Значит конечно ќе ми се вратат и мене кога ќе престанам на 75? Ау ја не можам да се гледам, ептен ми беше преубаво со мали хахах
Хаха, а што да кажам јас која сега дури дојам и тоа 5-6 пати на ден, градите не ми се поголеми од 70-75 и тоа пуш ап прслук Тек замисли кога ќе ја одбијам- јајца на око Среќа мм не сака големи гради, а што убаво ми пораснаа бремена и првите 3-4 месеци додека доев. Ќе се санираме. Наздравје нека му биди, чим само решил баткото да не цица .
Мене ке ми се намалат, а огромни ми се, ниту едно старо прслуче не ме собира. Проблем е што ке виснат. И тоа бајаги. Ама му го пружам најдоброто на синко, па што е битно? Стомакот ми е цел со стрии. Царски бев. Ама сето тоа, и многу повеќе вреди за оваа љубов. Синко ми е се.
Кој има искуство со вадење 4ки да сподели? Редовната столица и е течна веќе недела дена, ако не и повеќе. Рацете и се нон стоп во уста, цели раце си бутка назад во уста. Се лигави ко пит бул. Значи лиги насекаде. Па последниве 2 дена и во каките ги има. Вака не се лигавеше ни за првите запчиња, ни како новороденче... Си ја тегне косата и ги патка ушите. Колку долго може да трае овој период на вадење 4ки?
Потполно се согласувам со тебе. На ни едно дете не му е важно дали Мама е дебела, слаба, со стрии, целулит. .. Се додека бебе ми е задоволно и се радува на она што го пружам, другото не ми е важно. Еве јас немам нити една стрија, ни стомак, но имам подочњаци до колена, бледа сум, изгледам изморено. Преку ден гледам повеќе да сум со бебе и синко. Да ја едуцирам, надгледувам, сега лази и секогаш ми е на око, да имаат пресно и разновидно јадење со салата, некој здрав десерт.. . Кога спие гледам по дома да завршам работи еден тон, а работата за во фирма ја правам ноќе. Еве сега да ѕирнам што има па почнувам. Edit @Yowannty пишала. Не знам мила ние кецови немаме, но последниве дена бебе ја куби косата, ги вади кикиците, си ги мава ушињата. Како кожата на себе да ја нервира. Се надевам заби се во прашање
Јас обратно. Делувам одморено и здраво. Не сум слаба, а јадам доста месо па мислам дека не сум ни слабокрвна иако дојам една година. Почнав да слабеам затоа што синко почна да оди и открива дека може да прави многу повеќе бељи. Од друга страна телото ми е сменето. Стомакот цел со стрии. Над раната имам класично стомаче кое сака вежбање. Градите виснати. Ама синко е среќен и на крајот на денот ништо друго не е битно.
Аман сесре пак истите маки ги имаме во исто време. Ја не знам колку ќе трае, ама знам дека бебе ми се смени ептен. Како полуден е незнае што со себе. Ме каса по цело тело, ужас. Не јаде, само кенка, и лигите му се виснати и му течат цело време. Приметив само дека недела дена непцето му е ептен отечено баш на местото како топче. Нека искачаат побрзо.
Пак јас. Сега баш сакав преку мислењата видам, ама знам долго се мачеше. Овој пост е од 27.12 А овој 07.12 Цел месец сум се жалела и уште не биле ни испаднати
До четворки дојдовте сваќе? Леле ние беззаби. И само се лигави Те читав за носето. Како е мали? Сеуште затнато? И нас чистењето носе( макар што ретко има потреба) е војна. Не дава да дојдеш со аспираторот до 1 метар од носето а не дај Боже пак да успееш сама. Секогаш го барам синко или мм за интервенција. После бебе се лути и не мава. @MilaSs12 јас така бев после пораѓај. Сега ептен ослабнав, ретко јадам, многу трошам, бебе знаеш напорно, плус тинејџер по дома кој 5 пати се преслекува, 3 пати излегува. Ноќе го чекам до 12 да дојди, па додека се видиме, да каже како, што 2:00 дошол. Наутро во 6:30 бебе петле станато подготвено за лудории. Не знам вие мајки сте помлади дали го знаете бебето Кичо од Попај морнарот. Моментално бебе исто ми е како него. Ситна како напрсток а лази по дома. Милиони пати лази лази па седнува. И сега сака од лазачка положба да стане директно. Ги исправува нозете, рацете ги носи до стапалата и проба да стане. Кога ќе го совлада тоа? Spoiler
@Мариаа. А со столицата како сте? Се нервирам што е течна, почнав да давам пробиотик деновиве, ама не и праи некаква разлика. @BabyT ти моме си ми ѕвезда водилка. И ова што имаш пишано со цицањево. Буквално си мези на цицка. Саде си седи така. Ако ја тргнам вреска. Ај денски некако се издржува, ама ноќе веќе не можам. Скроз ме исцрпува и ме прави анксиозна. Денеска плус труп сум болна, едвај го преживеав денов, молам бога да ја преспие цела ноќ.
А уште полоши се тројките, ама тоа кога ќе стигните до нив Цицката ми беше крвава и ме болеше и блуза да ме допре. Ајде цицката е утехата, нека се збие на неа само нив да не ги боле
Мајки деновиве каките ни се многу суви и многу тешко кака, не знам дали е од храната, праска и круша јадевме за доручек за ручек компир и морков може ли од тоа да е??
Ако сте на цврста храна подолго време да. Немаат повеќе течна кака, туку нормална хах. Знаат и запек да имаат, морковот прави запек ама крушата не. Комбинирај ги.
@Presrekna Е снашка моја види ја Исти се. Тоа се тие акробации. Носот му е хаос, а бега низ соби кога ќе го види аспираторот. Смешки. @Yowannty Ние бевме скоро 4,5 дена со течна столица ама он беше со тт неколку денови јас мислев е од тоа, ама педијатар ми рече дека може да е и од забите. Давав и јас пробиотик сега се среди. Му давав да јаде и тврди банани.
@Yowannty после кецовите и двојките четворки ли искачаат? Се шо опиша прави бебе мое посебно тоа со ушињата е само шо кај неа редовно столицата е течна.
Да, 4ки се пред 3ки, ама секогаш постојат исклучоци. Чим прави така значи се местат 4ките за излагање. Со среќа нека ни е на сите периодов.