Добро ,не мора да постираш во сите теми,доволно е во соодветната,ако некој имал слично искуство ќе ти пише.
39.2 моментално тем. Во 22:30 дадов чепче ефералган, од 38,6 се спушти до 37.8 па до 2:00до 39.2се качи. Сега дадов ибобруфен во motion syrup од Америка ми го праќаат( за синко го користев) Некоја дежурна мајка да каже што можам да дадам. Како да спуштам тем? На пелена е бебе, цело време го ладам, цица.. Мислев ова бебе како во се и во теме ќе е различно од брат и. Се излажав. Тој и сипаници до 40 тем ми извади
Малово е 9 месеци. На моменти имам чувство дека е страшно размазена, не знам дали е некоја нормална фаза, дали сите деца се такви отприлика на оваа возраст или ние негде погрешивме. Значи, не знае да седи сама ни момент, постојано вика по нас, глуми дека плаче, се развикува - ќе ја оставиш во игрална, или во џампер, во хранилка, ќе поигра 5, максимум 10 минути сама ептен ако и е денот и одма плаче по нас. Ама не е плачење, она се дере онака намерно, демек плаче, урла. Не можам ништо да фатам низ дома, само ја носам од соба во соба со мене, а веќе лази, се фаќа за што најде, станува на нозе, па ќе падне, ќе се удри - буквално ништо не можам да фатам кога сме сами. Сабајле ја земав во веце со мене од што не можев да ја оставам. Ептен е темпераментна, цело време сака да прави нешто, не ја држи место и сака 24/7 некој да е до неа за да ја игра, не можеме ни ручек да изедеме ако е будна. Истото викање го користи во последно време и кога не сака да се пресоблекува, плаче мислиш ја колат, кога нема да и се свиѓа некое јадење, се срди, врти глава љуто, плаче вештачки, се одбутнува; кога пробуваш да ја заспиеш, очи и паѓаат, ама те бутка, рика на глас. Кога сака нешто што не можеш да и го дадеш, исто. Башка нели заби вадиме, нервоза стотка на моменти ама мислам дека ова понашање не е баш поврзано со забите... Фаза ли е некоја, размазеност ли е, можам ли да преземам нешто?
Аронија стави едно зрнце во каша. Дневно не повеќе од 3 кога ќе и даваш. За железо семе од коприва во овошните каши. Нема поарно. Плус аронија, боровница, гоџи ...сите црвени бобинки се добри за хмг.
Некој да не користел адаптирано млеко Baby Love 2, го зедов за во каши ама малку нејасно ми е дозирањето... Фала
Има вирус. Мојот имаше 3 дена температура до 40. Ја симнував со чепче, парацетамол сируп и ладење по тело. 2 к.слики направив добри беа, црп мирно. Преку ноќ качуваше до 40, преку ден до 39. Други симптоми никакви. Стресно е , ама ќе помине за 3 дена. Со лесно и брзо да помине.
Моето бебе 6 месеци е истото, кога ќе пркне уште малце којзнае што ќе биде. Јас мислам научени се фул внимание да имаат сега не прифаќаат ништо помалку. Кога ќе проодат ваљда друго ќе биде, нема да се толку лепенки. Инаку, колку време се толерира да не кака бебе што јаде цврста храна? Мое бебе кога цицаше какаше на преку еден ден, сега 2 не кака третиот да. Запек е тоа или?
@Presrekna како сте? Дојдов специјално да те прочитам, гледам не си шкртнала ништо од утрово. Пиши кога ќе можеш. Ве мислам.
Јас толку не и верувам на контролата во нашава држава, што исто гледам и на домашни и на купечки јајца. Кога имам давам домашни, ама кога немам и од продавница давам. Земам од луѓе кои од истите јајца даваат и на внуците.
Има таков вирус пред 1 недела го помина синко, 2 дена само беше, за дозата ќе се консултираш со матичен, јас му ставав чепчиња на 7,8 часа од 150..малку дијареа и толку помина, ќе заборавев имаше и црвено грло и тројки ваѓаше со помин нека е.
Ама не сум Германија. Овде малтене исто е како во Македонија. Не дека нешто посебно верувам во контроливе, ама сепак има закон кој ги регулира и тие работи. На секоја лиценцирана фирма, производството подлежи на редовни контроли. Па било каква контрола секако ми е избор пред воопшто никаква. Мајка ми на пример работи во голема производствена компанија. Директно е вклучена во процесот на производство и од прва рака знам дека се работи по сите европски стандарди. Нема врска со јајца, туку ете ми е пример дека и во Македонија има и добри работи, оти навистина ние луѓето немаме доверба во ништо кај нас. Тоа што луѓето давале од исти јајца на внуците нивни, мене на пример не ми значи апсолутно ништо.