Мене сега ми е значително полесно од кога беше 2 3 месеци. До 3 месеци израсна во раце, грчеви имаше и беше страшно. Откако почна да лази е полесно, си лазам со него, сега откако е постабилен само седам до него он оди, лази, се игра. Дури и млако кафе пијам.
Здраво женски. Се жалев дека слабо ми пие вода малиов ( за некој ден прави 8м ) Кога почнавме со цврста храна, да го оставев ќе го испиеше цело шише (авент ) од 120мл со вода. Почна да сака да држи сам,па му купив со силиконско клунче, пластично шише од дм. Тоа не го сакаше -еднаш само измолзено млеко од него испи,за вода нејќе да чуе. По одреден период не сакаше да пие вода ни од авентот. Реков ај чаша да купам да пробам (пластичната Canpool Baby) Му беше интересно две недели пиеше, па преку ноќ порасна и почна да ми ја бутка раката-демек нејќам! Овие две недели буквално дали 20мл пие вода се со бутање,со молење. Со лажичка некогаш успева( пола у уста пола у врат) некогаш и таа ми ја бутка. Ајде да биде интересно му ставив во чашава со пиле (керамичката) не упали ни тоа. Со шприц мм му пикаше и тоа пола у уста пола у врат. Пробано на гладно, за време на оброк, после оброк, преку ден, навечер (не сум пробала уште навечер во спиење) Дете се бори како отров да му даваш. Пробав малку вода од компот од слива и вода-не сака Пробав вода и мајчино млеко, да мисли дека е млеко-не сака Пробав со црвеното шише со обична цуцла-не сака Пробав со стаклена чаша мала, голема, средна- ја тегне сака да ја јаде. Се напнав многу, 7-10 дена има проблем со какање, тврда столица ,а прво што прочитав е од недоволно внесување на вода. Инаку цица 3-4 пати на ден,ама што знам,вода си е вода Ве молам кажете ако знаете некаков начин да го натерам да пие вода или кажете ми дека е период и ќе помине *вечерва од нигде никаде гледајќи го дедо како пие кафе испи 40мл од шишето авент. И тоа беше со играње со цуцлата,си ја врти низ јазик,ја гризе...
И мojава вoда не пие ама не гo сфатив тoлку сериoзнo тoа, се тешам дека си цица, чаjче некoгаш пие... Се пишуваше на фoрумoт дoдека цицаат не е страшнo...
Веројатно му е само период и ке му помине. Не дека е за утеха, ама моето мах 20 мл пие на ден а некогаш ни толку, вода внесува преку цицањето и храната. Кога ке се затопли ке пијат повеќе.
Ние сме 12+ и мoјaвa уште нит вoдa нит сoкoви нит чaеви пие. Уште си цицa и знaм декa не е жеднa тaкa. Незнaе oд шише, ни oд чaшкa сo клунче, oд чaшa сака aмa oд мoјaтa шoљa хaхaхa
Ни мојот не пиеше ич. Исто се пробано + и магична чаша од ова што си навела. Се гадеше, се засркнуваше... Последниве неколку дена почна да пие по 20мл дневно и се радувам зашто и тоа е напредок кај нас. 40мл никад не ми испил. Ќе пропијат кога - тогаш.
Не се замарај. Ние имаме 3 оброци и плус ужинка па пак вода не пие. Не го форсирам. Кога ќе сака, тогаш.
Веројатно дури цицаат нема да пијат. Истото го поминав/врвам како тебе, па ко ќе ми ја турни раката... Единствено ми успева да пие од мала стаклена чаша, значи најобична за возрасни Исто ко шо рече ти, кога не гледа нас како пиеме и бара од таква. Е сега мора двете да ја држиме ама ќе почни и сама некогаш. Битно на жешкото нешто малку прима.
@Sofi.ja не се грижи воопшто, повеќето бебиња не пијат вода воопшто. И моево пиеше вода 6-7 месец, сега почна да ја гризе таа чашката со клунче на Нук, повеќе си игра отколку што пие вода. Кога ќе порасне ќе пие без да одбива, сега дека пијат млекце па се заситуваат. Јас и купив од Nuk нова ама баш ко чаша magic cup 8+ ама не знам како функционира еве ваква е За тоа што не може да кака, си давала сливи до сега?
Давам сливи 2-3 пати неделно. Оваа недела дадов и свежа круша,утре задутре пак ќе дадан да видам дали од крушата му беше тешко. Откако пишав тука пред некој ден се среди и каката. Фала ви на сите за советите за вода
Јас имам ваква само на Munchkin плус има рачки од страна. Мојата сакаше вода, ама не прифати ни шише, ни клунче, се мачев со лажичка ама не е тоа работа. Па почнав да и давам со нормална чаша, моја, и така си пиеше ама и доста се засркнуваше оти наеднаш знаеше да повлече поголем млаз и на крај и нарачав magic cup и од 8ми месец си пие од неа супер. И сега како затоплува се повеќе вода пие.
да за жал и кај нас е така во фирмата но за тоа ги теретат жените кои се со законот дома со деца до 10 години. Бидејќи тие се на терет на фирмата а треба да се плаќаат и да седат дома. исто исто исто... Згора на тоа неќе ни да седи ни во дубак ни никако и се само нервозни сме,и тој а Бога ми и јас. Јас па се си мислев поради забчето кое ни избива. не знам јас тоа регресија во спиење кога и како се јавува и такве ствари ама знам дека пред да почне 7миов скок дремките ми ги намали на два пати или некогаш само еднаш ама подолго ама затоа па ноќта си ја преспива ретко ептен да закемка,а и тоа кемкање не е за цицање ама знам дека само така ќе заспие побрзо без да се расони и тој и јас. Се прашувам што ли ќе се случи во 44та недела кога и е обележано громчето. Околу пиењето вода нема шанси. Ама како и сите претходно што пишавте и ние сме така со чаша обична од која пиеме ние или некогаш му давам од мало финџалче,нудам после секој оброк и така 2-3 голтки ако тргне. Се сеќавам еден ден бевме на ливада на шетање и беше топло тогаш од пластична чашка да не речам се препи вода. Се виде дека беше жеден со оглед на топлото и башка цицаме
Мајки ај ко поискусни да ве прашам. Можно ли е да добијам 2 мес после породување?!? Два пати до сега имам бледо розев исцедок на бришење,а лицето ми се исфрли со неколку акни. Дојам иначе.Други симптоми за добивање немам. Извинете за офф,ама не знаев каде да прашам.
Јас како падобранец да ти одговорам. Зошто да не е можно? Нема врска доењето, јас добив после 3 месеци и нешто, дојам уште.
Фала женски. Некако ми е врзан во крпче фактот дека дур се дои не доаѓа циклус па се изненадив.Не ми личи дека е,ке пратам ситуација.Имам и термин на лекар следна недела. Се извинувам уште еднаш за офф-топик.
Мислам дека има ваква тема. Јас добив 8 месеци по пораѓај, сеуште дојам активно. Има мала промена, пократко ми трае циклусот, не ме боли стомакот ама ми доаѓа на 35 дена во просек. Претходно доаѓаше на 28.