1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Да прашам,некоја да сподели искуство како го издржавте избивањето на горните кецови. Последниве неколку дена се нешто го нервира се нешто во уста става се нешто кемка се нешто се тегне гризе.... Ништо не му се знае додека е буден. Час весел час оди види погоди му. Дали уште сме скокот не дрма? 46та недела... 7 миот малку го сетивме ама ова не знам. Повеќе кемка одколку што се занимава со нешто.

    Исто забележав овие 2-3 дена има доста гасови и само прдка. Се стега како да не може да се покака а кака и тоа нормално неколку пати. Има нешто со кое би му олеснила на мешето да нема толку гасови?

    Летно време колку често ви јадат? Вчера јадеше дури 4 пати денес не ручаше. Дали 4-5 лајчиња. Кемкаше се тегнеше дадов вода се смири и не сакаше да продолжи.

    И уште нешто. Дали користите нешто за ладење дома? Кај нас не се дише морам малку одвреме навреме клима да пуштам па се надевам нема да има штета.
     
  2. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.615
    Пол:
    Женски
    кај мене е 8м исто прави околу лазењето а многу често е на под и само пробува да се влечи со газето и сака да стои а многу активно и пргаво бебе е ама ете за лазење некако потешко
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  3. haruki

    haruki Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2018
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    3.615
    Пол:
    Женски
    климата е пуштена цело време нормално не во неа и е само на боди, верувам дека сто пати по топло им е
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Подобро е бебе денес. Пишав и во итно... темата.
    Сеуште не јаде, ама цица и пие само вода.
    Ноќеска 2 пати ми поврати во млаз, мислев дека на инфузија ќе завршиме, денес и дијареа имаше, ама сега вечерва е подобро.
     
    На bela.m, Мариаа., marchi-cool и 9 други им се допаѓа ова.
  5. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Седни направи си муабет; не е океј. Јака ти душа како издржуваш :( Значи мојов злато бил; ја пресоблекува ако јас правам нешто друго, ја игра, заедно ја бањаме уште од мерак иако можам сама, ја чува чат пат сам дома ако треба да излезам да испазарам, да си купам нешто, едино нема мн живци да ја храни зашто не е јадачка, па 99% си ја хранам јас ама буквално за се друго помага. И газето ако треба на чешма да и го замие ако е какана, све е со песна со смешки :) Башка обожава да готви па најчесто и заедно сме во кујна околу нашиот ручек. Затоа и се плашам да не го распекмезиме детево зашто двајцата сме цело време навртени околу неа :)
     
    На KuklickaSk, Sofi.ja, Vanessa9li и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.562
    Пол:
    Женски
    Исто скроз. Со тоа што моево не одбива храна никогаш. (facepalm)
    И не секогаш се жали толку драматично, ама толку е упорен бе луѓе, тоа чудо едно. Оди накај продолжен кабел. Дваесет пати реков не и го преместив. Па уште ме замајува демек си игра со нешто друго 2-3 минути, да си речам ок и да заборавам, и тој пак накај кабелот да брца прсти.

    Лази насекаде, нервите ми ги кине. Рацете лигави, кога ќе престане со лазење лом му се. Лом. Не ми е толку валкано колку што него му се рацете лепливи. :^)

    Од каучи се џитка главечки. Само го влечам за нозе да не падне. Цел стан го ора, уште па се исправува кај ќе стигне. А не е стабилен, мора да сум до него за да го фатам оти паѓа на глава. Ама храбар бе луѓе, страв нема.

    Ако нешто не му е по ќеф, писка и цивка. Инаку секаде е со мене / нас. Во вц го носам седнат во хранилка. (facepalm)
    Во кујна исто додека готвам. Секаде. Не е да се заигра сам. Бара друштво и внимание.

    Последниве неколку дена спиеме луѓе! Частам! После 3 месеци неспиење јас сум одморена. Да се разбереме, не преспива цела ноќ, далеку од тоа. Ама спие и се буди на 2.5-3 саати. Прво е во креветче, а после од кај 3 сабајле е кај нас. Заспива во 10... Се буди накај 12-1.. будна сум уште тој период, па одма со цицање за 5 минути презаспива. И после си легнувам. Станува после накај 3… го земам кај мене и цица и презаспива.
    Колку пати цица, не знам, затоа што брзо презаспива сега, па и јас одма спијам.

    Кој знае што ќе ми се задеси кога ќе преспие цела вечер? :smirk:

    Дефинитивно му се имаше сѐ собрано. Од ласерот, до скок, и на крај заби.. Три заби излезени, уште два секоја секунда ќе излезат (буквално се гледаат) и сето тоа во неполн месец. Само што проби единицата горе, одма вечерта подруго беше со спиењето.

    @Sofi.ja си размислувам.. убаво би било ако се намести така работата да мора тој да го причува во поголем дел од денот. Многу е лесно да речеш на работа сум, без да знаеш дека некои денови се стварно тешки и неподносливи со детето дома, и дека би одбрала да можам да избегам некаде. Особено вие што чувате прво дете дома, и што немате со кој муабет што се вика да сврзете.
    За мене едноставно е непоимливо да терам секојдневие така. Без судење, ама сигурно би била мрчаторски настроена.
    Најубаво е да се разговара околу тоа. Со фино да се објасни дека е во ред да добие оддишка кога ќе се врати од работа, но дека и тебе подеднакво ти следува оддишка од сите домаќински работи и работи околу бебето.
    Кажи му дека ако ти помогне што побрзо да ги завршите обврските во домаќинството и околу бебето, ќе имате повеќе слободно време за вас двајца. Па нека е филмче со муабет. И потсети го колку брзо поминува времето, и дека децата не нѐ чекаат да одмориме, или да најдеме погодно време за да си играме со нив. Потребата им е константна, и трева да е задоволена од двајцата родители. Сѐ се решава со смирен и конструктивен муабет.

    И не дозволувај да бидеш доведена во ситуација дека ова што тој би го направил е услуга. Тоа е неговата улога во животот на тоа бебе.

    Ќе речам само дека имате големо трпение. Да се гади од пелена!? Не, не. Тогаш му давам да смени две три додека не се одгади. На крај, заедно сме и заедно планираме да остариме. Не дај боже да се снемоштам пред него, нема да сака да ми го избрише газот? Извинете на муабетов, ама мојата реалност е таа.
     
    На SINOLICKA_123, Мариаа., EvieBabe и 8 други им се допаѓа ова.
  7. Vanessa9li

    Vanessa9li Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2019
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    @Sofi.ja исто ко јас да сум го пишувала постот, само кај мене не е "Уморен сум од работа" туку е "Е нели ти помагам", а таа помош ако еднаш направи млеко за дете ќе го збори цела недела :D
    Сега почна повеќе време да минува зошто дете почна да вика "ма" и да плаче ако подолго време ме нема. И му кажав, што очекуваш кога почна да учи дека само јас сум му овде ако е гладен, исплашен, мокар, уморен. Да не мислиш дека има друг некој на кој може да се надева??? И сега сам ми го зема од раце кога ќе заврши со работа. Уште не менува пелени и не му дава каши (само млеко до сега му има дадено), но заедно го бањаме и ако треба нешто да работам го гледа (т.е. го остава во креветче и пази ако се сврти на меше да не се удри или рачето да не му остане заглавено)
    Јас мајка чекам малце да порасне да биде по сигурен и да седи или да оди барем, мислам дека ќе е поангажиран тогаш, ама нели надежта последна умира.
    Тоа е, на секое мое жалење, свекрва вика "Епа нели си го знаеше каков е, толку години си со него", и што да кажам друго...
    гушки :hug:
     
    На KuklickaSk и Sofi.ja им се допаѓа ова.
  8. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.062
    Со на брат ми малата се 5 месеци разлика.
    Баш пред 5-6 месеци ,кога била внуката од прилика на оваа возраст што е моево, снашката се жалеше како не и помагал брат ми и го викаше заедно да менуваат пелена.
    Си викав,што и е на оваа,зар не може сама. Ама кога ќе се најдеш во ситуација ќе се подразмислиш малце.
    Во право сте сите дека треба еден добар муабет,јас сум човек што трпи и собира во себе, не сакам да се расправам сакам се да е ок.
    Ама без расправање,со изнесување факти морам да се ослободам од оваа мака.
    Упорно му го пикам малиов да се зближи со него за да не биде мамино синче,ама кога ќе каже мама место тато дури тогаш ќе се освести колку е саат ;)

    Инаку вика баба бабабабба маммамам ретко некогаш мама дада, нана, лала дла дла ја ја и нешто на т што не личи на тато:lol:

    @Kaetana лази наназад и се тркала за секунда го поминал цел ламинат и стигнал кај плочките во кујна и покрај тоа што сум џогирала вечерта он е улепен со трошки и влакна од мама:doh:
    Ако нешто сака да земе а е пред него,не лази нанапред туку со вртење,тркалање,ќе дојде до тоа.
    Од кога почнуваат да се исправаат?
    За една недела прави 9м
    Доаѓа до малата маса, стол,комода,се фаќа ама јас го тргам да не скрши заби:^)


    Инаку за другово фала за советот. Голем проблем е што кај што сега сум на продолжено породилно,нема да ми го продолжат договорот на работа и останувам дома,така да "единствена" обврска ќе ми биде детето.
     
  9. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    @Sofi.ja претпоставувам и ти ќе почнеш на работа. Порано или покасно. И тогаш и ти ќе бидеш уморна од работа, не само он. А сите обврски пак ќе бидат на тебе.
    Детето е заедничко, а исто и куќата.
    Се согласувам дека треба да направиш муабет и ете барем на почеток да го вклучуваш ти активно во сите работи.

    Маж ми се прави дома. Буквално. Усисава, чисти, пегла кошули, прави ручек 3 пати неделно, доручек кога ќе стане прв, фрла ѓубре, пазари.. Ја коа чистам ми наоѓа замерки :?:. Го шета сам бебето попладне кога сакам да се тргнам малку од детето и на раат да направам нешто (да се депилирам на пример). Кога ќе дојде од работа се мие и одма седи на земја со дете да игра, го бања. Он го заспива скоро секоја вечер зошто од почеток сакав да биде вклучен во заспивање за јас ако треба да излезам некаде да нема проблем.

    Јас сум му кажала на почеток, двајцата работиме и двајцата имаме исцрпувачка (психички) и одговорна работа и исто мора да се биде уклучен во домот. Јас почнувам на 4 август со работа и што ќе правам ако не ми помага. Немаме помош од баби и мора двајцата. Ама и брат му е таков, мајка му со два сина добра работа направила што ги научила се да прават и да не чекаат од неа.


    Инаку палавото дете мое се исправи денес на нозе. Нема ни 9 месеци не знам каде брза.
    @Sofi.ja кога се држи на маса да се крене не го земај одма, стои само со раце позади него ако паѓа ќе го фатиш. Прво ќе се крева на колена, па ќе стане на нозе. После журка. Ја вака не можам да го стигнам лази по цела куќа...
    И почна да вика мааамамаааам :inlove:
     
    На Kaetana, SanelaS, Larahappy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Јас имам разбирање за мажот. Е сега не е до толку екстремен како на Софија, мене ми помага само да го заигра да го држи во раце да го шета по двор,бидејки уште не оди и сака само во раце и да се гушка. Исто негова обврска е и одтжување на дворот јас само го метам :)
    Од домашни обврски ретко се случило нешто да фати си стасувам јас се во глобала.
    Помага само кога не можам да стасам пример ни доаѓаат гости и заедно чистиме односно он чисти јас спремам во кујна.
    Знаел и да зготви некогаш кога јас не сум спремила ништо.

    И јас одев на работа знаев како е. Прихички си отепан и тоа се одразува физички само ти се спие и одмара. Не може ако бил цел ден на работа да очекувам дека после 16часот детето и куќата се негова обврска ако јас сум дома. Може да се посвети на детето додека јас дозавршам нешто или да се истуширам.

    Ако одите и двајцата на работа мора да се поделат обврските, нема оправдување тука колку бил он на работа, толку си била и ти.
    Колку си одморила ти (ич) толку одморил и он (ич). Со тоа што јас имам фатено и дремка со бебе и греота е да се жалам дека ми е тешко.
    Тешки за ваква работа да даваат плата цел живот ова ќе го работам-сам свој газда и работа која ја работиш со љубов :)
     
  11. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    И уште ова сакав да кажам. Растев во куќа во која се мама може и се прави. Брат ми го сакам најмногу на свет ама толку ме нервира што се чека од снаа ми да не знам како би се снашол да ја нема неа.

    Имаме синови ние сега. И наша е одговорноста да ги учиме дека не само што тато треба, туку и тато сака да прави многу работи. Дека тоа што се родиле машки не им дава никаква предност во животот. Дека сами се способни да местат кревет, да диплат алишта, да си стават чаша млеко. Ние сме родителите кои треба да воспитуваат нови генерации со поинакви ставови.
     
    На Kaetana, marchi-cool, kockichka и 6 други им се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Јас кога кажувам дека така ќе го воспитувам синот ми се смејат и ме прават несалам, е да бе после он да работел а снаата да си ја прчела |(
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  13. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Кажи им слободно дека не го учиш син ти да работи за да се прчи снаата туку за да стекне основни животни вештини кои него ќе му го направат животот полесен.

    Мама нема да е тука цел живот, а може и жената да не е тука цел живот. За негово добро е да знае да направи јадење и да си испегла кошула.

    Мајка ми почина на 40 години. Татко ми остана сам со 2 деца. Никад ништо не правел, и откако почина мајка ми се изгуби тотално.

    Ене го брат ми ист. Да не е снаа ми, дали ќе пушти машина и дали ќе исчисти еднаш месечно. Да не зборувам дека нон стоп ќе јаде у кафани.

    Не сакам да навлегувам у детали што се случувало и како сме израснале или да звучам песимистички, дај боже сите да дочекаме дијамантска свадба со сопрузите, ама во моментов освен што не се прчам дека маж ми работи се по дома, знам дека ако мене нешто ми се случи детето ќе биде најадено, испрано и ќе живее во чисто. И мирна сум.

    И сакам и син ми да расте со истите вредности и ќе дадам се од себе тоа така да биде

    А бонус е среќна мама што има време и за себе и за сопругот и за детето затоа што не прави се сама.
     
    На Kaetana, marchi-cool, Мариаа. и 2 други им се допаѓа ова.
  14. EvieBabe

    EvieBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    2.550
    Пол:
    Женски
    Индивидуално е кога се исправуваат, како и се друго. Јас се нервирам кога читам дека други деца јадат без проблем, без цртани, качуваат по кило месечно и сл ама ете баш тој нејзин темперамент што ја тера да е нон стоп во движење и да троши калории како луда помага веројатно побрзо да напредува, што знам. Ние сме девет месеци и една недела, се исправува на нозе уште од седум месеци. Лази, прво назадечки лазеше, а од пред некое време и нанапред пушка не можеш да ја стигнеш. Паѓа цело време или се мава во нешто, а со сто очи сме на неа, цело време е до нас, но премногу е брлива, не запира. Ќе седнам до неа со кафе демек да пијам, она ќе ме грабне за маицата, ќе се исправи и ќе почне да се пентари по мене :D Пред некој ден јас во кујна, она во столчето за јадење и кога вртам глава да ја ѕирнам :o она станала на нозе во хранилката, се свртела наназад накај кујна и се држи со рацете за потпирачот за грб. Ќе ме удреше срце! И сега не ја оставам веќе ни секунда сама.

    Инаку вика мама, баба, тата, нене, дада и слично ама мислам дека освен што плаче по мене со мамамама, другите зборови не ги разбира :wasntme:


    П.с: Софи, не го тргај кога сака да се фати за нешто за да се крене. Така почнуваат, мора да се држи за нешто за да се исправи. Само биди до него да го фатиш ако треба :)
     
    На Kaetana, KuklickaSk, Sofi.ja и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.240
    Допаѓања:
    24.035
    Пол:
    Женски
    Јас исто така пораснав во семејство каде имаше машки и женски работи. Не дека татко ми не помагал, ама никогаш не миел садови или не си пеглал сам.
    Е, ама маж е растен во семејство каде мајка му иде на кафе со другарки, а татко му дома спрема ручек, мие, пегла и се' останато.

    Кај нас од првиот ден од кога живееме заедно он смука, пегла пушта машини. Дури и знае да зашие нешто коа ќе се скине, а јас од тоа појма неам.
    Со бебе е нон стоп коа е дома.
    Уствари он е или на работа,или дома со бебе. А јас само што ќе си дојде он, се туширам и ме снемува.

    Сега имаме син и нема да го воспитуваме да дели работи на машки и женски.
    Јас ќе бидам горда на него, ако жена му иде на масажа, а он дома брише прашина.
     
    На Kaetana, The Unicorn, haruki и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Presrekna

    Presrekna Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2019
    Пораки:
    2.173
    Допаѓања:
    12.911
    Пол:
    Женски
    Сваќе дефинитивно после ова ќерка ми е ваша снаа:D
    Ние да си го дадеме зборот за секој случај зошто младиве знаеш некогаш ... :rofl::rofl::rofl:
    Шала на страна. Мажена сум со маж кој цел ден работи. И некако работите ни се поделени. Куќата и децата се мои:), а дворот, бизнисот, колите, пазарењето се негови.
    Знае кога е дома(тоа ретко) да причува бебе јас да направам нешто, но во главно сум сама и се справувам со се по дома. Не е лесно, но така функционираме. Јас работам, односно водам книговодство за фирмата од дома. Тој не знае дома што кај држам. Едвај сега знае наутро да си свари кафе, зашто со бебе некогаш сум зафатена, а брза за на работа.
    Но затоа пак сум горда што синко го воспитав обратно од татко му. Кај него нема машко женски работи. Многу е самостоен, од 6 години го праќаме на кампови по 10 дена, на многу математички, физички и др школи. Лани цело лето работеше ( секако не го теравме, сам сакаше) , многу учи, но покрај книгата се друго прави. Знае да си спреми вечера( нудли,шпагети, салата, пуканки) , да вклучи машина за садови и алишта. Редовно тој ги вади садовите чисти.. .
    Му помага и на татко му. На бебе дури и пелени и менува, ја храни и игра. :nod:
    Кога се роди бебе, бев запрепастена на еден негов збор. Секоја вечер тој ја чуваше бебе на 5-10 мин да се туширам. Една вечер не беше тука па на, мм му ја оставив. Буквално стоеше на врата, со бебе во раце ,ако се разбудела да тропни. И секако бебе стана и плачеше. (facepalm)
    Синко дојде во тој миг и го слушам како вели дека и таткото е родител и треба да чува бебе, дека треба да знае да се справи со ситуацијата како мајката и ја зеде сестра му и ја смири. :clap:
    Секогаш вели со жената ќе биле рамноправни. 
    Многу зависи домашното воспитување. Колку да сакаш да промениш маж, тешко е, така е воспитан, не знае за поинаку.
     
    На bela.m, kockichka, Мариаа. и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.062
    Кажано е се (y)(y):bow:
     
    На bela.m, Мариаа., koritsaki и 3 други им се допаѓа ова.
  18. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Ист е. Мислам дека комшиите ќе почнат да мислат дека го тепаме, а не дека се дере зошто му менувам пелена или сум ја тргнала сушарата зошто тргнал да ја бутне. И плаче, се треска од земја мислиш нешто сме му направиле.

    Не знам ни јас дали е размазен, или е фаза ама не се трпи. Лази секаде, се крева на нозе, бута цвеќиња и се смее.. :|

    Нека кажат мајките со поголеми деца дека ќе пројде :sweat:
     
  19. FemmeFatale

    FemmeFatale Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    И мојов е скроз скроз исти, 9 месеци е. Или не дај Боже да излезам од соба, лази и вришти по мене. Се зафркаваме со мм, да бевме во друга земја, ќе ни дојдеше социјално на врата колку плаче(facepalm)
     
    На KuklickaSk му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Sofi.ja

    Sofi.ja Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јануари 2012
    Пораки:
    8.953
    Допаѓања:
    18.062
    Од која возраст може да се вози бебе на помошно седиште на велосипед?
    На седиштата нема од, на сите има килажа до 22кг најчесто:wasntme: