и јас така мислев особено дека беше цело време бос тој период, еве сега залади, носи чорапчиња(а и повеќе е седнат) па му се смири кожата. Не мачкав пудра, само веледа за тело со невен 2-3 пати.
Многу паметно. А некои мајки уште да кажат дека само си брише газе на 8/9 месеци... Не знам кога ќе сфатат/сфатиме дека растење деца не е натпревар.
Пред некој ден му извадивме крв на малото за проверка и излезе дека железото му е на граница. Се чув со матичната и ми кажа дека е очекувано да им паѓа железото зошто после 6 месец се трошат резервите кои ги имаат од мајката. И ни кажа да даваме 6 пати неделно месо, телешко. Споделувам, за да знаете да проверите крв ако не сте провериле одамна. Во Авицена го однесовме во сабота, немаше никој и ептен пазат на заштита.
Добро утро мајки. Пишав и во мајчински, ама да соберам памет и од тука. После 7 месеци одгледување на близнаци, овие три дена ми покажаа што значи ненаспана мајка. Ама, сама си го барав, признавам. Од сам старт бевме по цел ден и за спиење во дневната. Така ни одговараше просторот во зима. Кога беа многу мали си спиеја во едно креветче. Кога веќе им беше тесно, едниот остана сам во креветчето, а другиот со мене си пуштавме гарнитура. Пред неколку дена, сместивме две креветчиња во спалната, и не само тоа, богами во секоја соба сторивме некоја измена. Првите две ноќи, бебето што спиеше со мене на гарнитура си спиеше исто како досега, си ги преспа ноќите без проблем. Сношти не беше така. Плачеше и вриштеше и одвај го смирував. Другото бебенце, уште од првата ноќ во спална (си спие во истото креветче) често се будеше, кенкаше и се чудеше. Сношти како да се поднавикна малку ама плачот да другиот батко го будеше. Не сме имале ваква ноќ. Јас неможам да функционирам. Бев способна да си ги гледам сама цели 7 месеци од причини што бев наспана, преспана мајка. Додека направат килажа ги будев на секои 3 часа во текот на ноќта, потоа си преспиваа цела ноќ со само едно будење, а еве веќе скоро 2 месеци ниту за еден оброк не стануваа. Дајте ум, дали променава им скрши ред или нешто друго е во прашање. При крај сме на 5ти скок, дали можеби на тоа се должи. По термин за раѓање, би имале 33 недели, а реално се 26 недели. Глупаво ми е прашањето знам, кој би знаел од вас дали размештајот или скокот е во прашање, само сакам да споделете искуство. Сепак, мислам дека додека е порано, да си се вратиме на старо. Советувате мајки, јас останав без ум.
Може ме прочита погоре, период им е на многу промени во мозочињата. Држи се до тоа што го правите ќе се навикнат. Само не им менувај пак. Мојов на 3 мај почна да прави така (26/27 недела), после 20+ дена, те пред 2 вечери се врати на старо и спие пак цела вечер (се надевам пројде периодот). Трае подолго, ама поминува. Викни помош од некоја баба некоја вечер. Ние со едно едвај издржавме, тек со две.
Бела, кај моево се наруши сонот кога почна да вади забчиња, на 1ви мај изби првото,пред една недела и второто. Сега се подсреди. Инаку 33 недела е. Провери ги непцата
Фала ти Софи на советот и споделеното. Едното близначе на 8 мај извади прво, на 16 мај второ забче. Тогаш не беше вака кенкав навечер. Другото бебе каде и да е треба да избие прво забче кај него, непцата се набабрени. Ама па тој си спие како претходно, само вчера вечер плачеше. Што викаш, може од забите. Али, веќе од сношти е подобро. Едниот си спиеше цела ноќ, другиот што е поосетлив, стана неколку пати али далеку посмирен од претходните ноќи. Како и да е, оде на подобро. Се надевам ќе се вратиме во нормала. Морам да издржам и да им го наметнам овој ред, ако од сега ни диктираат како да биде, маф ни е работата Кукличка мислам ми пиша оптимистички дека ќе се среди за ден-два. Мислам дека ќе биде работа. Мислам... Фала девојки
Мајки бебе е 6 ипол месеци.До пред 2-3 недели спиеше скоро цела вечер,само еднаш стануваше за да цица.Овие две недели се буди секој два часа, и морам да и дадам да цица за да презаспие,а не е гладна и сака да биде до мене не сака да спие во креветче.Незнам дали е некој скок ова или едноставно така е навикната веќе
Ти благодарам многу Искрено и јас се чудам како летна времето, исто како вчера да ми се милна во прегратки. Најубавиот момент Да ни се живи и здрави само
Здраво жени, како сте? Ај да си прашам и од генерација и од поголеми бебчиња, како ги заштитвате од удари и слично? Зборувам за babyproofing. Значи мојава лази и се фаќа на се се исправа и нормално дирек во кабли, жици и ивици. Животот ми се скрати. Веројатно има во Џамбо нешто за затворање фиоки ама дали има за ивици од мебел?
Бебетo 7+ сега е вo фаза на застанување вo пoлoжба за лазење и се клецка за кoлку време би требалo да пoчне да лази?
Мојата е веќе месец така ама некако абер нема а и не мора да пролазат, некои деца не лазат туку директно се подигнуваат и ќе почнат да се држат и да одат..ама за ова рано е
Моето така веќе 2 месеци и никако да пролази онака класично. Се трга и турка. А веќе се тргне да се исправува факајќи се за работи. @Mia Fuentes и @Мариаа. Од каде земате такви штитници? Секаде бебе ровари. За миг ќе се свртам и сите фиоки се отворени и пола работи надвор. Синко беше бубалче во споредба со ова ѕвере. Да прашам може не е за овде ама мислам повеќе се чита темата Јагоди не се даваат до година заради алергиска реакција или дека се тешки за бебешкото стомаче.? Бидејќи вчера ја оставив со синко на тераса. Во принцип многу убаво ја чува. Ништо не и дава за јадење без моја дозвола( сепак е дете и тој иако е 15 год) . Но имам јагоди засадено на тераса и сега раѓаат. Тој си набрал ги измил и јадел. Таа толку жално го гледала и и дал да проба. Неколку пати со лажиче и дал. Немаше никаква реакција. Цело време ја следев. Органски се јагодите освен што ги наводнувам ништо друго не им ставам.