Во врска со бесни бебушки моето е пргаво од коа е родено а како расте се повеке...спие во креветче тоа ти е лупање во ограда и се во делот кај со нема заштита( не ми е блиску до спална) вртење, претање не мирува ни кога спие...ако ја легнам на спална без бубрези останувам, она не е плачливо бебе ама е бесно за две. 8+ сме
Без паники, некој промени не забележуваш кај детето, штом не ги спомна. Сега обавезно консултација со ортопед или педијатар да ти каже што понатаму. Не ги прекинувај, туку прашај.
Мајки помагајте,си дојдов од работа и сакав да и дадам да цица,но бев испотена и ги измив градите со гел за туширање.Пробав да и дадам се трга,можно ли е да не сака да цица повеќе
Епа може од гелот. Избегавај да ставаш да има градата природен мирис, на тебе. Измии се пак и пробај.
Пробав се истуширав и пак не сака, не е ни многу гладна ама никогаш не се е тргала дури и кога е најадена.
@BabyT @KuklickaSk @Мариаа. Мајки, во ред било Точно сум давала според килажа, иако педијатри препорачуваат малку помали дози, но ладно беше, повеќе време дома и плус со килажата дозата се совпаѓа.
Може да дојде до предвремено затварање на фонтанелата. Во понеделник директ на ортопед. Не прекинувај, намали ја дозата овие два дена.
Со оглед на тоа што не се будат нешто премногу, оставете ги децата да си ги искажуваат своите потреби. Јас лично сметам дека на бебиња кои се уште мали и не знаат да манипулираат треба да им се одговори на потребите. Макар биле потреби за мало гушкање и милување во 3 саат сабајле. Мислам дека откако видов истражувања дека бебиња кои се оставени да плачат кога се учеле да спијат (cry it out) или се игнорирани од мајките кога плачеле и сакале нешто имаат значително повисоки ниво на кортизол (хормон што се лачи при стрес) решив дека бебето ми е мало кратко време во кое ќе дозволам да "ми се качи на глава" што би рекле некои. Имаме време за учење работи и секако самото ќе ми покаже кога е спремно да преспива само. https://themilkmeg.com/an-argument-for-the-comfort-breastfeed/ И слободно давајте им да си цицаат и за заспивање и за утеха. Нема ништо лошо во тоа. Напротив, колку повеќе се одговара на потребите на бебињата толку понезависни стануваат во животот, затоа што им се гради самодоверба затоа што знаат дека секогаш можат да се "потпрат" на некој.
И јас сум против тоа бебињата да се 'дресираат'. На бебињата им треба љубов а не режим. Да, целосно е зависен од мене и јас не можам да отидам никаде на раат затоа што одредени рсботи само мама може да ги направи. Пред некој ден го оставив на чување, најаден, му оделе по кеф цело време ама цицка си е цицка. Уште не сум свесна кога помина една година. Додека да трепнам ке наполни една година, а мене секој момент со него ми е малку.
Моето искуство со првото е баш така. Никаде не можев да одам, башка имав бебе кое не знаеше да пие од шише, ниту од лажичка, сакаше само да цица. И цицаше после "подолго" (јас би рекла нормално време) и како тодлер. Сѐ имав слушнато. Дека ќе е зависна од мене, дека ќе биде патолошки поврзана, дека нема да биде самостојна... Понезависно дете од неа (и додека уште цицаше) немам видено. Да, како бебе беше залепена за мене. Ама па тоа време ми летна пребрзо. Порасна, почна да ја интересира светот околу неа, се впушти во истражување храбро. Затоа што знаеше дека сум позади неа ако ѝ притребам. А веќе има студии кои кажуваат дека несигурностите во животот потекнуваат баш од моментот кога мислиме дека немаме поддршка и сме сами на светот. Ова и со кортизолот беше тема на документарец Babies на Netflix. Вреди да се погледне.
Исто и моево,кога му се спие и ќе го земам да го успијам ме мава,се врти како шпагета,ее превртува на стомак,паѓа надоле со главата...и го оставам малку да се измори, бројам до 10 и идеме јово на ново,па ќе заспие. Има 8ипол месеци,лази интензивно наназад,се ролова како палачинка, се држи на меше ,поточно на папоче и се врти за 360 како на лизгалише Последниве денови кога ќе падне од седната положба од 90°на 45° се научил сам си се крева пак на 90,а ако падне скроз со лактот се потпира доле,а со другата рака се фаќа за тренерките и пробува да стане. е ова уште не е навежбано Откако го ставив во дубак (пред 2 недели) ептен ги зацврсти ноџињата,сега кога го држиш допрен на под убаво стои со цело стапало. Секое дете прима различна доза на д3, без оглед на фирмата
Потполно се согласувам со тебе. Тоа мало суштество е беспомошно и ние мајките сме му се на светот. И јас не сум за она научи го да ја преспива ноќта. Па тоа не е предмет, ќе го програмираш И готово. Не, не, не ...тоа има потреба од близина, заштита, прегратка, а сето ова го добива преку цицка. Јас верувај уживам во таа нејзина потреба од мене. Макар и во 3 во ноќта. Секогаш на готовс да одговорам со гушкање. А за тоа со зависноста имам читано дека доени деца до поголема возраст не се врзуваат за мајката ( иако навидум така изгледа) напротив тие се посамостални и со поголема самодоверба во животот. Синко е 15'год и сеуште бара топлина и близина од мене. Што се вели и јас сеуште ја барам мајка ми, а камо ли бебе од неколку месеци- кои може на прст да се избројат. Добра ноќ
Мајка мене педијатар ми ја зголеми дозата пред месец на 5 капки Пливит. Пред недела бевме на контрола ме праша пак за капките и не ја намали. После патронажната беше во посета и рече да не се многу 5, да се јавам и да ја прашам. Јас упорно поминувам со раче да видам до кај е , не му е затворена, ама сега од сонцето може побрзо да се затвори.
@Presrekna @Kaetana Јас не сум имала таков случај затоа што детето ми е 'спанко ' и спие добро од 3 месеци со по едно или ниедно будење. Не цица ноќе од 6 месеци и сега и да стане одма презаспива. АМА, имам другарка на која синот до 7 месеци и се будеше буквално на 2 часа за цицање. Секоја вечер. 7 месеци. И откажа телото од неспиење. Стана нервозна цело време и ни денски ни ноќе, не стануваше со радување дека еве сега ќе се гали со бебето. Реши да проба cry it out, 3 дена детето плачеше по 30 мин на заспивање и толку. После 3 дена едвај чека малото да оди да си легне и си заспива само и спие дп сабајле. Мајката сега е среќна, одморена, му посветува дупло повеќе внимание, не е нервозна. Сакам да кажам, не се сите како вас. И вие не сте како некој друг. И јас да имав бебе што се буди на 2 саата да цица или ќе полудев или ќе пробав cry it out. Во секој случај немаше да бидам среќна мајка, а нервозна мајка баш добро и не одговара на потребите на бебето. Некој може да живее без спиење подолг период, јас не можам. Затоа, сметам дека штетата направена со 3 дена плачење е многу помала од штетата и за мајката и за детето од постојано плачење. Затоа не треба да ги осудуваме мајките кои се решаваат на тој чекор. И не е тоа толку страшно колку што се прикажува. Има и истражување баш сега спроведено во Англија дека оставањето на детето да плаче не остава последици во неговиот развој.
Мое бебе до пред да наполни 10 месеци стануваше секоја вечер по минимум 10 пати. Значи минимум. Некогаш може станувал и 15 пати. Некои денови се губев буквално, не знаев каде ми се клучевите, заборавав што и каде е. Идев и плачев од немоќ додека се туширав. Не полудев, ама секогаш бев тука за него. И сега кога е во нешто несигурен или се плаши, а е далеку од независен за разлика од кога беше новороденче, он плаче и ме бара. Немора да е само навечер. Преку ден ако се држи за нешто и гледа дека му е високо да се спушти одма плаче и ме бара да го задржам. Сметам дека се' додека има потреба од мене, било каква и колку и да ми звучи и изгледа банална ќе бидам едноставно тука и нема што да го' тренирам' за било што. Ќе биде независен и нема да му требам како сега. Го болеше секое едно пробивање на заб,го мачеа скокови, регресии. Учеше секој ден нешто ново и имаше потреба од мене. Не пробав cry it out, па еве го веќе две - три недели спие цела ноќ, се смири.
@Мариаа. мојата сега така станува 2-3 пати за цицање и милион пати за ништо. Паметам кога со @Yowannty , @Septemvri , @Mia Fuentes скоро кажувавте дека ноќе заспани лазат, седнуваат.. . Сега ние сме сред скок бидејќи 8 дена пред термин е родена. Ноќеска слезе покрај кревет, да не ја сетев ќе прошеташе низ куќа. Од креветче сама доаѓа на спална, лази, преживува, а мижи, спие. Затоа сум тука. Ќе издржиме мајки! @KuklickaSk потполно разбирам што сакаш да кажеш. Имам искуство со бебе неспијач- синко буквално од 2 месеци не заспа преку ден-беше феномен во градинка, а ноќе стануваше1908284637292 пати. Се до 4 год. Но секоја мајка одлучува како со своето бебе. Ова бебе со исклучок на неколку вечери еве како сега, е права спанка. Одкако е родена ја преспива ноќта, ама и доколку беше како синко не би ја тренирала. Ама не ги ни осудувам или сл мајките кои пробале cry it out. Тешко е не се издржува, ама тоа е. Вчера во микрото топлев вода за АД млеко за каша. Кога даде звук дека завршило, јас во фрижидерот ја барав водата.