Во книгава што ја читам пишува дека бебе не може да се размази оти тој поим и чувство сеуште се непознати за бебето и се низ што ќе поминува низ првата година ипол се нормални фази на развој. После година ипол нивните мозочиња се развиени доволно да бебето веќе почнува да презентира размазеност. @Sofi.ja маж ми не бил воспитан да средува зад себе. Неговите се високо образовани, во пензија, свеки е со 2 факултети, и пак, се на нејзин грб дома. Иако маж ми живееше сам си ги собираше алиштата и и ги носеше на мајка му да ги пере, па испрани, испеглани и здиплени си ги враќаше назад. Или после работа одеше таму на ручек. Ама откако почнавме сериозно да дејтаме сам се смени. Па тек кога останав трудна и имав потешки први месеци. Тој чистеше, переше, готвеше. Дури во неколку наврати и ми помагаше да се избањам оти јас не бев во состојба сама. Еве девер ми и после 2 деца е ист. После работа си се затвора во соба и си гледа филмови или гејма и ништо друго не го занима. Сакам да ти кажам дека не е се до воспитувањето, туку почесто е до самиот човек. Да не си мислиш дека нема надеж. Кога веќе спомна дека обврските ви биле поделени првиот месец, значи нему само му треба да стекне рутина. Со муабет, смирено, тоа може да се смени. Маж ми на почеток ми уништи 2 постелнини, омилените, во темни бои, многу убав зимски материјал оти ги пуштал на 90ка па се испораспараа. Ама затоа сега е профи. Се може да се смени ако се има волја. Ти секако најдобро си го знаеш, па според тоа делувај кај него.
Женски, дефинитивно беба моја не беше настината, туку алергија е. Минатата недела се случи тоа што оддеднаш ја фати силна кашлица дури и повраќаше кашлајќи, сега кашлицата ја нема туку кива по 20 пати дневно дури и навечер кога спие, и не само дома туку и дома, кај свекрва ми кога ја носам.. приметувам дека очите и се црвени на моменти и и солзат. Чаре некое? Ич нејќам да давам Зиртек, големата ќерка пиеше и цело време беше поспана..
По ова што го пишуваш нешто и смета како домашна прашина или полен. А лек затоа за мало дете незнам колку има. Јас имам и сум на 3 спрејови, апче за алергија. Едино што знам дека ја смирува алергијата е вит. Ц, и нешто за да се каче имунитетот. Ако имате таму доктори специјални за тоа најдобро е да го посетите.
Фала ви мајки , ќе се консултирам со педијатарот. И големото на нејзина возраст имаше сличен проблем , ама се нафрлаше од нешто и не знаевме од што е , се сеќавам и земаа крв и не испадна на ништо алергична и ајде отидовме кај алерголог ако го кажувам точно зборот , еден и единствен во градов , и наместо да каже што да правиме со бебето , нас не штипеше по рацете и ни рече дека имаме осетлива кожа (лесно црвенеела) па затоа и бебе е осетливо. И тоа. Сега не знам стварно каде да одам , ама тој лекар не ми изгледаше како што треба
Мораш мајка да го ослободиш детето. Ајде сега пандемија, но детето е како дрвото, му треба корен- секогаш цврсто да стои, да знае дека може да се потпри секогаш на нас родителите за било што во животот. Од друга страна му треба простор и слобода да му пораснат гранките правилно. Како што се обликува дрвото додека е младо, ластарче, така се воспитува и дете. Какви насоки ќе му дадеш дали нагоре да расте или искривено, така и детето до одредена возраст се учи. А за другото само Господ да ни ги чува. Мислите ми е лесно. Додека е негде мене срцето лешник, не ми е на место. Лани Тунис беше 7 дена со менување на 2 авиони. На враќање имаше невреме Скопје и се врати авионот Истанбул. На клупа ја помина ноќта. Можете како мајки да замислите како ми беше. Но еднаш мора. Оф топик сум тука. Постов е за поголеми деца, ама ајде Да искористам да прашам по колку пати какаат бебушите. 10+ сме знсм индивидуално е ама мојата по 3-4 пати обавезно
девојки давате ли сладолед? мислам за домашен од овошје, имам калапчиња ама да не е многу ладен за бебе? не дека ке го изеде цел... @Presrekna и кај мене кака 3 до 4 пати на ден
Здраво мајки тука кај ноџето баш еден дел е посветол од другиот и вака е само на едното ноџе од што може да биде баш сега имам заприметено...
Детево денес на доручек и ручек едвај по 5,6 лажички со лажење лапна. Набабрени му се двојките долни и нон стоп бута прст внатре,особено кога јаде. Дали е можно ради забите да не јсде?
Мами здраво, од денес ќе ве дружам тука. Мојата малечка денес наполни 6месеци. За исхраната се водам по "Мој готвач". Ја имам на телефонот. Па сакав да прашам дали сте давале кромид на вашите малечки, и дали прво по три дена пробно па потоа сте и додавале во кашичките? Го прочитав таму рецептот под име "Кромидарник" па сакам да и дадам
А смоки грицкаше И лебче малце касна, едно цицање ми одби, а вечерата ја изеде со малку поголема заинтересираност. Едвај изеде една каша од слива 120 грамска. Му измерив некако температура со тополомер цуцла, одеше до 37.2 и ја плукна. После еден час го истуширавме ( без глава) и после туширање до 37 издржа со обичниот топломер. До колку да очекувам температура од заби?
Смоки да, грицкаше со задоволство. Ѕверчиња мали. Јас до сега не сум имала проблем со температура кај синко, немам искуство за тој дел.
Синко температура од заби имашедо кај 38 ден два и толку, а кенкав е за секој заб, а на почеток сме, 4тиот заб излегува. Со прсти и раце во уста е цело време, не јаде како порано, навечер млеко ќе испие колку му се пие, не му давам со зор. Јас ставав оцет на чорапчиња за темп.