Значи да не ја носам на ортопед? @Мариаа. Браво за убавецот. Ете каде прво ќе јадеме постапалки. Моја бебла не верувам дека ќе проодува скоро, уште немам нарачано ни модли за постапалки, а тек 2 месеца треба да стасаат.
Ау Боже каков е овој скок на 6м? 2-3 дена побудалев, а уште колку ќе трае којзнае. Беба не спие, само плаче и легната никако не сака. Само да седи. Ни раце ни нозе имам. Прво мислев да не и е нешто, ама најадена, соблечена, не покажува дека ја боли нешто.
А дали се врти во кревет нозете да се кај што треба да е главата.... Пишто ние сме со тој ред заспива само цицајки и само на спална во нејзиното креветче не сака.... Кога е будна ако ја оставиш на грб да лежи урла играчкуте ги фрла и не сака по нив да оди ги цимоли од нас и срекна е само ако ја седнеме.... А уште не може само да седи..... Што скок ке беше незнам ама од рагање се нокното спиење и беше со будење само за цицање сега јок се буди квичи ке презаспие ке се сврти пак се разбудила пак квичење и се така дур не се предадеме со мм и ја земеме кај нас во кревет
Мојов едно време пиеше од таа некапечката чаша, сега само го гризе силиконот. Сеа па од клунчето пие. Ама општо не сака да пие вода. По 30 мл. Ваљда дека пие многу млеко па така внесува. Ако пие од шише супер. Бар од нешто нека пие. И мојот почна да се пушта по 2-3 чекори и паѓа. Или од масичката до гарнитурата ќе се улета и ќе се фати. Исто веќе без проблем се качува сам на гарнитура и кревет. Дур си игра застанат веќе стабилно стои без да се држи по неколку секунди. @Мариаа. ќе биде тесно кај кого ќе јадеме прво постапалки
Мене цел 6 месец ми беше најужасен до сега. Цело време плачење, нејкеше да спие... Многу голем развој во мозочето им се случува на 6 месеци, плус стануваат поактивни (седат, се вртат, лазат..) затоа се такви. @*malenavolena*87 враќај ја во креветче колку можеш. Поминува периодов а може да ти остане на спална ако се научи Не дека е тоа лошо, ама ти ако си ок со тоа да спие со вас. Поминува
И кај мене така се пушташе по неколку чекорчиња и паѓаше, сега пак ќе падне ама му броев 20тина чекорчиња прави значи знае и по 4-5 метра да изоди без да падне. Знае и да тргне до нешто прави 15тина чекорчиња клекнува и си го зима тоа што сака па пак се исправува. Ама стрикно бос оди, со патичиња не знае му се плеткаат нозете ни со паткање не може да оди. Кога се рачуна проодено детето, кога ќе треба да правам постапалки?
Во прво одделение Се шалам мамичке,лесни чекорчиња,јас на 5-6веднаш направив,да и бидат полесни. Да не закаснам де
Ау рано ми е што знам, не ми е стабилен јас мислев се прават кога убаво ќе прооди без паѓање Леле паника ми се направи, јас не сум спремна психилки на моментов, како малку потресена хахахаха
Фазата на лазење и проодување може да траат долго. Синко лази од 6 и пол а првите чекорчиња ги направи на 11 месеци. Се изненадив. Од еднаш си направи два чекора од едно до друго место. Стои сам стабилно од 10 месеци. Сега пушта по 4 5 6 чекори ама почесто одлучува да лази. Сигурен е, си прави проценка, паѓа исклучиво на газе. За тежина на колено не се секирај. Си прави како и одговара. И се развива моториката, нема да трае долго. Дефинитивно нема потреба за ортопед.
Абе ок да спие со нас :/ јас ја обожавам како и секоја мајка своето чедо ама и сопругот сакам некад да го гушнам а и да поспијам со неа не дека нема место ама не сум опуштена и како здрвена спијам се надевам ке пројде без многу урлање
Да. Јас не можам да спијам кога е до мене. Во викендица кога идеме спие со мене на спална зошто немаме посебно креветче купено, јас се будам на секое негово вртење. Страв ми е да не го смачкам несвесно. А и секако ми е битно да останеме со маж ми да спиеме во ист кревет затоа ти кажав, фаза е, ќе помине. Само трпение
За првото се замарав, да не спие со мене, да не се навикне, па да не се разделиме со мм на башка кревети итн. За волја на вистината, таа си спиеше во креветче и уште спие. Синко ниедна ноќ нема преспано сам, спие со мене. Од старт цица ноќе исто како дење, па неизводливо ми беше да станувам 100 пати и само што ќе го спуштам да се разбуди, а пробав. И така си спиеме 4цата секоја ноќ, креветот на ќерка ми е залепен до нашиот. Мене убаво ми е, од ќерка ми научив дека брзо растат и се осамостојуваат, кога тогаш ќе си заминат од оваа соба. Да признаам колку сум налудничава, првите саати што мали ги спие во креветче, едвај чекам да поминат за да си го земам А колку само ја карав другарка ми што спиеше со бебето, сега ме зеза.
Да, се врти на сите страни во креветчето. И она сака на спална да спие, мм без проблем прифаќа ама јас не попуштам. Се случува ретко на сабајле да ја земеме ама тоа на пример веќе на станување кога е па да дремнеме уште малку, оти на спална одма се успива пак. Нека ни се живи и здрави на сите, се ќе издржиме за нив ❤
Ние се предавсме порано нокеска до 1 и 30 издржавме да слушаме усписе кенкај... И ја земавме а на спална е исто не дека е во место тука јас и мм секој вп ќош а она се врти измегу нас што скпк што период ке беше незнам
Дојдов на постпалки ве гледам уште се срамите да си почастите со @The Unicorn Дојдов да ве соберам во другата тема знам дека Август беа. Чим веќе одат оваа фаза (бебешката) ви е завршена. Ајде кај големите дади и батковци, да ве спремиме за едни фантастични периоди кои следат
За лазење и не ми било битно оти голем дел и ја прескокаат таа фаза, што во прв момент се чинеше дека е случај и со мојата. Е сега тоа што мене ми се слатки деца што лазат и сакам да лази е друга ствар, па може задоцнето ама ќе ми учини. Битно ми е што се исправа и е доста сигурна, и прави чекорчиња дур се држи сама, на една рака се држи со друга пие вода и делува стабилно. Последно научи да седнува полека. Оти прво седнуваше на кревет и таму меко, ама долу на плочки не беше среќна околност паѓањето на газе. Па сега се спушта полека држејќи се за нешто пред неа. Ама не знае да се симнува сама од софа, ниту да се качи а не ни пробала. Сеуште оди со главата надолу. Ама добро, се во свое време. Никогаш за ништо не сум ја форсирала, се е на неа остаено, дури и за дремки и спиење ноќе, секогаш јас се прилагодував и оставав таа како има потреба од истото. Мислам дека е во ред за сега. Браво за момците од генерацијата. Ќе се јадат слатки на поише места значи. Па баш се погодија и само момци да се, абе женско ако не доцни нема кој.
Јас се пуштам во другата фаза со залет. Бебешката ми беше ептен тешка. Сеа само цигла врз глава да не ми падне во новото поглавје.