@Sofi.ja мojата oваа пoзициjа jа пoчна пoсле лазење, сега лази убавo, правилнo кoга ќе се измoри седнува oд фазава на баткoтo, значи првo пoчна да лази па да се мести да седи. Дури мoжам да кажам стабилнo седење. Пoсле фазата на скoкање вo базент пoчна убавo да лази. Каj нас така беше, сите бебиња си прават различнo
Ортопедски за проодено дете се смета она кое само станува од земја без да се фати за ништо ниту некој да му помогне и оди. Исто доста тежок процес за децата кои некои го совладуваат и неколку месеци после проодување. Кај мене лазеше од шест месеци, на десет почна да се исправа, а прооде на 13 месеци. Кога тргна да оди сама стана од земја и замина. Буквално секоја фаза ја вежбаше до совршенство за да биде сигурна. На 14 веќе стабилно чекореше. На 18 почнува да трча. На кревет почна да се качува штом застана на нога. Потоа тоа го усовршуваше за да сега е способна да се качи и да трча по него. Кога се исправи на нозе и ставив стол и обожаваше на него да вежба. Пробај и така. Кај мене љуби да се искачува така да сите игри се поврзани со шипки за искачување, ридови од перници и душеци. На тој начин ја вежба рамнотежата. Инаку секое дете лази пред проодување. Само можеби нема да личи на класичното лазење али физички ќе стаса до местото каде сака. Дали на една нога, рака, глава битно ќе се поместува низ станот. Нема фаза на одење без лазење. Мускулите на нозете за да може детето да се држи стабилно на нив се прават постепено. Потребна е стимулација со ставање на играчки на повисоко да се стимулира станување и искачување. Или за движење да се оставаат подалеку од дофат. Има маси на чико за овој период кои се доста стимулативни за фазата проодување.
Фала. Синко исто како твојата девојка. Се што прави прави совршено. Вежба и вежба. Горе долу во исто време ги минуваат фазите. Сега се обидува да стане сам ама сепак се помага со една рака. Кај и да е и тоа ке го извежба.
Поздрав мајки. Барам совет од мајки на деца со многу коса. Како се справувате. Топло е многу, само и ја собирам во кикици, ама ми е жал по 5-6 и фаќам со мали ластици, знам како боли. Стегачи не држи ги вади. Еве ја утрово од кревет со пижами и облечена ама без фризура. Spoiler А ваква е со кики, но од тие трауми што ги имав од долга Коса како дете сега ептен кратко ја носам. Spoiler Некои мрежи, стегачи да не стегаат околу ушињата бидејќи на ќерка ми сетилата на 1000 и се пуштени, ништо не држи
Здраво мајки барам ваше мислење малата има 12+месеци еве три дена како има пролив што можам да и дадам за проливот?
Леле душа слатка, и син ми е сличен со косата, а 6 месеци има. Верувам кога ќе дојдеме колку вас полош ќе биде, а машко. Не знам што ќе му правам
Еве и ние официјално од денес тука 6 месеци спиевме супер се будеше само за цицање.... Што и е станато последниве недела дена се врти се буди кенка се расплакува сака кај нас во кревет во нејзиното креветче се врти како хелихоптер..... Заспива до кај 9 ипол и до 1 е се во ред после од 1 до сабајле само се буди кенка..... Се се тешам дека е скок во развој пошти ако е трајно ке завршам во лудница
Како се успивате на 9-10 месеци? Дали само моево уште заспива со нишкање, пеење, думкање, плачки, рикање? Мислев дека до сега ќе „научи“ да заспива сама, без церемонии, ама ми се чини се потешко станува успивањето наместо полесно
кај мене е 8ипол месеци, од трети месец некаде заспива сама се помачив една недела две ама ја научив и од тогаш нема проблем, да напоменам не ја употребив cry out методата
Добро, како ти успеа без cry it out? Знам дека каснам, колку се помали, толку полесно ама јас никогаш не успеав да ја слушам да плаче подолго од една минута и све со нишкање, све во раце... Сега е врвот, нема шанси да заспие сама без минимум пола саат церемонии. Како помала знаеше и на цицка да си заспие, само да ја легнам во креветче... сега нема шанси.
од старт сме на ад до некаде мозе да игра улога и тоа плус цуцлата ми помогна многу...кога приметував дека и се спие давам млеко ја легнувам на спална јас или мм до неа галиме пееме една недела така после сето тоа во креветче исто до неа сме...после две недели почна да ми заспива при крај на млеко само ја спуштам во креветче давам цуцла и толку. Е сега и она знае некогаш да протестира кога ја боли нешто што е нормално и не го гледам како проблем. мозеби не сум направила нешто посебно ама ете кај мене запали...верувам дека ти е пробано незнам колку ке ти биде од помош... а за плачењето не плачеше нешто којзнае колку па јас да бидам упорна на сето тоа и не, немам срце за cry it out
И јас сакам да знам, ако има некој трик или магија. 8м е, со цицање заспива, и тоа мора во исто време и да го нишкам, да слушаме бели звуци, да иде некоја приспивна мелодија во позадина, и јас да потпевнувам. Не можам веќе да го додржам, 13кг е, во последно време и тешко заспива, се буни, ми 'ржи, се витка ја фрла главата наназад... Мама бицепс трицепс на-на! Имам пробано да го легнам и да го галам да го тапкам да му пеам, го имам и сам оставено, значи он се преморува до тој степен што почнува да прета со раце и нозе како риба на суво, дури и ме загрижува изгледа како напади да има, ама не заспива. Среќа само што не плаче. Што да се прави кажувајте чаре.
Како јас да сум пишала. Се ко што опиша, па вчера и почна да "клецка", а јас многу се уплашив да не е некоја инфекција на уринарен канал па го чеша, оти нели мајка на најлошото прво помислува, ама ете што била работава.
Денес , 10 месеци ако е ептен многу успана , ќе поплаче и ќе заспие. А најчесто и ја ставам цуцлата лажливка и така заспива
Мојов уште не лази нанапред,се фрла ,се учи. А нашиов педијатар вика ние да сме му покажувале како треба
И моето многу тешко заспива,само да заспие, не се случило до сега. И ние цицање нишкање пеење едно пола саат до 40мин. И толку лесен сон во секунда станува. Се надевам дека ке помине оваа фаза, навистина е измачувачки и за него и за мене.