Читам наназад низ темава,има генерација која објаснува дека цицањето т.е мајчиното млеко го намалува железото и хемоглобинот кај бебињата. јас знам дека така е со кравјото млеко ама мајчино.. . Исто сакам да прашам кај нас ли е или летен период кај сите јадењето е намалено. Таман почнавме со 4 оброци пак се вративме на 3 со тоа што појадокот едвај пола ако го изедеме
И ние сме исти случај со јадењето, само три оброци имаме дневно, ужинка не му давам. Ако јаде ужинка оброкот го остава скоро цел. Порано сакаше лепче макнато со павлкака , к. млеко или со каша , а сега не сака леб да види. Лебот го заменивме со смоки за време на ручек, така користам прилика на секое зинување за смока буткам лажичка каша. Жешково нас ни смета , не ни се јаде , а не памаливе. Ама пуста мајка се ќе направи само да не е дете гладно.
Бебињата после 6 месеци ги губат залихите железо кои ги имаат од кога биле во меше, затоа сите педијатри форсираат телешко месо. Нема врска мајчиното млеко со тој пад на железо. Може во адаптирано млеко да има додадено железо само, а во мајчиното нема воопшто
Бебе пролази. Бар така изгледа овие 2-3 дена. Со левото ноџе е нормално на коленце, ама со десното е на стапало. Никако да е со двете колена на под. Дали треба да се загрижам? Дали постои ризик од искривување на нозете оти не се синхронизирани? Имал ли некој вакво искуство да сподели?
И синко така знае да лази, неодлучен е дали да седне или да продолжи да лази. Ако не лази така постојано нема зошто да се секираш. Плус допрва почнува да лази, значи уште ја учи фазата.
Нема простор, моето прво не сакаше на стомак да го ставам не па да лази, за после да почне како што опишуваш, и з многу кратко време пролази профи и многу брзо се движи. Посетува н едно бебе од еден филм бу бу бебе нешто така имаше во него
Исто и мојата. Како накриво да лази. И таман тргнала седнува, па бара нешто да се исправи. Некогаш се турка со стапалата и рацете нанапред додека колената и газето се горе. Додека некој ден не зарие со носот на под. Code: [ATTACH=full]610195[/ATTACH] На ваква поза мислам. Сликава е стара месец дена затоа е поделен дебели шпихозни. Немам нова од оваа поза, сега многу покрената седи. Мислам нормално е се. @Septemvri пишала. Изгледа машките за лазење се поспретни
Јас не можам да ја видам сликата. Синко се пушти ама повеќе лази. Значи сам умее да направи 4 5 чекорчиња ама ако види дека му е далеку се спушта и си лази. Брз е како струја. Или ке оди брзо а со една рака ке се држи за мебел или ке лази. Чекори пушта по два три ако нешто му е блиско.
Не знам што стана со сликата. Еве пак праќам. Spoiler Од оваа поза седнува, па пак лази, ама онака како што објаснив, не профи. Ако дојде до мене, хранилка или друг предмет на некоја висина, се тегне и исправува. Исправена седи подолго време па паѓа на газе. Spoiler
Каj мoетo бебе учењетo да лази беше вo некoлку фази, да се исправи на гради, клецкаше, па скoкаше нанапред, се влечеше.. Дoдека пoчна кoнечнo убавo да лази. Мислам дека е вo некojа фаза на сoвладување и нема прoстoр за паника. За ден, два ќе и прojде таа фаза.
Скокањето нанапред е од седечка положба? Моево уште не знае да лази напред, само наназад и кога сака да дофати нешто пред него од седечка положба се фрла напред едната нога му е исправена во лежечка положба, другата му останала свиткана под газе Дали е ова почеток на лазење нанапред? Дали вашите деца си ги шмукале,грицкале рацете при вадење заби? Двојкиве набабрени,никако да излезат ,ај што сите играчки нон стоп му се во уста,ај и прсти,ама и делот помеѓу палец и показалец и малце погоре од зглобот си грицка.
Дали успеавте да користите чаша со клунче? Многу сакам преку ден да му го тргнам шишето, ама никако не ни оди. Клунчето само го гризе и неможе никако да повлече. Да купам од таа што не тече?
И моето го гризе , убаво и доаѓа поради забиве што излегуваат.. е сега и при гризењето тече вода па нешѕо ќе се напијат. во последно време од обична чаша и давам да пие, се дави и бербат се прави ама ќе научи
Јас не успевам. Купив клунчиња на џанпол, чико и авент. Ниту се труди на влече, живи радости е кога ќе го виде, ама само за да си игра. Од ништо не знае да пие. Најмногу ми е за водата, без капка вода е, а јаде. Цица многу, па не се секирам. Сепак барам чаре за чашка, си потрошив 2000 денари скоро. Ако пие барем од шише, зошто да се мачиш отсега, ќе си научи со време. Ќерка ми пиеше од шише исто долг период, па после сама си почна од обична стаклена чаша.
@MilaSs12 @Septemvri @Presrekna @Larahappy Фазата со тегнење ја поминавме. Таа си шеташе така насекаде подолго време веќе и не мислев дека ќе стигне до класично лазење. Плус експресно се исправа додека се држи за нешто и држејќисе се движи долж креветчето, масата, било што за што се држи. Ова сега е ново. И се гледа дека не е сигурна. Вака изгледа Spoiler Едното ноџе е колено а другото стапало. Се плашам дека целата тежина оди на коленцето. Од утрово е сликата, самата си го фрла топчето и оди да го земе. Па пак го фрла, вежба валда. @Мариаа. Или купи некапечка или давај од ваша чаша. Мојава пие од некапечка од 8 месеци. Периодов пие од се од што ние пиеме, најмалце од нејзината чаша. Пие од мојата чаша или ако види шишето го кревам одма се дрпа. Нек се учат, големи се сега. Чашата со клунче е една од работите што не требаше воопшто да ги купам.
@koritsaki @BirMelek @KuklickaSk @Yowannty И кај нас чашава со клунче нај тапа ствар што ја купивме е. Џабе и јас се нервирам, а и он се мачи. Ќе пробам со некапечка, па ќе видиме. Од обична чаша пие ама поплава е после. Фала на сите. Бај д веј Јованти и мојов лазач така правеше на почетокот. Прво се клатеше напред назад па после додека научи која нога каде е. Кај нас ново е тоа што се пушта и прави по неколку чекори. Ортопедот ми рече да очекувам скоро дека е готов со проодување. Цел ден стои на нешто се држи и оди по гарнитура веќе долго време и сега неколку дена се пушта по неколку чекори и паѓа. Каква нинџа од дете си имам значи.. Само во движење е.
Не е воопшто залудно. И јас планирав такво нешто како конусот и некои топки или коцки што се редат. ❤
Супер, нека вежба бебе кај нас шишесо гумен клун добро се покажа. Не дека пие нешто многу вода,ама пак ок е. Со друго па ич.