Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.438
    Пол:
    Женски
    @SINOLICKA_123 да не и даваш оброк непосредно пред спиење? Тоа исто може да и направи мака. Меѓу оброк до спиење гледај да има бар повеќе од 2 часа.

    Иначе мојава има дијареа од к.млеко и моцарела. А од готови инстант млечни каши мака нема, не знам оти така. Сега не знам уште е мала па немам воведено кашкавал и сирење, ама има шанси и на тоа да реагира.

    @Presrekna не знам дали бесна е термин што може доволно да го опише бандитов мој. (facepalm) Абе не мирува. Не ме тепа, ама почна да ме каса. Не знам како да се справам со тоа. И велам не и ја тргам, или јас се тргам, ама таа тоа го сфаќа како игра, се смее и пак доаѓа по мене со отворена уста ко зомбичка. Имам неколку модрици по нозе и стомак, па и боли до срце. :worried: Стварно не знам како да постапам. Не прави секогаш така, туку во периоди кога збеснува од досада и веќе не знае што да праи.

    Седнува самостојно од 7ми, во 9ти веќе си седеше стабилно. Се исправа сама и прави чекори, ама со лазење до нигде не сме. Знам дека нормално е да ја прескокне фазата скроз, ама мене би ми било ептен мерак да пролазе. :wasntme: Е сега таа никогаш не стои во место, никогаш не ја наоѓам кај сум ја оставила се тегне по под, се турка сегде оди, ама не е тоа класично лазење. Со главата бута по под. (facepalm)
    Ортопедот и невропедијатарот ми рекоа дека граден кош, врат и раце се доста развиени уште во 8ми месец, и дека следна фаза е нозе да развива, ама еве не знам зашто така прави.. ко да се влече.. :?:

    И дај кажете некоја играчка. Мојава веќе ништо од играчки не ја интересираат, ни коцки ни кругчиња за редење, само со кутивки од играчки или креми си игра. (facepalm)


    Едит. Сме пишувале исто време со пресреќна. Мојава уште така прави. Ноќе почнува да се врти и превртува и на крај ќе седне со затворени очи. Јас ќе пробам да ја легнам па ќе заплаче. Па ќе ја земам а таа уште со затворени очи и продолжува да ми спие во раце. Ќе ја почувам 5 мин и ја враќам во креветче. Праеше одвреме навреме, а деновиве ми прави по 2-3 пати ноќе вака.
     
    Последна измена: 27 јуни 2020
    На Mia Fuentes, Sofi.ja, koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    12.942
    Пол:
    Женски
    Пак ќе пишам. И јас вчера пишав дека не лази профи онака класично. Се турка И тегне И никогаш не е кај ја оставам. Сега седната може на газе да изоди 5-6 метра, а со "лазење" Цела куќа. Не можеме ништо на сила. Самото дете си прави што сака. Ве гушкам И двете
     
    На Mia Fuentes му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Не е само другарка ти, има милион мајки кои имаат "решено" ситуација со cry it out. И сигурно ќе се најде барем едно истражување кое го поддржува.
    Јас имам многу прочитано кои кажуваат дека бебето не се учи да заспива само. Туку се учи дека џабе плаче, затоа што НИКОЈ нема да дојде да му одговори на неговиот плач.

    Е за мене како родител таа помисла ми е многу пострашна отколку да живеам 7 или 8 или 10 месеци со будење на 2 саати навечер. Затоа што будењето ќе престане. Ама менталниот склоп на бебето и начинот на кој му влијаам ќе остане.

    Ама се имаме научено од околината да очекуваме дека бебињата ТРЕБА да спијат преку вечер. Дека нешто не е во ред ако не спијат. Уште па кога ќе чујам такво нешто од педијатри од такт се вадам. И после како мајки се нервираме на будење затоа што сметаме дека нешто не е во ред со нашето бебе.
    Проблемот е во нашите очекувања. Како сме наштимани. Како околината
    ни влијаела и ни дала слика за тоа каква мајка треба да сме, или какво бебе треба да имаме.

    Јас лично живеам во будење на саат време, некогаш и на 40 минути веќе 3 месеци. Претходно се будеше на 2.5 саати. Од неговиот 6 месец се буди цело време. Сега е 9. Три месеци ми се без грам сон. А кога тој спие преку ден на мене, јас не можам да спијам затоа што имам уште едно дете дома на кое му треба внимание. Ама кога ќе влезеш во играта дека тоа Е ОЧЕКУВАНО и воопшто НЕ Е ненормално, тогаш ќе си многу посмирен. Поспокоен. Не се нервираш.

    Од умор да, ме фаќаат нервози, и знам еднаш во месецот да се исплачам во 2 сабајле. Ќе се олеснам, ќе ми помине. Како и секоја мајка која се фрустрира за нешто.

    И стварно верувам дека будењето не е за да ме нервира мене и за да ме гњави да не спијам. Едноставно му треба некој. А според мене (се надевам не звучам безобразно) обврска како мајка ми е да сум тука за него.
     
    На PoisonGirl, rainbowmama, bela.m и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Изгледа само мојов лази како луд. Ја не знам како може. За 5 секунди од една до друга соба иде. Пребрзо лази. Ама па затоа ништо друго не го занима.
    Играчките така си дремат, само ќе ги растури и не ги погледнува.
    Од сабајле до вечер само лази, се качува да се држи за нешто и така стои. Ништо друго.
    Ептен има една играчка што може да го задржи фокусиран 2 минути и тоа е. Навечер уште знае да седи така, ама после си ја зема цуцлата и продолжува да спие.
    Најново што прави е да стои неколку секунди сам без да се држи, па му се затресуваат нозете и паѓа. На последнава контрола ортопедот ми рече дека после 2,3 месеци од лазење и стоење ќе прооди, плус е тоа што така се труди да стои.
    Нит сум го 'паткала' нит ништо од тие глупости. Се' ова сам си го учи со тоа што е нон стоп на земја.

    За тепањето јас и мм двајцата надвор кога ќе не видат мислат се тепаме дома.
    Веќе некои модрици ми пожолтуваат гледам деновиве.
    Мали силеџии бе. :)
     
    На Mia Fuentes, PoisonGirl, Larahappy и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.979
    Допаѓања:
    14.758
    Пол:
    Женски
    Супер што издржуваш.
    Јас правев cry it out, и 100% го поддржувам. Не е за секого, со тоа се согласувам. Јас не мислам дека е во ред да станува бебето на 40 минути, ниту јас би го издржала тоа со месеци, особено не откако почнав на работа.

    Мора сите мајки да разберат дека нема правилник за чување деца. Да имаше супер ќе беше. Не си ти подобра мајка зошто не си спиена 3 месеца. И да немаш две деца, физички ќе страдаш од несоницата, а не плус домашни обврски и две човечиња што имаат потреби постојано. Не можеш да кажеш дека ти е супер. Амам издржуваш. Одлично, супер. Таа мајка што не издржала си бара чаре. Постојат и студии што кажуваат дека подобро е за детето да научи (зошто спиењето е научена вештина, исто како лазење и одење) да спие што порано, зошто квалитетниот сон помага во развојот. Три дена плачки во споредба со месеци на скршен сон (и за бебето и за мајката) за мене се многу помал проблем. И јас не викам дека сите треба да воведат тренинг на спиење со своите деца. Ама тие што се одлучиле на тоа не се помалку мајки од оние кои стануваат на секои 2 саата.
     
    На haruki му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Убаво си пишуваш во еден дел дека "имам две човечиња што имаат потреби постојано".
    Една од тие потреби на едното човече е и земањето и смирувањето кога се буди навечер. Simple as that.

    И можам да кажам дека ми е супер. Затоа што ми е. Идеално нема. Нема ни да има. Играње желботека кога си родител е малку невозможно. Не велам дека мајката треба да е жртва за своите деца, по цена на нејзината среќа. Но, малку треба да размислиме кои се нашите очекувања како мајки и од каде доаѓаат. Среќата во животот како и (не)задоволството потекнуваат од нашите очекувања.

    Имам читано студии дека бебиња уште од 4 месеци треба да спијат заради формирање на нервите во мозокот. Ама имам повеќе студии читано дека честото будење е и еден природен начин на превентива од СИДС. Да не зборам за студии и документарци кои како што пишав директно мерат ниво на кортизол.

    И не се работи дали се три дена плачки. За мене лично, се работи за пораката што му на праќам на моето бебе.

    Исто убаво си викаш - спиењето е вештина која бебето треба да ја научи. Исто како одењето, лазењето. АМА кога ќе е самото спремно за тоа. Буквално исто како лазењето и одењето. ;)
     
    На Larahappy, Мариаа., bela.m и 5 други им се допаѓа ова.
  7. The Unicorn

    The Unicorn Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2018
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    6.518
    Пол:
    Женски
    Хахахаха се смеам кога те читам зашто потполно исти работи прават со мојов. Лази спринт, сегде се исправа, оди со проодувалката низ соба. Исто ниту сум го паткала, ниту го учев нешто. Најново и кај нас е што стои по неколку секунди. И тоа го приметив, се држеше со една рака за маса а во друга држеше нешто, јас му подадов играчка и он ја пушти масата да ја земе играчката. Неколку секунди, ама сепак:) Ново е исто што научи сам да се качи од земја на гарнитура. Не ми се веруваше. Се мачи, ама успева :) . Нас ортопедот уште пред некое време ни посака среќно проодување:lol:
    Кога ќе месиме (читај ќе нарачам:rofl:) постапалки? :):dance:

    Бацка до другарчето:*
     
    На Mia Fuentes, Makedonka007, Мариаа. и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.319
    Допаѓања:
    28.106
    Секако дека сите знаеме (барем се надевам дека знаеме) дека детето не го прави тоа намерно.

    Она што сакам само да го кажам е да не ги осудуваме мајките кои се решаваат чекор 'sleep training' заради х причини затоа што сигурно не и е лесно на ниедна мајка која го прави тоа.

    Сигурно и тие исто го сакаат детето како јас и ти што ги сакаме.
     
    На haruki, Spidy и Presrekna им се допаѓа ова.
  9. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Само они нека се пуштат да идат, зошто како рингишпил се вртам околу него секој ден. И таму каде што мислиш дека неможе да дофати, ти го докажува спротивното.:ninja::bandit:
    :hug:
     
    На Makedonka007, KuklickaSk, Presrekna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.931
    Допаѓања:
    18.825
    Пол:
    Женски
    Целосно, ама најцелосно се согласувам со ставовите на @Kaetana.

    Последните неколку дена станува за едно цицање ноќе. Од на два часа, на 11 месеци си намали на едно.

    Синко лази како луд. Како стуја ми е детето. Почна да пушта по 2 3 чекори од едно место до друго ама често му фуфка и си лази.
    Умее да клекне, да падне на газе, да се задржи со раце, целата моторика околу станување, лазење, седење и исправање му е испраксирана. Сега се обидува да се исправи кога стои на сите четири ама има уште за вежбање.
    Мислев ке прооди порано ама синко периодов учеше како да паѓа без да го боли, супер се снаоѓа и задоволна сум од неговиот развој. Не сум доктор за да проценам со сигурност ама доста читав и тоа е тоа.

    @Yowannty зошто сте оделе на невропедијатар? Кај нас нема таков преглед, кај вас редовлно ли ги праќаат бебињата?
     
    На Kaetana и Presrekna им се допаѓа ова.
  11. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.545
    Допаѓања:
    184.438
    Пол:
    Женски
    Не. Ниту ортопед, ниту невропедијатар е пракса. Дури и на ортопед се праќа само доколку педијатарот примети некаков проблем. На двете контроли бевме ради мое инсистирање. Се почна откако бебла почна сама да седнува на 7 месеци од лежечка положба, тоа го правеше некако чудно и исклучиво на едната страна. Потоа јас почнав да читам онлајн, изгледав милион видеа на јт со бебиња и не најдов ниедно исто. Па почнав да го читам дневникот што и го водев и само забележував што сум запишала околу нејзиниот развој и однесување и онлајн се нешто ми даваше некои синдроми за што бев извадена од памет. (facepalm)
    И за да се смирам ја однесов на дополнителни контроли. Се испостави дека се е во ред. :D
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    @Vanessa9li
    Фала мајки. Ќе одиме на преглед. Ама 90% сум сигурна дека правилно постапував. И според килажа и неизлиженост ич на сонце.
     
    На Vanessa9li и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  13. Makedonka007

    Makedonka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2017
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    2.469
    Ве читам што пишувате стално, иако немам време за долги постови, сакав накратко да ви напишам и да ви се заблагодарам... Кога се осеќам тажна, нешто не сум направила како што треба (барем јас така си мислам), преморена, желна за разговор со луѓе итн, ја отворам темава и ве читам, за секое мое прашање вие веќе сте одговориле. Веднаш ми олеснува!!! Сфаќам, затоа сме тука, поддршка, добронамерен совет.. И да само Мајка може да разбери друга Мајка.
    Во посакувам убава вечер :hug:
     
    На flower30, bella.gk, Lisicko и 5 други им се допаѓа ова.
  14. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.068
    Допаѓања:
    108.863
    Пол:
    Женски
    Мајки да знаете што ни се случи овие 5-6 часа, воедно и ми треба ваше мислење. Се си беше нормслно со малава денес,јадеше приквечер к.млеко и отидовме да шетаме со количка. Пред да стасаме дома , почна да кашла, ко да и смета нешто, дури и се насолзија очите, како нешто да ја дави, и додека стигнеме дома поврати 5 пати. Отидов кај свекрвами , ја бањаа , поврати и кај нив 3 пати и кашлаше без престан. Се јавивме на докторката ни рече во болница да ја носиме. Таму не прашуваа да не голтнала нешто, викам не, јас цело време ја гледам секако, се нормално си беше сето ова оддеднаш почна. И таму кашлаше малку посмирено, и мереа кислород, ја прегледаа се и се си е нормално, ни рече можат да и направат рендген на б.дробови ама ај да не ја малтретираат, ако пак ае влоши да ја донесеме. И дома дојдвме, цицаше, заспа, моментално пак почна да кашла и немирно спие. Што да кажам ,не знам што може да е ова , се случило ли на вашите бебиња нешто вакво.
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    9.449
    Допаѓања:
    18.700
    Не знам што е,со помин да е:hug:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    19.068
    Допаѓања:
    108.863
    Пол:
    Женски
    Оф леле дај боже.. не знам што е ова еве пак спие и ја тера да кашла. Ќе спобудалам да ти кажам, а мора се нешто за викенд да се случи :@
     
    На Sofi.ja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mia Fuentes

    Mia Fuentes Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2019
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    2.161
    Пол:
    Женски
    Исто и ние! :muscle::muscle: Ни дубак, ни црно паткање па ене стигни ја кога лази. Најнова играчка- да ги вади заштитните силикони од ивиците8-|
    Цуцла повеќе не сака, рачунајте сега навечер мора да ја крламе, пееме и се по ред:angel:
     
    На Мариаа., MilaSs12 и Presrekna им се допаѓа ова.
  18. bela.m

    bela.m Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2015
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Сега те прочитав. Како сте денес генерацијо? Те молам кога ќе имаш време пиши, искрено ве мислам.
     
  19. BabyT*

    BabyT* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2019
    Пораки:
    4.517
    Допаѓања:
    17.622
    Пол:
    Женски
    @koritsaki како е малата? Дали може реакција од полен?
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    14.608
    Пол:
    Женски
    Кој колку си го сака детето, не навлегувам. Тоа е една скроз друга тема во која не се ни осудувам да чепнам.
    Мое не е да судам никому. И нормално е да имаме различни сваќања и пристапи како родители.

    Но, зошто ако споделам нешто што некому не му одговара да го чуе/прочита, одма се мисли дека се суди.
    А сметам дека имам право да споделам мислење / начин на справување со проблем. И колку да не му се допадне некому нештото. Сепак сме тука да размениме искуства, што сме прочитале, што сме истражиле.
    И стварно не би сакала да треба да пишувам ко да "газам на јајца" за некој да не се пронајде и да се повреди или да се почувствува осуден.
    На крај, кој што прави дома и каква одлука носи, си е негово. Но кога би се прашувала јас, таа одлука би ја донела на база на сите можни факти со кои располагам. Па нека се и спротивни од оние кои мене ми годат.

    @koritsaki како е малата денес? Да не имала некоја реакција од киселото млеко? Или да има нешто со грлото мака (суво грло, или секрет позади залепен) па да ја провоцира да кашла а со тоа и да повраќа? Башка млечни производи најлесно се повраќаат. Се надевам сте подобри.
     
    На koritsaki, flower30, MilaSs12 и 1 друга личност им се допаѓа ова.