Кај нас помина периодот на не јадење, траеше некои 2, 2ипол недели Сега лапка батко три оброка од 200 грама и некоја ужинка измеѓу,плус цице Исто така можам конечно да се пофалам дека пропи вода (откако почна да забушава со храна ) и сега пие околу 100мл на ден,а јас сум пресреќна што не посегнав по сок во очајот да пие течности. И да се пожалам, значи не можам веќе 10ти месец иде да станувам на саат,два за цицање Ме уби малиов,на прсти можам да избројам кога сврзал 5,6 часа сон. Хронично сум ненаспана и тешко ми е што знам дека ова ќе трае додека не престане да цица. А кога ќе биде тоа...
Исто, само осум месеци, ок и плус неколку од бременоста од тогаш не ме остава да спијам. По совет од педијатар меѓу другото почнувам да суплементирам калциум, а имам читано дека некогаш спијат немирно/често се будат заради недостаток. Баш ме интересира дали ќе се смени нешто. Прашање до тие што има(в)те непијачи на вода. Кога пропија? Значи ни со пипета не ми успева, ја плука. Капките железо што се ултра грозни ги голта а водата не.
Еве на 9 месеци пропи. На 7 пиеше,на 8 едвај 10мл, пробано со триста шишиња и чашки. Сега си пие најчесто од шишето авент со цуцла
@Presrekna во последно време не и ја блендирам толку течна храната ама се дави а за да гриза и давам лебче, бисквити , се мачи кутрата ама тоа е кога нема заби За вода уходав за чашата magic cup на nuk , со стискање на силиконскиот дел пушта вода ама ќе се напие некоја голтка и толку. Ама затоа од обично шише пие ехеее
Јас да ти кажам одкако го одбив од цицање раат сум. Инаку ноќно време се будеше , не цица убаво да речеш огладнело дете , онака ќе шмокне два три пати и толку. Сега и да се подразбуди двам шишенцето водичка или сокче и одма продолжува, ни него го вадам од креветче ни ја кмишам на спална. Бар од тој аспект сум раат.
Исто не цица да се најаде туку колку да го баци цицето Јас пробав накај 5ти месец со вода кога ќе се разбудеше,еднаш два пати ми прифати ама повеќе не. Ми беше жал дека млекото му е основна храна па ајде попуштив и го доев. А и тогаш бар легнуваше 22,едно будење во 3, друго 5, па 7. И на тоа се жалев, ама сега го барам Инаку сега би пробала со вода едно будење бар да пресконе,да се навикне да спие подолго
А ние и @Mia Fuentes што да кажеме 11 месеци без заби. На @Yowannty лепотицата 4 вади. И сирото мое бебе џвака се труди.. . Знам дека со blw методата каснам ама подобро некогаш отколку никогаш до прво да и давам пресирано. Кај нас на рати е како јаде. Денес варен овес во зрно скоро неблендирано јаде, некогаш грутка од млечна каша и смета. @PoisonGirl затворивте поглавје доење?!? Како лесно помина? Моево ептен сака да цица. Вода пие околу 100 мл и цица често. Има денови 30 мл не пие, но нон стоп нудам. Забележав ладна од фрижидер вода повеќе пие и давам. За синко се плашев од грлото и сеуште не пие ладно, а многу често е засипнат и болен. Оваа ќе ја челичам!
Како да му го исчистам носот? Пун му е, со аспиратор не дава никако а ептен со денови се мачи, само што ќе го види аспираторот урла. И дали им ставате наочари за надвор? Гледав на чико едни ама не знам колку ќе ги носи зошто шеширчето само што ќе му го ставам во истата секунда го вади.
Се дере и плаче и синко ама мора да му се исчисти. После бањање, маж ти нека го држи ти влечи или обратно. Наочари нема, има капи и ги носи. Ти стави му ја а во раце дади му уште една да ја чепка и така терајте.
Специфично е тоа што го има тој дел напред. Не е класично како сите седишта, туку делот напред е како послужавник. Има добра adac оценка (ама не сум сигурна) ама мислам дека синко не би седел во такво седиште.
Јас се водам по тоа кога е бебе спремно, а не кога е правилно, сепак некако се бунам сега оти беба ми е 6 месеци и 1 недела. Почна да лази, се турка со нозете и како зајче изгледа од страна, сега кога и да е легната на грб прави како мост со нозете и интересно и е да скокне така кога е, кога е седната пушка ги прави нозете за да стои.. нели е рано да се подпира на нозе или? Внук ми на 7 стоеше сам на 10 месеци заоде без држење,мајка ми на 6 месеци исто има слики кај што стои ама патче мало е пак ми е шубе.
blw е најдобриот начин за исхрана според мене, е сега тоа шо ние мајките паничиме дека ке се задави е друго. Не се водам по тоа затоа што во во ниту еден педијатар не најдов сигурност да ме води низ тој процес но штом почна да седи самостојно давав и парченца и сега грицка без проблем, цел ми е од година да почни да јади храна како за нас само без зачини...( уште да имав јадач дома) ве читам за заби мојата има но забите немаат улога со џвакањето.
Ист е и мојов и капа и наочари вади. Исто сакавме од чико,ама купивме од ДМ за проба 140ден беа,ама џабе тегне очи ќе си извади
Не се доиме скоро месец и половина. Одкако почнавме со ужинки скокнавме и дневни подои, цицавме ноќно време. И тоа ноќно цицање беше се си мислам ради реда , а и богами не траеше долго 4-5 ноќи. Планирав да го дојам само ноќно време колку да се одржува лактација и кога ќе нема да сака да јаде оброк , кога ќе го мачат заби да нудам цице. Но , не е се како што мама планира, мали сам си се одби. Дури првата ноќ си заспа без цице , потоа вечерта се подразбуди јас му нудам тој се трга назад исто како што се тргаше во 4ти скок. Цела вечер не проба цице , истото беше и наредната. Ем решена бев да го одбијам постепено, но не мислев дека ќе биде толку брзо , се осеќав некако навредена од синко. Проблеми со градите и немав , ми беше секако поднамалено млекото, ми стврднаа некаде третиот ден градите , се пододмолзив,се стегнав два дена со завој. Сега морам да кажам и дека сум лута на другачкиве мои, колку ми беа пораснати додека доев, носев 95ка прслуче , а сега си се вратив на старото 75. Ме изневерија.
Имам чувство дека бебе не ми се најадува убаво навечер со кашите што се прават со вода :/ Дај кажете ми тие што сте на АД со 9-10 месеци бебе, какво АД треба да земам за повремено да користам млеко? @@koritsaki мислам ти користеше АД за некои каши? Првите две недели после пораѓај кога давав дохрана дур надојде млеко ми рекоа да давам хип комбиотик зашто бев со царски ама не знам сега дали треба по нешто посебно да се водам или може да земам било какво...
Уф зборими за шубе.... Мене ми е шубе да ја оставам да седи а се само да седи сака и ако види играчка што не е на дофат оди напред да ја земе како жаба.... ако ја ставам потпрена со перници под 45 степени се излизгува со газот намерно надолу па ко што викаш прави мостови а ако е на меше деновиве веке почнува да плива со ногичките бутка како жаба ама не успева да залази и се нервира.... А се си мислам дека е рано за лазење на 6 месеци а и за седење е рано ама ова мое радознало бебе сака да оди пред времето Сакав да ве прашам и вас поискусните мами кога воведовте оброк и како оди со исфрлање на едно доење???? Као пробуваме вкусови уште, ама пошто ми се гледа долго а она сака да јаде јас и давам од она што веке пробала по еден оброк плус по малку од намирница што не ја пробала??? И колкава порција треба да јаде едно 6 месечно бебе???
Ама од 5 и пол месеци се става слободно под 90 агол, иначе мојава лази и педијатарот ми рече одлично пошо ептен е цврста и борец невиден е, не застанува од кога е родена со претање, темпераментно бебе е. За лазење немај гајле, туку мене ме буни тоа што исправува нозе и се подига сама на нив да стои. За оброк и исфрлување е вака, сега јас ту кажувам според Др.Марина-Ремедика и педијатар од Австрија. Прв оброк цел е за ручек до кај 1 саатот, кога ќе има еден цел оброк исфрлуваш цуцање, одиш на неколку лажички доручек со доење, стигаш до оброл и исфрлаш доење, накрај вечера 2 саати пред спиење со доење, доење пред спиење, оброк и ти останува само доење пред заспивање, измеѓу кога сака да цица нема гајле. Оброк е колку една цела тегличка на пример Хип (130-190г). Е сега мојава не јаде толку.. имаше и стагнирање во кг ама одат на тоа дека е во должина долга и многу е жива ама стваро не јади. Не и буткај со сила ми рекоја, прати ја кога и колку сака она. Ние до сега требеше да имаме 3 оброка ама со малава се молам за пола да изеде тегличе да изеде. И совет од нив ми беше 2 недели по малу со цицање, по 2 недели оброк, па по 2 недели воведување друг оброк ( неколку лажичи) и така се до вечера.