@Мариаа. Баш ќе те барав за врски за бајачки. Примаат ли со коронава? Исто со тажењето е и мојава, како некој да ја коли вреска. @Mia Fuentes теши се со нас беззаби. Арно мајка ми вели, не е што ќе се разболат туку што ќе се разгалат. @PoisonGirl сигурно е некоја фаза Или некој вирус што се пренесува преку форумски мајки Еве ја вечерва од 21:20 спие и има вреснато 10 пати. Некогаш само цуцла и ставам и се смирува, а некогаш мора да ја замам.
@Мариаа. @Presrekna @Mia Fuentes @PoisonGirl ме паничите. Дали кај нас овој мирен период е затишје пред бура? Боље ич да не пишувам да не се УРОЧАМ Бтв со јадењето сме хаос. Нели не може се да е по таман! Доручекот и вечерата нејќе да ги мирисне. Го јаде само ручекот, ваљда дека ептен огладнува и пие многу млеко. Да прашам педијатар да не треба да намалам со млеко за да ги јаде оброциве Ептен си го сака млекцето. Љубов му е Бебе! Имам фора уште месец да си го викам БЕБЕ! Малечко бебе на мама! Сама ќе се испратам
@Presrekna ќе се јавиме кај Иван исцелител, стопирано е се ради короната @The Unicorn и јас сум иста лигајчарка, стално ќе ми е бебе, потајно се радвам што уште нема заби, право новороденче е
Јас секако пробав и она продолжи да каса. Мислам дека со НЕ ја изиритирав највеќе и потоа речиси ми ја откина пупката. Така да ја одбив и потоа мене ме касаше со месеци. Испадна дека од забите касала речиси сите ги извади досега уште петките.
Пробав и јас со игнорирање ама немаше ефект. Еднаш му подвикнав, се натажи, веројатно се навреди затоа што никогаш претходно му немам подвикнато. Ми беше многу жал ама не може да гризе, ме боли, а цицката му е се. Плус планирам да го дојам подолго, барем уште 4 5 месеци. Каде ке ни е крајот ако на секој заб ме каса. А и мене синко ме каса кога го мачат забите. Сега вади 4ки, одбива да јаде, уште изгризани брадавици ми фалат. Знае да каса и кога не му се цица а јас му нудам. Тогаш го тргам.
А ич не бев лигла бе. И ептен ми се лигави луѓе. Не знам што ми напраи бебево. Сега еве, лежам до него и го гледам како слатко си спие...
Ние останатите си ќутиме и глумиме јаки пред народ иначе сите се лигавиме до бескрај да не ти е мисла
Мајки моето бебе пие Аптамил си напредува но знае често да го исповрати млекцето дали и е вишок или не и одговара ве молам искуство ваше
Најубавата слика на светот Убаво е што си ги донела до степен да спијат на иста перница. Подоцна ќе ги собираш убавините од овој чин. @Мариаа. ги приближи твоите, заврши со фазата?
Уште повеќе ќе се сакаат. Кај мене како близнаци се од утро до мрак залепени. Наутро Ози чека да стане Емили му отварам широко врата и он скока од врата кај неа и така почнува денот. Ненормално убаво чувство е тоа. Моментално на тараса се шетаат:
Многу се љубовни бе. И какви слики им праиш. Ја додека ги наместам еден веќе отишол у друга соба. Лора моја нема толеранција никаква, и тоа многу ме плаши. Она ептен го чува од непознати, кога сме надвор. Неможе никој да се доближи до нас. Претходно не била таква. Ама затоа дома само се фуфли, ама и овој ја малтретира многу. Секоја топка кај неа во глава завршува. Се надевам дека кога ќе порасне ќе бидат помирни двајцата.
Да да таа е таа фаза кога проодува. Кај мене Емили му го тргаше чергичето под нозе редовно додека лазеше. Потоа се зближија па месец дена ја фати некое љубоморно лудило го кубеше зошто го галев. И сега се во најубава фаза не можм д ги начекам на утро не знам што попрво ама ќе го снимам тоа будење. Потоа Емили му легнува образ на образ и буквално се галат. И треба време на Лара. Ќе видиш како се тоа ќе си дојде на свое место. Само поголема интеракција меѓу себе и заеднички галења.
Нашата кучка уште не регистрира бебе. А и бебето нешто не ѝ обрнува внимание. Сега кога почнува да лази, ако му е во близина подава рака накај неа, ако не воопшто не ја ни гледа. Цел живот збориме како карактерот ѝ е ко на мачка, и не ми се верува дека и со бебето е таква. И многу ми е криво, сакав во љубов да се, отсекогаш куче и детенце ми била најубава слика. Еx.
Не знам колкаво е бебето, но кучето почнува да ја регистрира од лазење. Дотогаш може да ја душне или да ја надгледува од далеку као: “што играчка е оноа што не ми ја даваат” Ама од кога ќе почне да му зазема територија забавата започнува. Само што за разлика од нас со неа е претолерантен. Ако спие само она може да му викне на глава и да го гушне. Дотогаш за таков потег бевме искасани
Тек сега ќе почнат со дружба. Мојов не сака деца, па еве со нејзе како си седи и си трпи. Стварно му требаше време да се навикне, ама штом она почна да лази и да го брка по дома, едноставно си се удружија. Па и јадење кога почна да му дава, ехеее....
Може и да вежба лазење во кревет, затоа да спие немирно. Плус се јавува separation anxiety кога ја бараат мајката цело време. Затоа те бара, нормално е. Ќе трае некое време, ќе помине, па пак ќе се јави и така до 2 години. Немаат чувство за време и секунда кога не те гледа и трае вечност и те бара. Преку ден играјте као демек си одиш со чао со се, и врати се одма, па освен што ќе добиеш голема насмевка, така ја учиш и дека мама секогаш се враќа.