Мајки, како сте со јадење? Малава има 6 месеци, јадеше и се радуваше на секое јадење,мака немавме и мислев ќе продолжи така. Сега се мачиме со јадење, ако не е банана ништо не јаде, а и од неа ќе касне 5 лажички. Се мршти, затвара уста, прета со главчето и ќе се изнервира ептен, па плачки.
Можеби се заби во прашање. И синко супер почна а потоа беше хорор. Сега вади 4ки и јадењето пак ми е болна точка. И онака е нејадач, кога вади заби е страшно.
Женски дај кажете што доручкуваат беблите? Останав на киноа на 1001 начин. Со банана најмногу проаѓа. И тоа е добро, до пред 2 месеца ни банана не јадеше. Дајте идеја со што да комбинирам други житарки ништо не ми проаѓа. Си јадеше по малку од се, не знам што се смени вака... Земав и од првите бебешки млечни креми, демек да и мешам ама ни тие веќе не ми проаѓаат. Не знам што ќе се праи вака..
Денес jабoлкo, бисквити, банана и ад за 30 секунди излапа И сите кoмбинации сo киселo млекo ми прoаѓаат така да прoбаш
@Spidy @FreeMind Лелееее ми дадовте надеж! Ќе си почекам тогаш, мора да бидат најдобри другари. Фри, додека си тука да те искористам малку. Те имам читано на темава (да, неколку стотици страни имам исчитано лол) дека имаше големо бебе. Вчера на контрола 8мес докторката ни препорача да суплементираме CaMgZn. Хемоглобинот сега му е во ред, ама рече да му давам капки уште еден месец. Како беше кај вас? И даваше некакви суплементи на малата? И yште нешто во врска со јазикот. Мм има два мајчини јазици, од кои еден и јас зборувам, го имаме и англиски заеднички, и плус јас македонскиот. Имаш некој совет? Зашто ако добро сум разбрала странец е мт. Инаку да се вратам на контролата, јас бев загрижена дека е дебел, ме изненади докторката што не ми рече да намалам со храна, ниту да кратам подои, беше као, продолжи како што си правела до сега, супер е малиот. Среќа, зашто ако требаше да кратам подои, не знам како би го извела тоа, дали конечно ќе никнува запче или што, ама нон стоп бара да цица, и ако нема цицка во близина ми ја шмука ногата раката што стигне. Аман запче ајде појави се.
Да, јас имам големо бебе Многу смешно ми дојде кога прочитав. Никаква диета и кинење подои во никој случај. Кога ќе прекинеш да доиш ќе си остне со таа килажа. На шест месеци беше 12.00, сега на 18 е 13.300кг. Само ја оддржува килажата од десети месец наваму. Еден стомачен вирус кога ја закачи ја симна за три недели едно кило. Така да верувај ми подобро е да има бебе залиха отколку да нема така ни рече педијатарот. Бидејќи еден вирус и заминува се. И колку и да дига на килажа ќе дига до макс 10/11 месец. Потоа ни по 100грама нема да качува со месеци. Остави го нека си цица колку сака и кога сака. Суплементи во Европа не даваме на бебиња. Таму веројатно има друга клима и затоа се дава. Како ќе ти речат така прави. А за јазикот ние сме двајцата македонци. Дома се збори исклучиво на македонски јазик. Со пријатели зборуваме на англиски и германски јазик, во градинка е само на германски јазик. Цртаните и песничките се на англиски јазик. До третата година се развива центарот за јазици кај децата. Колку повеќе слуша толку полесно му ги процесира мозокот. Би било убаво да ги слуша македонскиот, англискиот и мандарински претпоставувам е официјален во тој дел. Мандарински во школо секако ќе научи така да воопшто не се трудете на тој јазик нешто да давате основа. Ние на пример никогаш на германски не и се обраќаме. Имаме словенски нагласок, а она би требало да си го слуша германскиот нагласок.
На млечно ми реагира со алергија. Па го избегнувам. За житарки повеќе ми е. Овошје е ужинка, не дава ситост, а житарка давам за доручек, покрај хранливата вредност, дополнително дава и енергија, која сега и е доста потребна оти многу троши. Ми треба некој трик, магија, хипноза некоја за останатите житарки, оти се престана да јаде освен киноа.
Пред околу 2 години видов во Џамбо на каса Виталиа барс. Тоа беше прв и последен пат да видам Виталиа овде. Ама ќе побарам баш, оти немам веќе идеи за киноа.
@FreeMind Фала ти мноооогу за исцрпниот одговор. Во врска со јазиците, па така некако и на нас ни е идејата. Јас му зборувам претежно на македонски, евентуално на англиски, татко му му зборува на кантоншки, и мy имам забрането на осакатен англиски да му се обраќа песнички такви ствари мандарински и англиски, а и на школо тоа ќе учи па како што викаш не мора многу внимание да се обрнува. Фала ти уште еднаш.
Да видеш некој друг овес со вкус на малина? Стварно е преубаво и мене ме занеси вкусот и не е исто како кога ставаш малина.
Виталиа имам видено во Галаксиас супермаркет и Космо + , доколку ги има кај вас ама ги нема сите производи за жал
Како сте со апетит периодов? Од бебе што јадеше се' сега се мршти на секоја комбинација. Само банани јаде, аман више.
Ги нема. Ама што вика Бејби ќе побарам овес со малина на некоја друга фирма. Попладне секако ми е планирано до Џамбо, па баш ќе видам за Виталиа дали ќе најдам, ама не ми се верува. Пукнав периодов со јадењево. Ем ко маче јаде, ем прибирлива стана.
Same here Апетит 0. Од доручекот и од вечерата нејќе да мирисне. Само ручекот го јаде ама и него количински помалку. И млеко што пие... Цела генерација се жалиме периодов од нејадење
Поради топлово не јадат. И моево доручекот некако на сила го јаде деновиве. Јас овошје и давам само за доручек , не знам дали од бебешкиве креми да и давам и за доручек ете со овошје мешано, зошто кремиве и ги давам за вечера.
Страшно е ова нејадење. Да, исто само ручекот може да пројде некоја лажица, вечера нема шанси. Одма урла. Ај па на млеко ќе се префрлиме периодов. Нели бебиња да се уште сакаме.
Ја кремите и ги давав и за доручек. И уште и давам од нив кога немам идеја што да и напраам или сме на излагање, а се успала. И обавезно житарка за доручек гледам да има. Што знам..така ме советуваше педијатарката...
Значи исто сите. Јас пред 10 дена прва почнав да се жалам за не јадење. Решиле бебушиве да му прават друштво на бебушот на септември И ние да видиме како И е на @Septemvri . Почнав други јадења да воведувам како мафини, пченица варена, тостерки, шпагети. Среќа мојава овошје обожава и го јаде во секоја комбинација со житарка за доручек. Кај нас ручекот е проблем, несака месо и го подмитувам во супа како кнедли со гриз. За вечера млечните Каши и досадија, па давам мафини, палачинки од житарки и овошје или кисело млеко со овошје и житарки. И направив хумус како намаз, дадов да проба го јадеше, утре е на мени. Малку од топло, малку од што се ги интересира само храна не. Ќе ве прашував дали им давате сами да јадат и тоа парчиња храна како blw методата? Јас почнав овие денови. Гмече, игра, со храната, но нешто ќе заврши во уста. Долго време читав и истражував, па и давам од варениот зеленчук парчиња, па прво "јаде"сама а потоа додека игра и давам од блендираното јадење. После јадењето хаос околу А шише освен за вода не фаќа. Ама затоа цице и е секогаш во преден план. Цица наутро кога ќе стане, цица веднаш после доручек за прва дремка, цица после дремка како за ужина, цица пред втора дремка после ручек, па може пак до вечера да цица повеќе за галење и цица пред заспивање навечер. Ноќе еднаш цица, но овие денови кога се будеше 12357985425688421 пати можеше и 2-3 пати да цица. Ноќеска имавме конечно мирна ноќ се надевам исто и вечерва.