Да прашам,некоја да сподели искуство како го издржавте избивањето на горните кецови. Последниве неколку дена се нешто го нервира се нешто во уста става се нешто кемка се нешто се тегне гризе.... Ништо не му се знае додека е буден. Час весел час оди види погоди му. Да сме во скок не верувам, 46та недела нема скок. Исто забележав овие 2-3 дена има доста гасови и само прдка. Има ли нешто со кое би му олеснила на мешето да нема толку гасови? И уште нешто. Летно време колку често ви јадат? Вчера јадеше дури 4 пати денес не ручаше. Дали 4-5 лајчиња. Кемкаше се тегнеше дадов вода се смири и не сакаше да продолжи. Може и не му се свиде јадењето - палента со жолчка и урда. Чекам да помине малку време па ќе цица и ќе му дадам нешто друго.
Каснам со одговор, сте изнапишале 3 стр. И мое бебе не сака топло. Секогаш давам пресно тогаш зготвено, но изладено. За надвор сум повеќе за готова каша. Најсигурна е. По стандарди правена И не му се мислам. Дури за риба врвен педијатар ми препорача од тегла некое време да давам. Купечкиве риби биле полни со жива, одгледувани во загадени средини. @koritsaki синко порасна со милиони ларингити. И тоа во тешка форма, со гушење секогаш ноќе завршување во хитна со мускулна инекција кортикостероиди. Сега е подобар ама слаба точка му е. Ноќе посебно се покачува кашлањето. Суво е ,а ти имаш чувство како да има шлајм. Не давај никако топли напитоци и храна. Топлото го шири ларингот и ја зголемува кашлицата. Дете има чувство како да има нешто попречено. Земи си инхалатор и со физиолошки раствор инхалирај ( но прашај од која возраст може). Ние кај да одиме прво в куфер инхалаторот оди. Влагата, ниските температури сметаат. Важно не се плаши, не остава никаква последица како пнеумонијјата.
Инхалирање само мајка. И да има шлајм ќе го исфрли, а кашлицата одма ќе ја смири. Може само со физиолошки раствор да пробаш инхалирање.
Инхалации. Со инхалатор и со физиолошки. Јас бебо го имав и со четврт ампула дексазон (кортико) инхалирано во физиолошкиот ама тоа беше кога ептен беше полн секрет.
Седам и го гледам како игра со тенџериња и тањири од кујна можеби пола саат без да примети дека сум тука. Ми иде сите играчки што не блокираат дома да ги фрлам. Па да купам уште некое тенџере плус..
Мојов така со играчките на куче. Имам една корпа само за играчки на куче, си ја истура и глас не му се слуша 1 саат. Фиоките и шкафчињата со тенџериња ми се со катанци Неам сила и за тоа...
Ама се што не е играчка е поинтересно Мојов долазува до малата масичка,на полицата имам списанија и тефтери,не знаете која радост е кога ќе ги дофати. Па тоа врескање,кинење страници ,разлистување ехее како на монт еверест да се качил хаха Дали се пере во маишина навлаката од хранилкава или на раце? Многу се прљави каишите,морам да ја исперам,а не знам дали имаше упатство со неа,уште помалку знам каде е
@KuklickaSk имаш дадено домати, знам дека ни се неколку дена разлика, како поминавте? за по табела е рано ама се шо е сезонско сакам да дадам
@Yowannty и со месо, да. Туку да ве прашам, од глутен имам досега дадено пченичен гриз. Можам ли за вечера да им дадам млечна каша на Холе од спелта пченица? И уште нешто заборавив, пилешко им купувам во теглиња на Холе, некако најбезбедно ми е така. Е сега, кај нас низ Зегин само пилешко има, а мислам дека има вакви на Холе и од нешто друго. Телешко, мисиркино? Купил ли некој или јас сум грешка?
@bela.m ја земам пилешко и телешко на хип, а мисиркино не сум нашла чисто. Баш ќе проверам дали на холе имаме овде. Спелта чинам нема глутен ама да, можеш да дадеш пченица оти гриз веќе си дала.
Во Македонија само пилешко на холе има. Прашав телешко немале. И мене само чисто месо од тегле ми јаде. Мешаните месни само пилешко И тиква на холе И лососот на хип И ДМ. Друго се во канта заврши. Затоа барав телешко, ама нема. Си сварив младо телешко домашно го блендирав во калапи силиконски И вадам по потреба. Така и цвекло И мисиркино замрзнав. @Sofi.ja јас од Чико хранилка имам. Нема број колку пати е испрана навлаката во машина. Ама на 30 степени и ако имаш програма за деликатни или некоја брза околу 30 мин. Секој 2 ден редовно.
Купечко со печат на него дека поминало низ контрола. Ја не би домашно, без разлика колку и да ми е позната личноста, од причина што тие не би знаеле дали некоја кокошка во моментот е болна или не. Мене старите ми носат од село домашни, ама не давам од нив. Купувам посебно био со печат за неа. Ќе може некој да ми каже како да воведам аронија и што можам да давам плус за железо освен стандард што е за 10+?
Здраво син ми има 9 месеци и пред неколку дена приметивме дека десната нога му оди на надвор кога стои. Закажавмена ортопед за на 8ми но јас сум цела испогубена. Дали некоја од вас е имала ваков проблем