@Yowannty даваш зеленчукови (и од тие со месо) купечки каши ладни? Дека на повеќето пишува да се затоплат нели. Гледам за ручек да е дома најчесто зашто ручекот секогаш му го давам топол, ама дали можам некад така да земам со мене и да му дадам надвор не загреана зеленчукова? Додуша, којзнае и дали ќе ми ја јаде ладна
Јас секогаш имам по некое тегле зеленчукова каша замрзнато во фриж е така за некогаш ако излеваме. Ја идмрзнувам од вечер и таман додека му дојде време за ручек ќе пушти. Секако кај мене мали не јаде ништо топло, дури и чајчето го чекаме да истинее.
Јас зеленчукови готвам за два дена (освен ако е спанаќ, тогаш истиот ден го давам). Ги чувам во фрижидер во теглички и ги топлам на пареа пред да му ги дадам. Овошните се уште се купечки на хип, зошто не верувам на ниедно овошје на пазарот. И сега ме замисливте за лубеница, од колку се дава? Јас му дадов во тие цуцлињата за вкусови што се. Педијатар ми рече да почнам со сезонски овошја без проблем, ама не ми назначи на кои мисли...
Ти одговориле и други ама и јас да си кажам. Уште на почеток на воведување вкусови ја консултирав педијатарката, и овде на форумот, па воопшто не ги притоплував. А баш и поради фактот што не секогаш сме дома за ручек, е пракса да прифати и ладна храна зошто не секогаш ќе имаш шанса за притоплување. Ние често јадеме надвор па за надвор секогаш носам купечка кашичка, а и по некое правило надвор секогаш поубаво ми јаде, дома знае да се пекмези.
И јас купечките ги давам такви какви што се. Ми стојат во спална, отварам и давам. И готвените не ги јаде секогаш топли. Некогаш му правам каша порано, па додека да дојде време за ручек веќе е изладена.
Јас од кога е родена досега (1година) и давам домашни одма зготвено и пресно топло дадено. Немам ставено во фрижидер ниеднаш, купечка каша за ручек мислам само еднаш имам купено, за доручек со овошје неколку пати и то е то. Пишам чисто да споделам искуство и да си се потсетам колку време поминуваме дома, бебе слабо ми е излезено надвор...
Откако се стопли синко го шетам секој ден ама секогаш најаден. На подолга прошетка не сме отишле. Јаде со молење. Не е за пред луѓе, ке ни се чудат, кој немал мака.
ич да не се замараш шетај си го и давај му да јаде и надвор освен ако тебе не ти е напнато, исти сме па тоа никогаш не ме спречило ја ранам секаде малце циркуз правиме ама таа е
еве мене првото дете ми беше такво,зависно од мене никаде без мене кај никого во раце... Ама па не беше на цицање туку на АД млеко. А второво па на доење е ама па со душа го чекам татко му да дојде од работа и со него е многу посмирено одколку со мене Тоа cry it out или како викаат да го игнорираш малото кога плаче ми е жива глупост. Искрено. Како би било јас да имам мака па некој да ме игнорира. Тоа па мало Итака нема на кој друг начин да ја искаже маката освен со плачење.... Уште ние "паметни" да го игнорираме. Да игнорираш дете во фаза на тантруми можам да разберам ама бебе под една година ....
Мали јаде домашно пилешко и домашно телешко месо. Купив каша од Бебивита со мисиркино и брокула. Мисиркино нема пробано до сега. Дали да му ја давам во два дена или цела на еден ручек?
Беба моја кашлаше цеела ноќ дали од сирупов што го пие , па ја дразни да кашла... дали некој може го користела ова сирупче , ни го препиша докторката , на него пишува дека е за сува кашлица , а мене ми се чини дека има шлајмови https://www.soin-et-nature.com/en/d...ant,to 6 years. The advice of your pharmacist
По варењето и блендирањето, веднаш ги ставам во стаклени теглиња од купечки кашички, за кратко ми се вакумираат. Штом се вовлече капачката навнатре, неам гајле и да не е во фрижидер. И да не ти се вакумира, домашно приготвената кашичка складирана во фрижидерче за на пикник, апсолутно можеш да ја дадеш. Нека крка бебка домашно
@bela.m со месо заедно? Мене не ми е до тоа да јаде домашни. Иако за неа се земам био, купечките кашички се од намирници одгледувани под строго контролирани услови специјално за бебиња, кои ги следат строги контроли во целиот процес од одгледување, производство, чување итн. Домашните не се ни слични по квалитет на нив, туку ретко наоѓам купечки со парчиња внатре, а и тие што имаат немаат доволно, оти некое време веќе и ја давам храната во парчиња.