Како сте со малото? Помина ли? Да не е некоја алергија. Те мислам и дај Боже да помине. Те чекаме да пишиш. Ден 3 по ред јас гроги. Бебе цела ноќ месечари. Мм испаничен во 5 утрото ме буди ми вели го нема бебето во креветче. Добро е после 3 ноќи се разбуди и се сети( не го осудувам, цел ден работи). А јас и бебе само што сме заспале, таа буквално кај нозете, така падна на Меше и ја оставив заградена со плетенката и перници. Скоков ако е до него, ни наплаќа за сите несетени претходни.
@Kaetana @Presrekna @Yowannty фала женски што ми пишавте, денес не ја однесов пак во болница, кашлицата не престанува. Не кашла толку како ноќе , ама пак кашла, се гледа дека нешто ја мачи. И давам водичка и давам повеќе да цица, утре ќе ја носиме на педијатар , сумљам дека таа вчера во болницата не ја прегледа како што треба, грлото не и го виде ко што треба(очекуваше 9 месечно бебе самото да отвори уста) Или има секрет и и се слива надоле па кашла, или има некоја алергија ќе ви пишам утре пак што ќе рече
Дали им давате на бебињата нештo да лизнаат (прoбаат) штo не е за нив? Мене ми кoментираат дека претерувам, не сум дала да лизне ни сладoлет ни чoкoладo.. Стварнo ли претерувам? Си jаде се штo oдгoвара на неjзината вoзраст
Ако дадиш да проба има можност да почне да ги одбива нејзините јадења.Затоа што не се толку слатки/солени. До 1г не и давав ништо такво. После почнав полека, а и како почнуваат да разбират се потешко да ги задржиш да не посегаат. Хм, сепак е твој избор.
Да и jас тoа велам кoга ќе лизне сладoлет нема пoвеќе да сака брoкула. Ама аj да си прашам да не претерувам
Синко уште десетина дена ќе прави 1 годинка...овие 3/4 дена многу малку ми јаде да не речам ич не сака да јаде. Сите каши ми ги бутка, затвора усте и стега запчиња, едвај со сила лажиче две ќе касне, а си цица. Гледам и кога сака да цица да му нудам каша и пак не сака, без разлика домашна или купена... дали и на некоја е исто детенцето или нешто се дешава кај нас... инаку мислам т.е сигурно му искачаат горе 3ките а можно е и една 4ка, не можам баш да видам, не ми дава. Зарем толку од забите да не сака да ми јаде, ама па цица и во секој момент би цицал...да не грешам некаде?? Вода воопшто не ми сака, по неколку голтки...
До годината ништо, ни да лизне. Сега овие 3-4 месеци од се почна да пробува. И благо, и солено, дури и од кафето ми има пробано. Ама само на денови кога јаде убаво. Ако не јаде оброк, тогаш ни сок не добива, а не па чоколадо или смоки. А ако руча убаво, обавезно има некаква не толку здрава ужинка.
Освен леб ,кој што уште не ми е класично воведен, ништо не сум му дала. Еве и диња нека спаѓа во тие забранетите, пред некој ден јадев му дадов мало парче да проба. За некој ден и во оброк ќе добие. Кога јадеме нешто што не е за него, а не гледа така жално му давам Лино смоки Инаку и нашите баба и дедо не караат, машко е,нека проба ( ради курето )
@Larahappy мислев викаш за нешто не соодветно за бебе иначе се што е сезонско сега давам без разлика на табела @Sofi.ja и диња и лубеница има пробано кај мене а мислам 11+ дека се
Да за несоодветно прашува Лара Инаку 8ипол месеци е моево, му дадов лубеница. А ќе дадам и се останато сезонско, без оглед во табелите во кој месец се препорачува
Не. И ако видам баби деди како мy даваат нешто што не е за него, најозбилно ќе ги плескам по раце. Ќе јаде цел живот глупости, не мора уште сега да почне.
И јас ништо не давам на бебо што не треба, во смисла, благо грицки, сол, сокчиња и слично, си јаде се што е предвидено за бебе, не планирам дада дадам најмалку до година, тогаш би почнала да го прилагодувам на нашите ручеци
Смоките Лино се од пченка,без сол,шеќер. Бисквитите ло бело се од житарки и путер,исто без сол и шеќер Другата сезона, дека се алергени. Ма да, @Presrekna воведе, т.е. баткото, па се е во ред