согласувам со твојата педијатарка дека не треба да се дои во тие моменти или дека не треба да спие со нас. Ако има мака во тој скок на бебето му треба близина за да совлада препреки со кои се соочува. Мислам дека скокови во развој не се вистинско време за ние да "не попуштаме" ко демек бебето намерно плаче за нас да нѐ изигра и изманипулира за да спие со нас или да цица. Ако цица и те како би нудела да цица (и тоа и го правам).
     
    Последна измена: 23 мај 2020
    На incepalacince и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  3. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Кога бевме на ортопед јас го прашав за крцкањето на коските во тој дел ми рече дека е сосема нормално тоа. :)
    По колку количински ти јаде бебка ? Мојот е јадач, на ручек 200-250гр сигурно јаде, а кога давам од ноќните креми на хип по упатство не му стига, му правам сега со 200мл па се двоумам да не е многу за оваа воздраст. 8м сме од денес.
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    И јас ова го прашав за количината.
    Ние сме 9 месеци и 2 дена. Повеќе од 190 грама оброк нема изедено. И тоа ретко ги дојадува. Околу 160 и е просек. А за кашите до скоро со по 90 мл АД млеко едвај ги јадеше. Од пред некој ден конечно зголеми на 120 мл со 2-3 лажици инстант креми. А убаво напредува, весела е. Сигурно не е многу по јадењето. Ама и 5-6 пати цица, и надополнува.
     
    На kitty.m му/ѝ се допаѓа ова.
  5. kitty.m

    kitty.m Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    493
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    И моево цица 5-6 пати, цица сега пократко од претходно ама си викам поголем е па побрзо влече и побрзо се најадува.Весел е, добро спие си викам гладен сигурно не е :D
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.878
    Пол:
    Женски

    Толку јаде и мојата , 200-250 грама :) ние сме 8,5 :) епа добро женски фала ви , се имав исплашено нешто да не е со коските, зошто нема примано витамин Д воопшто, па викав да не има некоја врска
     
    На Presrekna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.160
    Допаѓања:
    6.525
    Пол:
    Женски
    @Мариаа. само да те поздравам. Дефинитивно е регресија и кај нас. Бебе никад немало проблем со спиење/заспивање. Од старт е многу добар спијач. Ова прв пат ни се случува.
    Го избањав, облеков, средив и му го дадов последното млеко за добра ноќ како и обично..............и еве сме у дневна...си играме на земја......
    Не сум навикната на вакво нешто. Утеши ме жити се. Не знам дали имам живци...Или, мора да имам?:sweat:

    Едит: Се мислам да не го боли нешто? Многу нетипично за него се однесува...
     
    Последна измена: 23 мај 2020
    На bela.m, incepalacince, Мариаа. и 3 други им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.120
    Ноќеска после 12 ни почна журката.. Се надевам истово му се дешава порано зошто ако пак е исто на 8 месеци кај ни е крајот. Инаку да, почна да лази (во круг врти сега за сега) и се крева.:yawn::yawn:
     
    На incepalacince и Kaetana им се допаѓа ова.
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.323
    Допаѓања:
    28.120
    Најверојатно не го боли ништо мајка. Голем развој во мозочето се случува.
     
    На The Unicorn му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.217
    Допаѓања:
    13.679
    Пол:
    Женски
    Женски знам дека секое бебе е различно, но јас се загрижувам.
    Пишав порано дека скоковиве не ги сеќавам кај бебе по апликацијата.
    Сега читам кои вештини треба да ги има постигнато и не ги прави па сакам да ги прашам генерацијава 9ипол месеци дали ги прави овие работи нивното бебе:
    Покажува нешто ако е валкано,
    Ги имитира другите што прават,
    Прави смешни изрази во огледало и се смее,
    Игра пик а буу со помали деца,
    Бара од мајка/татко да му пее песничка,
    Не гали, само мава,
    Не кажува баба, мама, тата... Само ееееее, аааааа, маааа, тааааа, ама повеќе му е како играчка не дека знае што вика туку си испушта звуци. Поголемиот дел си ќути, а мал дел од времето знае и да писка само.
    Не заигува на песна само ја гледа и не мрда.

    Исто имам приметено дека не секогаш се врти на своето име и го фаќам неколку пати како си ги гледа дланките, а негде прочитав како не е добар знак?
     
    На koritsaki, MilaSs12 и Presrekna им се допаѓа ова.
  11. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    И на друга мајка и имам пишувано дека стар педијатар жена години во пензија ( која редовно сеуште следи СЗО и оди на предавања) со која редовно контактирам уште за синко ми велеше дека границите за бебе се многу големи. Може меѓу иста активност кај различни бебиња да има и месеци размах.
    Не треба да се споредува бебе со ниедно друго нити со братче/ сестриче макар и близнак.
    Баш синоќа се слушнавме и прво што ме праша дали те следи со поглед додека се движиш по соба, дали се врти на звук или обраќање, дали се обидува да плеска со ракчињата, дали се обидува да имитира гримаси или звуци. Кога на се одговорив со да ми рече имаш здраво право бебе за возраста. Дека некои на 9 проодуваат, а некои сеуште лежат. Се тоа е индивидуално. Најбитно е да разбира. Другото е до гени, моторика, вежбање.
    Немој да се замираш и читаш. Само си правиш притисок.
    На другарка бебето на 9 месеци ползаше и викаше мама. Моево не полза и нема викнато мама, тато. Испушта звуци на-на, те-те, брррр но тоа не значи дека нешто не е во ред
    Од друга страна моево пред 2 месеци сама се спушта од кревет и стои покрај троседот неколку минути, а сега веќе почнува да шета лево/ десно но кратко.
    Исто како за тежината. Кога и спомнав колку е висока и тешка ми рече не е воопшто битно. Важно оди во плус макар и грам и см. До година кг а понатака см се битни. Еве споредбено со генерацијата наша бебе е најситна. Нема ни 70 см. Некои на 5-6 месеци веќе се толкави. И ние не ги среќаваме скоковите И репресиите. Рачунај пред 15 год кога немавме вакви информации, ни интернет ни ништо, само едно списание кога абер немав ни за скок, ни за регрегресија или табела на исхрана, па Еве имам здраво право 15 год момче.
    Ако ептен те мачи поразговарај со педијатар, макар што вака се изгледа убаво како што пишуваш.
    И бриши апликации. Гледај го И љуби го бебушот.
     
    На bela.m, Magic13, koritsaki и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Septemvri

    Septemvri Популарен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2018
    Пораки:
    2.538
    Допаѓања:
    9.895
    Пол:
    Женски
    Многу убаво напишано...посебно последната реченица:l:
     
    На bela.m, Мариаа., Kaetana и 4 други им се допаѓа ова.
  13. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.937
    Допаѓања:
    18.838
    Пол:
    Женски
    Ние можеме да ти пишеме дека се е во ред или дека не е, ама прашање е дали тоа ке ти ја смири психата?
    Јас кога би се сомневала во нешто, би отишла на лекар. Ако имаш можност, оди на приватно. Има добри педијатри во Систина и Ремедика. Оди и на второ мислење.
    Јас лично сум презадоволна и од ортопедот. Се е како што кажа он. Тој вели, ако нешто не е како што треба, со вежби и многу работа ке се среди. Не ги споредувајте со децата на комшиите, следете совети од доктор.
     
    На Kaetana и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  14. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    Стимулирајте го детето, зборувајте постојано. Имитирај му звуци на животни. Не е страшно, мало е ама убаво е да се стимулира :)
    И за што да го носиш детето на доктор?
    Што ќе кажеш на 9м не зборува?
    Не го влечи никаде. Само игри, зборување и ако пушташ песни нека бидат на македонски.
     
    На Presrekna и ocicka2014 им се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    25.037
    Пол:
    Женски
    Мојов го боли, вади двојки.
    Ама знам кога е болка, ептен плаче.
    Не верувам дека твоето го боли нешто, освен ако не плаче без престан?
    Мојов си станува лабаво да си дремеме во ниедно доба.
    Многу лошо не дрма регресијава.
    Баш читав околу 8 или 9ти месец е.
    Ќе помине, тоа ни е утехата.
    Среќа па нема некој скок дополнително сега.:whew:

    Лошо е што поради неспиењево не можам да функционирам.
    Денес клучевите од кола во фрижидер си ги најдов :)
    :bug:
    Нема уште долго да трае, да чуваме живци за подоцна.
    :hug:
     
    На SINOLICKA_123, FreeMind, Presrekna и 3 други им се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.069
    Допаѓања:
    108.878
    Пол:
    Женски
    Никогаш не се водете по тоа како и што прават др деца. Вчера исто се замислив , се сретнав со една жена што често ја гледам и нејзиното дете е поголемо од моето месец ипол. Ми вика еее моето збори мамо тато, станува и прави по некој чекор. Станува збор за 9 ипол месечно бебе. Моево (сега 9 месеци ќе прави на 17 јуни) освен што некогаш ќе прави чао со рачето , од другово ништо) ама се замислив и си викам грешно е да го споредувам со др деца , со големово не можам да ја споредам, а не па со останатите :D некое порано ги прави некои работи, некое покасно. Големата ќерка на 9,5 месеца шеташе околу масата држејќи се, ова абер нема :D
    :*
     
    На KuklickaSk, MilaSs12, Kaetana и 3 други им се допаѓа ова.
  17. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.502
    Пол:
    Женски
    Имам едно прашање кое ме мачи. Вонреднава состојба и тие времени мерки којзнае до кога ќе траат. Многу од нас на 1ви јуни ќе почнат на работа. Ќе цитирам еден стар коментар на каетана
    Мене ме секира што со бебушките кои цицаат. Тука се споменува дека има некој закон со кој жените може да излегуваат од работа еден саат за да дојат. Јас со тоа воопшто не сум запознаена. Знам кумата излегуваше од работа пола сат и кога ја прашав рече да ти следува ама тоа да се договориш со работодавецот. Може па и да не ти дозволи :^) еве некоја мајка од поголемките бебушки да каже. Јас млеко кравјо на пр не би дала. АД млеко не ми пие и ништо од цуцла не пие. И не знам како ќе биде
     
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    14.771
    Пол:
    Женски
    Би требало да добиеш еден саат на сред работно време за да идеш да доиш и да се вратиш, законски навистина следува, сум читала по закониве. Само повеќето се договараат со газдите, наместо на сред работно време да излегуваат, работат 1 саат помалку. Ќе го побарам законот и ќе го пишам.

    Едит: После искористувањето на отсуството работничката која го дои детето, а работи со полно работно време, има право на платена пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, во кое време се засметува и дневната пауза. Тоа право го има работничката до наполнета една година возраст на детето. (линк)
     
    На Kaetana, marchi-cool и KuklickaSk им се допаѓа ова.
  19. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    692
    Допаѓања:
    1.506
    Пол:
    Женски
    Кај мене на работа го одобруваат ова , има една колешка која си оди дома порано , но тоа е само еднаш неделно. Нели е правилно според тоа што сме осигурани на 40часа неделно , тоа да важи за секој ден ?
     
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.984
    Допаѓања:
    14.771
    Пол:
    Женски
    Детето еднаш неделно цица? :D За секој ден важи тоа, не ја гледам поентата зошто само еден ден е.
     
    На Kaetana и KuklickaSk им се допаѓа ова.