Среќа што откако почна со дохрана бебе сме повеќе сами заради карантинот и короната инаку ќе имаше војна со баби тетки стрини. Како што сите внуци се веќе порастени ќе и даваа се што ќе видеше. Сестра ми и вели Тета додека не пробаш пица ќе и ги јадиш на мајка ти булумачите без сол и зачини. Знам дека е така но додека не знаат нека јадат здраво. Несоодветна храна како јагоди, рибизли, боровница, малини, риба какао и дадов порано, нема алергија и ми е мило што можам сезонски да давам. Нездраво да касне не, како кафе, од нашите јадења и сл.Синко и дал краш чоколадо, не сакаше, го плукаше. И да пробаат не е страшно, од година планирам на општа исхрана да ја насочувам, се разбира со постепено воведување и здравите ужинки за неа специјално. И за нас практикувам здрава исхрана со супи, чорби, манџи и многу салати и овошје така да ќе се вклопиме со бебе. @Sofi.ja i @Larahappy ве тргнувам со муабетот погоре. Туку да прашам. Наидов на ова вчера и гледам од педијатар препорачано наутро доручекот порано да се дава кај 7-8:00. Мојата кај 6:30 станува цица два пати до доручекот кој го јаде во 9:30-10:00. Треба порано? Како давате? После кај 12:00 пак цица и затоа немаме ужинка. Вчера и дадов и ручекот едвај го јаде. Ама читам треба 5 оброци да има бебе од 9-12 месеци. Кој е вашиот став? П. С. Секое дете е различно знам ама ориентационо... https://pedijatar.mk/primer-na-meni-za-bebe-na-vozrast-od-9-12-mesetsi/
И на мојата доручек и е тогаш од 9 до кај 10 тоа време. Ужина околу 12-1, ручек 3-4 некогаш и 5 ако спие (ама имала покасно ужина кај 2 пример), вечера 8-9 и околу 10 си легнува. Оваа последна недела некако помалку и траат дремките, па ручек јади точно во 3ч, вечера во 8ч... Мислам допрва ќе менува со дремките и ќе се менува тајмингот на оброкот, дури не си фати едно константно време. Секое дете е различно плус. Знам многу мајки нема да го прифатат мојот тајминг на оброци, но така се прилагодлив јас според неа.
Фала ти мила. Денес во 8 и дадов прв оброк и воопшто не јаде. Ќе си терам по старо. За ужина како ќе дојде така. Јас морам до 18:30 вечера да имам дадено бидејќи во 20:30 е во кревет. Ако ја оставам покасно ќотек ќе јадам од мојата мала спанка
Знам, ама бебе е буци и не сакам да давам да грицка измеѓу оброци Има 8 месеци, а уште 1 кг ќе триплира родилна тежина.
Сакам да Ве прашам дали ги храните вашите бебенца исклучиво во хранилка, или па ги храните во скут, на столче или каде уште не.. на која возраст преминувате од пасирана исхрана на парчиња исхрана и како пројдовте?
Мајки, на колку степени уклучувате клима, како ви се облечени бебињата во таа просторија, ако во текот на денот заспијат во собата со клима ги префрлате ли во друга соба?
Секое бебе е приказна за себе Не се роботи па да ги програмираме во 7 да појадуваат. Кај нас на пример,вака е распоредот од прилика Последно цицање наутро околу 8. Станува 9,9ипол 10, 10ипол појадок 11ипол,12,12ипол цицање и дремка 15,15и30 ручек 16и30,17 цицање и дремка 19 и 30 вечера Заспивањето е различно, најчесто 9ипол,10, 10ипол. Како што гледате немам точно зацртан саат дека во толку мора да е оброкот,варираат зошто оставам тој да побара,не сакам да форсирам. Пред да воведам трет оброк, се плашев дека касно станува од спиење, тогаш беше 10,10ипол, демек ќе нема време кога да ја јаде вечерата. Постепено,сам си го направи распоредот,почна да станува порано и стигаме најмалку 2 часа пред спиење да вечера. Немам намера да станам во 7 и да го будам, со цел да јаде доручек рано, кога во текот на ноќта се разбудил 245 пати, на секој саат или секој два саати. Не заради него,дека се будел, туку заради мене, зошто не функционирам ако станам рано, после скоро 9 месеци будење и не спиење повеќе од 2,3 часа. Затоа спијам додека спие и он, па има време за организација на оброци. Пред некој ден 10и50 се будам и паника ме фаќа сум се успала,леле одма ме гризе совест,брзо рипам да му направам доручек,брзо да јаде да не нема време. После тоа размислив,ако треба ќе скокнам подој,ама главните оброци ќе му ги дадам. 5 оброци се смета доручек ,ручек, вечера и 2 ужинки-помеѓу доручек и ручек и помеѓу ручек и вечера. Мене педијатарот ми рече од 9м ќе воведеш и ужинка и од тогаш бебето ќе може и 9часа без тебе да седи. Претпоставувам ради доењето, дали со воведување ужинка се крати еден подој? Друго што сакав да искоментирам од линков, доручекот е житарки Педијатарот ми рече доручекот секогаш да биде овошје,житарки во мала доза,ако треба за вкус или густина ,а вечерата да биде млечно житна каша.
И мојот е буцко, од 3 месеци тежи повеќе од просекот за негова возраст, на 3ипол,4м ја дуплираше тежината ,што нели треба да се случи на 6. И се до 7ми месец, стигна до 9кг и до 8ипол месеци 500-600 грама дали качил. Мислам дека е во период кога стагнира со тежина. Како и да е,јас му давам по 2,3 смоки и тоа не е секој ден. Лебче по 5-6 зрнца,што не верувам дека многу ќе му смени во тежина. Исклучиво во хранилка. Пробав во дубак пред некој ден,ама се вртеше лево десно,си играше и го преместив. Вчера прв пат мм пушти, климата е во дневна,ние бевме во спална. Кратко подува па ја исклучи,ама ќе мора да се пушта како што станува жешко,особено ноќе. Бебето е облечено по кратки, ќе пуштаме на 22,23 степени и не треба да дува во него.
@Sofi.ja педијатрите препорачуваат различно, ама што имам читано и плус по нас, а и по бебе, само овошје може да пројде како доручек ептен на почеток дур сеуште се воведуваат овошките. Овошјето моментално заситува, ама не ги најадува доволно за да ги држи сити. Житарка со овошје е најдобра комбинација за доручек, плус житарките се супер за енергија која им е потребна во текот на денот, оти сега веќе се големи и доста трошат. Исто не е грешка да се даде житарка плус и за вечера. Овошје после 6ти месец е повеќе ко ужинка. Ај и јас да прашам нешто околу хранава. Домашните зеленчукови каши колку долго можат да стојат откако ќе се приготват? Кога не сме дома за ручек, за сега земам готови кашички и носиме фрижидерче со нас. Дали можам домашна приготвена каша да земам со нас, во фрижидерче и да ја дадам неколку часа подоцна?
Во фрижифер може слободно да стои 3 4 часа. Јас секој ден готвам свежо, само телешко месо, варам за два дена. Потоа ја делам водата и месото, дел во фрижифер а дел го варам со зеленчук. Пилињата мајка ми ги свари во експрес лонец и во чашки ги замрзна за еден оброк. Само компир не смее од денес за утре.
Кај мене стануваа во 9 и цица кога ќе стане. Уста не отвара пред 11часот џабе буткам само ми оксидира овошјето. Риба немам воведено, што е најдобро да дадам 10+ сме?
И синко доцна појадува. Станува околу 9, а цица околу 7. Појадува 10, цица и спие околу 12, ама се случува и само да цица, па да цица и заспие околу 1. Руча во 3, цица и спие 6. Се буди, вечера, и додека да заспие цица. Некогаш 3 пати, некогаш еднаш. Нема конлретен ред. Дневни дремки се меѓу час и пол и половина час. Кога се шетаме јаде смоки, некогаш ке изеде 2, некогаш 10.
А ако сакам да додадам месо или жолчка? Можам да измешам од дома, да понесам со нас посебно па да измешам пред давање или да не ризикувам такво нешто?
Цицањето во 7-8 наутро треба да биде заменето со појадокот. Јас појадок давам најдоцна до 9 наутро, ручекот до 14 најдоцна, вечерата околу 20 најдоцна. Од бебиња имаат таков ред, уште се држиме до истото, со тоа што меѓу оброците имаат ужинка, најчесто овошје. Десет и пол е веќе ужинка, а не појадок, ама вие си знаете најдобро. Мене ми беше целта да ги научам да стануваат рано, за да се искористи денот максимално, како и за да немаме проблеми со станување наутро за училиште/градинка. Ама моиве рано легнуваат, во 9:30 се веќе заспани дури и сега, на 9 и 3 години.
Ама синко цица во спиење. Навечер доцна заспива, пробав се ама си заспива кога он сака. Го бањам во исто време, дома е идеално, мир и тишина, нема галама, гости не ни доаѓаат. Пробав и вечера порано, ама не заспива и готово. Ако го држам буден да не ја спие втората дремка е нервозен, кенкав, и тек тогаш заспивањето е драма.
Месото ти стои без проблем. Манџа правам пример денес со месо и зеленчук идавам и утре за ручек. За јајце подобро пред јадење да го измешаш. @MilaSs12 така беше и мојата додека цицаше. Сега си појадува во 7, 8 сабајле.
Женски бевме на лекар, беба има фарингитис. Ни даде еден сируп за кашлицата. Ми рече и чајче да и давам. Друго се е ок. Ми рече можам јајце да и воведам. Прво жолчка. Ќе и го помешам со кисело млеко, се надевам ќе нема реакција