Кај мене за некој ден ќе полни година и пол и можам да ти гарантирам дека сеуште е бебе. Има некои моменти на дете кога сака да рипне од софа, ги кине цвеќињата и се смее, надвор бега на спротивна страна али сепак е сеуште бебе. Така да имаш уште шест месеци да си го сакаш статусот. Имаш два мирни месеци. Од 14ти паковче лексилиумче и чекај ги тројките и слипинг регресија. Околу два месеци трае сетоа тоа, а почнува со 9от скок без пауза измеѓу
Исто, синко го диктира темпото. Кога сака спие, кога сака се игра. Уште малку ке наполни година и уште има ноќни подои. Најчесто цица два пати, поретко еднаш. Се трудам оброците да му се во исто време, ама ручекот пример, го јаде во период од 2 до 4. Синко се качува на кревети од скоро, рано ви е за таа фаза. Не умее да се спушти ама му покажувам како треба. Кога треба ке научи. Децата кои не се форсирани да проодат прават се по книга. И синко го имаше тој премин од паѓање на меко на тврдо. Ама знае како треба. Стабилен е многу, цврсто бебе. До сега ни еднаш нема паднато на глава. Пама на газе затоа што научи како се паѓа. Тоа е најбитната фаза од проодување. Децата во дубак немаат рамнотежа и тоа е една од многуте негативни страни, често паѓаат на глава.
Затоа па женските ќе не стасаат во зборување. Машките обично се трололо кога станува збор за зборување. Барем кај нас така е. Освен мамамамама и бабабабба и аааааааааа, ееееееее друго не сака да каже. Поголемиот дел од времето си ќути збор-зланик хахахаха
машала. И ние така исто лазиме. Т.е имаме таква поза. Знае да направи неколку "чекори" па пак исто така на нозе и на главче. јас па си викам којзнае што не чека таму Ние имаме многу мака со потењето. Пишував претходно неколку месеци ама тоа не било ништо во споредба со ова. Вчера вечер капено ноќта 2 пати го пресоблакав утрото мириса како голем човек некапан една недела. Што може да е работата? Ме нервира бебе да мириса ..... и шампон сменив. Што може да е??
@Yowannty мојата така лазеше. Сега од таа поза сама станува. Т.е. кога прооде одма сама стана не се задржуваше на ништо . Фаза кон одење е тоа. Многу ретко лазеше нормално.
Исто ќе биде осеќам. Нејќе да лазе. Пред некој ден не знам што и стана, сама фрлаше топче и одеше по него и успеав да ја сликам и толку беше. Сега писка и кенка кога треба да отиде до негде, а нема за што да се исправи и да оди дур се држи. Па некако се труди да лазе само за да стигне до нешто да се фати и исправи.
Мамички и бебушки само да ве поздравиме. Нина моја и јас ви се приклучуваме денес наполнивме 6 месеци
@Yowannty и мојот лази скроз исто, побрзо да стаса до некаде да може да се исправи. Никогаш не сум гледала на тоа како на нешто што не е во ред и мислам дека така лазат за да бидат побрзи. На пример од една до друга соба стасуваме за 30 секунди
Ние денес полниме 6 месеци. Почнавме со војничко лазење ама гледам почна и да се дига сега скроз со нозете, она буквално прави мост, се подпира на прстињата и се турка.. некако мала ми е за така, не знам дали е нормално така да праи сега или рано е.
Апсолутно се сложувам. Освен дека нема "рано" и "доцна" кога веќе се влезени во конкретна фаза. Значи фазата на проодување е почната од негде 9-10 месеци и ќе трае до негде 18 месеци според мојот ортопед. Значи се што ќе следи во тој период, вклучително и симнувањето и качувањето е очекувано и нормално. Исто како што лазењето и седнувањето се очекувани од 4ти до 9 месец. Само што секое бебе ќе ги манифестира во различен период од таа фаза во зависност од степенот на ментален и физички развој. За проодувањето плус битно е и визуелно да биде во рамнотежа со останатите вештини. @FemmeFatale значи не сме сами. Лаземе само ако мора да се стигне негде за да се исправи. @Bubish26 баш утрово читав убава статија и ете имало повеќе видови лазење сем класичното. Меѓу другото едното од нив беше како што опишуваш ти, а едно беше и како моето и на фемефатале. Бебињава чуда мали. @ocicka2014 нек се здрави и живи па се во свое време. Кај мене слуша 3 јазици. Па може да доцни во тој поглед иако сега е брборка.
Доцна во смисла што таа фаза доаѓа по фазата стоење. Барем по мое искуство. Ама да не заборавиме дека некои деца не лазат а проодуваат, значи кај бебињата се е правилно доколку ги оставиме сами да прават што сакаат а ние само да пазиме да не паднат лошо. Некои деца брзо по лазењето проодуваат, а синко лази скоро 5 месеци.
Фактот дека било какво форсирање е непотребно и треба да се избегне стои и не го негирам. Во таа смисла немам набавено ни дубак ни проодувалка, и гзов печурки ми фати што сум долу на плочки со неа по цел ден, а нели најлесно е да ја стаам во дубак па нек се тркала, ја раат. Деновиве се изначитав статистики. Некаде се вели дека послабичките деца побрзо проодуваат, исто како и оние што не лазат, или дека генерално децата проодуваат околу 15 месец. Ама факт е дека, добар дел од децата нема да бидат дел од ниедна статистика, а сепак ќе се развијат подеднакво добро како и останатите.
Има ли некоја мајка искуство со трициклот qplay да сподели? Или предложете некој трицикл тшо се склопува за во кола..
Точно, истото го мислам. Мене задникот ми е добар ама колената... Си ги гледам и си потпевнувам Коленичев јас пред тебе. Не е ист контекстот ама колената ми се црни и груби. И онака не ослабнав од пораѓајот како што планирав па не сум за мини. Мене и зборот проодување ми е широк поим. Кога се смета за проодено? Од 11 месеци пушта чекори сам а со секој минат ден е постабилен и пушта повеќе чекори. Ама секогаш бира лазење. Побрзо му е и посигурен е. Синко не е ни слаб ни дебел. Има бутки и образи ама не е буце. 82 цм и 11 и пол кг.
Здраво мајки, бебуш е 7+ кога се одѕвива на своето име кога не иначе во глобала повеќето не може и наша грешка е што до скоро не му се обраќавме на име него мама татичко и сл.. иначе си е позитивно бебе си пее си игра, но тоа од памет ме вади се и сешто прочитав.. ме загрижува мн.. кога почнаа вашите бебуши да се одѕвиваат на имињата?
Истото го размислував баш на таа воздраст (сега бебе е 9+), ама знаев дека грешката е во нас дека не го викавме по име,епа од каде да знае бебче како се вика Користете го името на секое обраќање кон него, викај го/ја по име и кога бебе прави нешто друго, ако треба и по неколку пати повторувај и ич не се секирај за брзо ќе го научи. Сега било кој кога ќе го викне по име се врти.
Spoiler: Слика Spoiler: Слика2 Еве каки мојов од седечка позиција тргнува напред. Дали е ова фаза на лазење нанапред или ќе се џитка вака како во базен да се фрла @MilaSs12 @Yowannty @Larahappy правеа ли вака вашите?
Да да, правилно си прави. Едното ноџе го свиткува, за со другото да се турне напред и се синхронизираат потоа. Супер си е дечкото.
да, баш вака правеше и уште вака трга од седење кон лазење, само што сега му е увежбано и за секунда е пуштен во лазење.