Бебето е научено да заспива со цицање, затоа се буди. Во текот на ноќта има циклуси на спиење после кои сите (и ние возрасните) се будиме. Бебе кое е научено да заспива со помош (цуцла, цицање, нишкање) кога ќе се разбуди од секој циклус на спиење, не може само да презаспие, и ја бара истата помош како првиот пат кога заспало. Плус, на 8 месеци има и регресија во спиење. Решение е да пробате да ја научите да заспива сама.
I mene isto me interesira nie sme 10 ako mozi da pisi nekoja majka Dali meguobrocite mu davate mleko onie sto ste na AD?
@*Dariceto* @SINOLICKA_123 на ад сме 9ч млеко 12ч појдок 15ч ручек 18ч вечера 21ч млеко измеѓу оброци не пие млеко во текот на ноќта пие еднаш ама осекам почнува да не дрма регресија 8м да се надополнам ужинка нема
Споделете некој совет како да се научи бебето само да заспива Еве јас пробав.. само да бидам до неа... па да ја галам.. да ја држам за раче.. да ја оставам сама во соба.. и нема шанси Без цицање или цуцла и нишкање не заспива
@*Dariceto* @SINOLICKA_123 И моево е 7 месеци, на мајчинo e. Значи ова се' отприлика: 7-7:30 станува, може да цица пред да стане некогаш. 8:30 доручек 9:30 цица па спие 13 цица па спие 15:30 ручек 16:30 цица па спие 20 цица па спие Во текот на ноќта се буди неколку пати, некогаш цица некогаш не. Планирам полека рyчекот да го поместувам порано, за да има вечера околу 6 понатака.
И јас незнам како да ја заспијам без да цица.Мојата па не сака ни нишкање, во раце нема шанси да заспие.
Навечер се буди еднаш или два пати Дење ни е хаос Ке заспие па после 20 минути се буди, па ајде па цице Па дури тогаш може ке поспие 1 или 2 саати
@haruki По колку мл пие насабајле и навечер млеко. Кај нас е сличен распоредот, со тоа што јас и меѓу оброци нудам млеко. На ад сме и ние.
Кај нас е вака 7 станува пие млеко, околу 9 спие, 10- 10 ипол доручек, 12 -12 ипол спие, околу 14 ручек и накај 19 млеко и во 20-20:30 заспива и пред да си легнам накај 23 му давам во спиење млеко зосто не се буди преку ноќ до сабајле
Јас сакам да прашам дали можам да и воведам на ќерка ми кравјо млеко? Има 9 месеци и ја дојам освен што јаде цврста храна. Ама не за да пие , туку ете да и потопам бисквити па да јаде така или сутлијаш да и направам. Има и млеко без лактоза , можеби такво е подобро да земам?
@koritsaki давај формула најсигурно ти е. Кравјото никако не е за мали бебиња. После 1 година можеш ако сакаш, ама пак и тогаш е подобро да почнеш со козјо оти тоа е најслично со нашето. Кравјо покрај другото може доста да ја расипе крвната слика.
Долг процес е учењето само да заспие и бара многу трпение. Пробајте прво легнати до бебето, гушнете го бебето, нека има цуцла на почеток ќе заспие. После некое време вака (2/3 недели) префрлете го во креветче и вие над него стоите додека не заспие. После неколку недели ќе го оставите само во креветче и веќе веројатно ќе знае што да очекува треба заспие. Можете и побрзо со методот на оставање на детето да плаче додека заспие, така за 3 дена ќе научи ама тоа не е за секого. (јас никогаш не сум правела така). А може и да продолжите да го заспивате како до сега, па кога ќе биде спремно само да заспива ќе покаже само.
Дали ако се случи да прескокне оброк, го давате подоцна или скроз го прескокнувате? На пример ми заспива во 1ипол-2 баш кога треба да руча. Да дадам ручек кога ќе се разбуди во 3ипол-4, и нормално да продолжам со вечера во 6? Или да прескокнам ручек и да дадам вечера? Многу брзо доаѓаат оброците еден после друг, не знам дали се оптоварува желудничето ако се поблиску. Ги менува дремките пак, и се случува вака да ми напраи, па не знам што да праам..
3ипол не е доцна за ручек. Некогаш ако се успие и јас му давам тоа време. Не би прескокнала оброк. Иначе и ние менуваме дремки, и се некако ми изгледа дека ќе остане на една дремка. Има енергија несака да спие, а ако заспие за пола саат е спремен за журка. А баш се надевав дека после годинка ќе смени.
Нашиве ко договорини се исто тераат. И кај нас така со дремките. Едвај пола саат се. Вчера се случи првата да ја тера 1 час и после за втора ич не и се спиеше. Го дадов ручекот во 1ипол, демек да не ми заспие порано така ме зафркнуваше деновиве, таа полна енергија до 3 и нешто беше. Задрема едвај пола час. Ама ноќе почна околу 9 да ми заспива. Со 2 дремки од саат и саат ипол заспиваше после 11.