Сваќе од Џамбо јас земав. Ама може и во поголемите маркети да најдеш. Јагодите се сметаат за алергени. Ама ете ако нема реакција до сега, ваљда не е ништо. Малце лапнала најверојатно, не е страшно.
Јас ги залепив плакарите со лепак што не става траги, а ќошовите не ми се заштитени, масата ми е заоблена, други агли немам. Според мене, и ако се удри, џабе е силиконот, ке го боли од самиот удар во дрво. Кога лази јас сум постојано до него, ако имам работа го ставам во хранилка или креветче.
Нас рано ни е за користење заштита на фиоки и такво ствари. туку јас сакав да прашам,тие мајки кои се водат по книга (оти наназад имаме дискутирано дела да многу е можно дете да се одгледува по книга) да ми објаснат што да правам за детето наутро да не ми станува многу рано. секој ден 6:15- 6:40 сме на нога тоа што јас не можам очите да ги отворам е друга приказна. Навечер за цицање еднаш станува некогаш ниту еднаш Заспива 20-20:30 а преспива еднаш 2ипол сати или два пати по сат, сатипол
Мојата некој ден после клацкањето така, пролази. Нема гајле досега штом не јавило реакција, уживај Инаку штитници освен Џамбо видов и во ДМ, ама од тие силиконските немаше.
Се зафркаваш? Ќе го наместиш ти твоето како да падне. Секој удар и пад е различен. Некогаш баш кога мислиш дека ништо не му е, повеќе се повредило. И јас немам штитници, затоа што ги вадеше. Ама твојот муабет е колку да се каже нешто.
Мајки , јас уште не можам да ја одвикнам од цице ноќе. Не знам на повеќето вас како ви успеало. И давам цуцла кога гледам дека отвора уста и бара (а затворени и се очите ) , ако не и дадам почнува да плаче. Цуцлата повеќето пати ја плука и пак шири уста. Јас полека полека сакам да престанам колку можам со подоите општо , да не е толку често поготово за ноќе , ама не ми успева. 2-3 пати сигурно се буди. Ако не и дадам ни цице ни цуцла , ми е страв да не се разбуди. А па и со цуцливе лажливки имам страв да не и се искриват забите и ја давам преку ден и ете преку ноќ кога ќе заспие. Ја прашав докторката ама не ми даде некој јасен одговор , демек да крати и ги подоите навечер, давај и цуцла и толку. А и преку ден што ми прави , ќе почне да ме влече по блузата да отвора уста ако не и дадам, плаче За две недели 9 месеца ќе биде
Еве моево на 9ипол месеци сам престана да цица ноќе. Се жалев тука дека со месеци ми станува по 20 пати ноќе и цица. Ама имаше скокови, пробиваа заби. Сега наеднаш почна да ја преспива цела ноќ, ако се разбуди мм му става само цуцла и продолжува да спие. Периоди имаат, ќе смени и твојата. Посебно кога избиваат забите, цице им е најголема утеха. Ние од цицачи станавме нецицачи. Сега се молиме за цице. Само ме каса и ја врти главата. Лажливката па они навечер и не ја цуцаат кујзнае колку,па да се искриват заби. Бебе мое само кенка за цуцла,му ја ставаш и за минутка ја плука. Ќе смени преку ноќ буквално, ќе преспива и нема да бара.
Ако се чукне при станување на ќош боли, ама ако зарие одозгора, што менува? Плус, не секогаш ке се удара на ќошови, така да сите рабови се лоши.
Девојки, излегоа единиците доле. По некое правило сега треба горните единици. На мали му е набабрено непцето кај тројките доле,можно ли е да излезат?
Рано е за тројки. Прво се единици или двојки (ќерката изваде прво двојка па единици).. па после година дена се четворки. И тек после се тројки. Па на крај петки. Четворките, тројките и петките се ужас, особено тројките. @koritsaki кај нас е многу поужасно навечер. Цица по сто пати. Без цицка се буди и вришти. Само така се смирува. Бидејќи почна да прифаќа да цица лежечки спие пак до мене и појма немам колку пати цица навечер. Ама ми се чини дека е ко на инфузија. Лично не би кратела со форсирање подои, ќе си дојде тоа постепено. Но како и лазење, исправување, проодување, кај секое бебе во свое време (кога ќе е спремно). Затоа ме нервираат констатации од педијатри/ортопеди/мајки/свекрви дека на комшиката бебето на оваа возраст прави тоа и тоа, или не цица ноќе, или спие толку и толку. Кога ќе е психички спремно бебето, самото ќе си покаже. Со форсирање воопшто не му помагаме.
Тоа е сосем нормално легнување и станување. Здраво , пред се. Така и треба да продолжи. Мојот е 2ипол скоро. Уште легнува околу 9. Се случува инцидентно да легне и покасно, ама не повеќе од 22ч. Секогаш е буден до 8 најкасно.
првото дете прво стануваше во 9 после во 10-10ипол досега со велев ајде бебе е нема фатено ред ама штом станува во исто време а легнува во исто секој ден значи има некој ред. Имам пишувано во темата за деца според мене за дете пред 8 сатот е рано за станување. Ќе видиме како ќе се одвива понатака. Следуваат забчиња скокови.... и јас сум со тој ум. Постепено да менувам рутина малку покасно да го заспивам. среќа што тоа е здрав начин на спиење и добива квалитетен сон. Во право си. До 21:30 часот е во ред заспивање. Пред 2-3 месеци заспиваше 21-21:30 а стануваше во 8 ама скокови заби и се си игра улога
Толку саати бебе може да спие и јас сакам 12саат да ми соие ама нема Јас го легнувам 10:30-11, станува 9. Го тренирам за шеткање летно време сакам така и да му остане спиењето. Не сакам да испаѓаме без него на гости или на шетање навечер.
Има врска должината на спиењето на бебето. Некои спијат 12часа,некои10,некои8... Пробај легни го еден саат покасно, еден саат покасно ќе ти стане