Деновиве кога е жешко, за дома синко е облечен по боди и панталони тенки. Еве денес е ладно и носинпамучни тренерчиња и боди со кратки. Во куќа сме и не е баш топло, кога ке се преселиме во станот ке видам како ке е. Има огромна разлика од куќа до стан, изолација, дали е на север собата итн. Водете се по себе, следете го детето. Синко се поти кај брковите ако му е жешко.
Дали е во ред да стагнира со тежина на 8м бебе? До сега напредуваше и повеќе од потребното,пишував во темата за напредување,а последниов месец дали 100-200 грама качил само
Да, нормално е. Ако е весело бебето, ако нормално јаде, пие и полни пелени, немај гајле. Поактивни ке се, во висина ке одат, битно не е во минус. Ако качува по 500 постојано, колку ке има до годинка? Не е поентата дебело дете, туку здраво и среќно дете.
дома цело време ми е на боди или оние целосни по кратки, повеќе ми беше муабетот за шетање надвор облечен е во дводелни комплетчиња + боди на прерамки ама повеќе е во количка па одма се поти на грбчето.
За надвор и јас уште му облекувам боди на прерамки, уште времево е многу променливо. Ама во топлите денови и за надвор по боди на кратки ми беше облечен,доле тенки тренерчиња.
Овие денови мојот уште не почнал да се оросува по главата од топло, затоа надвор носи боди на прерамки под маица со кратки и доле е со кратки панталони. Кога фати топлиот бран пред 4 недели, тогаш беше по шпикозни со кратки ракави и ногавици, без боди одоздола. Така ми е најспастрен, а и најлесно за облекување, зашто не обожава преку глава да се облекува.
Да ве прашам ова 7миов скок како стоите со јадењето? Ова моево цица многу појќе од претходниве месеци да не речам скоро како новороденче. Таман реков да се пофалам дека навечер цела ноќ ја преспива овие 2-3 дена си станува 2-3 пати обавезно. Од јадење каши исто сме ама цицање во е зголемено. Градиве почнаа пак да ми се полнат тече ли тече млеко од сите страни. За облекување ние спиеме по боди на долги и долни пижамки за дома боди на прерамки и маичка на кратки а за надвор сме по боди со тренерка бидејќи многу дува деновиве инаку ако нема ветер сме само со боди. Долу сме со тренерчиња на долги ретко на кратки бидејќи како што кажав често дува овде
Како спиете ноќе во спална откако затопли? Ноќеска течеа води од мене, дека и косата ми е многу густа и долга, башка склетчика сум - жива вода бев. До лани ова време веќе спиевме со отворен прозор цела ноќ ама сега не можеме од бебе. Дали да оставам барем на кипање, може ли да направам беља? Она немирно спие и се открива, а нејзиниот кревет е најблиску до прозорот (10см поблиску од мојот де, ама пак е прва таму). Не знам, не сум паметна ама не се трпи на моменти. Може и дека бев во ПМС, да можев од кожа ќе излезев ноќеска.
Синко спие во боди, памучни пижами и тенка вреќа за спиење. Кога е претопло отвараме прозор. Ролетната е спуштена секако, ама воздух циркулира.
Исто и јас претходната ноќ вриев од жештини Се осетив како лани ова време кога бев трудна и револтирано го буткав ќебето. Мм стана до вц,јас го доев бебето и му реков да отвори прозор малку, ама не дуваше директно во него. Сигурно и на него му е топло,го наоѓам откриен
Ни работат уште хормоните, на моменти стварно се осеќам како трудна дур бев. Ноќеска отворив кип демек ај малку ама сум заспала и сега станувам, ние двете покриени со ќебе, во спална преубаво свежичко малку влегува, дури и она уште спие а обично е будна од 6.30-7 Изгледа и годело
Не им се смета свеж воздух, ама ако ти е шубе да не ја дува директно, отвори во друга соба прозор и со отворена врата. Ние така спиеме. Во дневна отворено, стига свеж воздух до собите.
Лани ова време која мојава беше баш бебе многу пожешко беше од сега, а и мене со доењето постојано ми беше жешко. Спиев со скроз отворен прозор, ама мене креветчето на малата ми е на спротивниот ѕид од прозорот. Имаме и друг прозор над нејзиното креветче, тој не сум го отворила од кога е родена.
Дали со некакво средство ги дезинфицирате бебињата? Имам дезинтал дома,мислам дека е без алкохол,се мислам дали да си претурам во шишенце за бебе. Сега откако затопли или ќе му соблечам чорапчиња да му се ладат ноџињата,или по шорц е. И штом сретнеме некој познат одма го фаќаат ,го шлапаат по нозе со изговор : "само што ги измив/дезинфицирав рацете". Мислам каде со тој памет,прво и да нема корона,треба да побараш дозвола од родителот дали смееш да ја пипнеш таа нежна бебешка кожа, до скоро имавме проблем со лишаи,ало несовесни Би користела средство ете за ноџиња бар,кога не можам да се разберам со луѓево,ама не знам колку смее
Не. Одма биди строга. И за време на пандемија ли бе? Ако видиш дека иде да го прави некој тоа чудо, одма изреагирај. Ако немаат осет, ич да не ти е гајле. Ова во нормални услови ми е фуј, не па сега. Какви луѓе еј.
Јас ставам 50-100мл дезинтал во кофа,полнам вода и ги потопувам играчките. После плакнам. Во градинка вака ги дезинфицираат со тоа што не ги ни плакнат. Имам тетка што не го видела бебево откако е родено. Ај 40 дена,ај болна беше ,па оздраве таман купила алишта фати корона,се извинив не примаме гости. Се смири малце со вирусов,купила нови алишта ме моли дојди земи ги и овие ќе му бидат мали додека се видиме. Ок ајде,мерак и е да го види детево отидовме во двор на кафе. Теткава разбрана,не се поздравивме,држиме дистанца,од далеку го погали на ноџе (тргна накај раче ја одбив) Братучеткава,која инаку има дете скоро 2г. Му го зима на мм од раце малиов,дај ми го пиј си кафе јас да го прошетам. Одам по неа дај ми го вода ќе пие,ми го граба шишето јас ќе му дадам,овој бутка не сака, зима чашата она што пиеше вода (од чешма) да му дала. Тука ми се споија жичките си го земав и го седнав на трева на ќебе да си игра. Оваа е од оние "шо корона,нема корона". Не знам колку пати ми пререче зошто не сме оделе кај нив,какви сме биле,сме се плашеле они немале корона. Викам може ние имаме?! Значи кај ти е осетот,воздржи се од коментари кога гледаш дека некој мисли спротивно од тебе И јаготка на шлагот едно мвах сочно во пределот на глава-врат. Ебати короната,ќе се одродиме со луѓево ќе почнам у пм да терам Извини се распишав,ама морав да се искажам
И вирусoт кoга не беше бoлни, раскашлани деца каj нoвoрoденче нoсеа...и штo да им кажам?? Самo намернo пред маjката пoтенцирам Леле штo убавo кашлаш, пиеш сирупче (дете кo дете незнае да лаже вика даа).... Штo пoише oд такви луѓе