Пишувавте пред некој ден кој како е облечен за спиење. Моево е 8+ дали можам да му ги соблечам чорапите за спиење (за ноќе) ? Гледам едната си ја соблекол сам ноќеска и нон стоп го бутка ќебето. Беше облечен по боди на долги и тенки пижами. Претходните ноќи беше испотен кога го земав за цицање (боди на кратки,горна и долна пижама), сега не беше, значи облекава му е таман изгледа,ама се мислам за чорапите, јас и мм ни зимно време не спиеме со чорапи Друго што сакав да ве прашам, што да очекувам од 8 месечно бебе да знае? Што да го учам? Кога пееме тапшин тапшин,некогаш плеска со рацете,некогаш не. Некогаш ќе му речам ајде браво ,плеска со рацете,некогаш не. Го учам чао со рачето, исто некогаш мафта некогаш не.. Кога ќе сме дома сами, го прашувам каде е тато, (татко му ќути) мали се врти накај него и се смее-демек еве го. Последниве денови и со играчките почнавме дај на мама, дава. Му кажувам како прави кучето,мачето,кравата,козата... Знае за цице,за цуца Не знам колку далеку да одам со учење,колку може да впие сунѓерчето од 8 месеци Што знаат вашите бебиња?
И мали ми е 8ипол месеци. Спие на боди на презрамки, маичка на кратки и надолу тенки панталонки без чорапчиња. Од кога го расоблеков да спие на кратки ми спојува 6-7 саати без да стане за цицање, онака ми се будеше на 2 саати, ваљда од жешко. А дома не ни е многу топло, околу 22 23 степени.
Мајки читав и по интернет но сакам да слушнам и ваши мислења. Што од храна дававте на вашите 6 месечни бебиња. Од 4 месец почнав да воведувам кашички. Уште ја дојам, но гледам дека од цицање не се најадува. Се прашувам дали да и давам адаптирано млеко, дали смеам да и дадам тетрапак млеко. Ваш совет?
од кога е родена спие без чорапи а родена е на сред зима, кога е вака топло пизамчиња на кратки и нагоре и надоле покриена со тенко кебенце(често се открива) Јас секогаш тргам од нас спиеме со чорапи на топлово па макар и зима?Не Плус склет бебе имам
Мајки, ние сме скоро 6 месеци ама ќе пишам тука, поголеми бебиња имате. Имено, бебе мое не знае од шише да пие. Купивме и со клунче онакво силиконско, ништо. Се лигави жива вода се прави и се засркнува. Од скоро имаме оброк и мора малку вода да пивне, вчера ме извади од памет со какањето, вриштеше додека се искака, прв пат ни се дешава ова. Денес со лажиче демек да му давам, пак плука. Водата ми беше во шишенце ама без горниот дел. Кога се запна го тегне бебе да пие директ. Додуша и непцата си ги чешкаше, ама и испи изненадувачки вода, повеќе од сите други методи. Дали е безбедно од чаша да му давам, вие кога почнавте?
Големи се шансите да вади заби. Со лесно, и јас го поминав истото со синко. И сега не јаде ама со молење успевам да дадам 250 грама. Исто и синко. Му давам директно од јана со цуце. Евентуално од цуцла класична ама му стискам јас.
Тетрапак имам роднини исто од 4ти месец кои даваа, но јас не би препорачала. Мојата е речиси 1 година, баш прашував за тетрапак, и добив исти одговор од сите мајки тука Не! Тетрапак евентуално после 1г или 1.5м Најдобро би било со Ад млеко. Но прашај си го и педијатарот најдобро. @Cherry333 Мојата уште од шише не пие. Абе не знам што не купив. Шишиња, чашка со клунче, магична чаша на Нук... И пак со лажиче и давам. Супер ако ти пие од чаша, уште подобро. Можиш и убава пластична чаша за деца што е од неа да и даваш. Нема штета за забите, а и да падни нема да се скрши.
Јас од чаша и давам пластична да пие, 9 месеци денес правиме, почнав со чаша од 8 зошто почна да си игра со чашата со клунче си ги триеше непцата него ли што пиеше вода
Има во бебе хоме чаша за учење 6+, едниот дел горе е повисок да не се прелева водата кај носот. 300 денари е. Ако сака да пие од чаша, давај му помалку на бебе така. Јас исто почнав од чашка кога сме дома помалку да го учам, иако пие и од шише.
Чашките со клунче не се препорачуваат затоа што прават одлозување во развојот на орални вештини и правилно поставување на јазикот, уште малце ке прави 8м пие од чашка( плука на сите страни се прави водена цела но пие)
Ние сме у фаза "сакам само да седам во кревет, не сакам да лежам" веќе 1 недела. Секое легнување се крева едно 30 пати за да седне и паѓа од смеење. И за дремки и навечер. Јас го враќам, он пак исто се додека не се комира од умор. Треба ли да го оставам да сфати сам како да се спушти за да пројде побрзо фазава?
А ние сме у фаза сакам да се вртам на меше додека спијам Неколку ноќи по ред,кога е малку подразбуден, подстанува , ме погледнува, се врти на страна и тргнува да се сврти на меше. Но, тука застанува, телото свртено на страна а главата ја врти скроз и ја пика во душек. Мајка нормално ,одма паничи да не се угуши со уста и со носе пикнато во душек И така прави додека не му дадам да цица па убаво да се успие Не знам дали е фаза, дали е скок, дали е поврзано со заби, со лазење,седење...ама стресно е, не сум спиена ноќеска Инаку деновиве се потпира на лакт странично од лежечка позиција,а со другата рака се фаќа за тренерки,се обидува да седне.
Ќе помине. И мојот така правеше и јас како тебе 2 ноќи дежурав и го вртев, па го оставив и сега се на стомак спие.
Здраво/чао кога и викам за здраво пружа раче, за чао мавта. Сега ја учам за браво раце да плеска и ставам играчки и ја прашувам, каде е пеперутката/Шарко, мачето, ги знае се врти ги зема во раце и со прст понекогаш поикажува спрема нешто. И вика бабаба мм и зборува грчки исто и на нив за чао им мавта. Тоа од прилика на 9ти месец @Мариаа. ние имавме за првата ќерка слична проодувалка од Фишер прајз ама само играше со неа стискаше на копчињата, за проодување не ја искористи воопшто
@koritsaki @BabyT* Фала женски. За сега ми беше мене, ама ако стои како играчка подобро да не ми смета и тоа дома.
Ја поминавме таа фаза за спиење и сега спие на меше или на страна свртен. Секое мое будење го ѕиркам како е свртен со носот и устата и дури и кога јас мислам дека е залепен за оградицата (палам моб за светло) и гледам дека пак си има простор. Навечер спие по боди на кратки и тенка вреќичка, без чорапи е од пред 2 месеци.