затоа напоменав дека е на ад веројатно има улога тоа да, плус од старт е успивана од двајцата го нема оноа мама цице успивање
Пак има регресија во спиење?!?! Ова цела прва година се нешто се дешава, и ја едвај чекам година да направи, ме утеши сеа..
За жал таа е потешка од онаа во првата година. Во оваа менува од две дремки на една или од една на ниедна. И од 7 наутро до 22 навечер турбо инџекшн
Едната 4ка не ја приметив дека расне. Сега останатите три му се бели и јасно ми е дека се заби. Не јаде, кенка и плаче за се. Лудило.
Дефинитивно алкохолот психолошки ти помага да издржиш или да се “раскостиш” во сопствениот умор. Зависи од денот нели Ама верувај нема потешко од првата година според мене. Се е полесно кога детето оди, јаде само и почнува да збори.
Мајки хекп!! 9 месеци сме ништо не сака да јаде ни да проба кога ќе ја види лажичката бутка со раци нози вришти пишти како кој знае што да му правам... Пред 1 недела имаше таков период помина почна да си јаде сега баш ништо само вода и 2 пати млеко еднас 120 мл еднаш испи 60мл... Нервозен е плаче за се заби немаме сеуште јадиме грицкаме се шо ќе стигне.. А и во 6 скок сме.. Незнам далине до скок во развој или забче неможам не дава да му се доближам да ги видам непцата се трга..
Заби. Некои готови на хип нуди и ладно за глодање/глодалки. Млеко со кекс и такви ствари лесни за јадење. Ќе потрае.
Пред два-три дена бебуш почна да лази и тоа профи. Преку ноќ. До сега доаѓаше до целта ама со влечење, станување поттуркнување. Толку време се мачеше гревче, но упорно научи. Цел ден на под е. Сега е потешка што за брзо време се и е достапно. Ова малку ја одврати од станувањето простум. Дали е ок? Ќе се врати на станување? И уште нешто. Моево бебе кое е синоним за спиење има 2 недели како немирно спие. Се буди со плачење на 30 мин. Ноќе спие и лази, се врти ко вентилатор. Плаче за кај мене, па ме турка не сака да е во прегратка. Сите пози ги пробавме. Пак ќе нагласам таа спие, но немирно. Преку ден сеуште тера 2 дремки по два часа но и тогаш еднаш се буди ја презаспивам. Ноќе и повеќе бара да цица. Како вознемирена е деновиве. Плачлива за се и сешто. Ако ја оставам сама цивка дури и замира некогаш, ако и земам нешто исто. До сега плачеше од вакцина на вакцина, а сега скроз е смената. Има некоја регресија во спиење на 11 месеци или бебе ми се разгалува? И премногу е за мене врзана. Само Мама, мама по цел ден.
Дајте врски за бајачка бебе скроз ми се смени. Уроци ли се што ли е, не знам ама не се издржува. Ја па у фазон се спремам на велико за карантински роденден, он ме ремети на велико. После 3 хорор дена со 40 тт, он само пишти и плаче. Ништо не му се погодува. Изгледа 4ки пробиваат живи нервози е. Јадење да не види. Врти глава и со раката ја бутка лажицата. Се пушта да оди, паѓа и вришти зашто паднал. Јас у кујна идам он по мене се качува и буквално се тажи како да сум го оставила сам цели 2 саати. Вака ни скок не нема здрмано до сега. 4ки влезете не се соблекувајте.
Леле исти сме и ние за спиењето ноќе, си лази во креветче, се мава во оградата, се издига и ја клати цела ограда и крева нозе да се префрли на спална. Штом го земам кај нас како друго бебе е. Ноќеска ни се разбуди во 2.45 и до 3.40 се успивавме. Јас пејам нани бебенце како штракната ,сто пати згрешив текстот од што ми се спиеше, тој земал цуцлата и ја нишка со рачиња
Една 4ка излезе без проблем, не ја осетивме. Сега му се набобрени останатите три и е лудило. Кенка, ништо не му е погодено. Јадење да не види, леб и абц сир за ручек. Џвакаше корка без проблем, голташе и не се давеше. Во секое лошо има нешто добро. Смоки и јогурт, кисело млеко, тоа е менито овие неколку дена. Цицка стандард, во љубов се, нема криза. Мене скокот во 4ти месец со нецицањето ми беше трауматичен. Останатите не ги важам. Имаше периоди кога со мака го успивав, грчевите исто така ми беа трауматични. Ама помина. Уште малку ке се одјавувам од оваа тема. Ми порасна синко. Од неколку чекори пред недела две, сега прави по 6 7 8 чекори и се почесто. Лазењето уште му е прв избор.
Маjки На девojчевo мoе интереснo и става да гриза за време на цицање. Прoбувам да не реагирам да не и стане интереснo ама бoли... Решение?
и мое бебе ме гризеше, стискав заби и игнорирав, му беше и игра ќе ме гризнеше и чекаше реакција или ќе си се насмееше, а јас мудро и болно си молчев. траеше недела дена, се на штрек бев, еве сега поминаа неколку недели од тогаш ме нема гризнато. Стварно многу болеше, очи ми се насолзуваа во моментот некогаш, ама мислам дека игнорирањето помогна
Јас го карам кога ќе гризне, со сериозен лут глас Не! Не! И он од што ќе подвикнам се трга одма и престанува,па му кажувам дека ме боли не така,и продолжува со цицање откако ќе се смириме Ако не пушта,малото прсте стави го во аголот на устата ќе пушти. @PoisonGirl и ние имавме еден настап синојка во креветче во 4и30, ставил рачињата ќе се исправа,се смее под цуцла,му ја тргам уште толку на глас. А мајка му и татко му со по едно окце го гледаат поспани па го земав на цицка го презаспав
Како јас да сум пишала... Исто бевме со температура и од тогаш исто вака е непогодена и само ми се беси, се прам со една рака Само ти барем за награда ќе добиеш 4ки, ние ниедно запче немаме Ќе издржиме до роденден, после очекувам помирно дете