Thanks Мојов е голем, 11 месеци има не е за у марама ама сепак неможам да му ставам маска и затоа ме интересираше.
Мајки што давате АД, ми треба помош. Намалувам подои, и сега не знам како да се снајдам насабајле зошто до сега цицавме цело време. Значи бебе се буди околу 7 саат и пробав да му дадам АД, ама после не ми го јаде доручекот. Дали мора сабајле да пие млеко и како да се организирам?? Како правите вие?
После колку време му нудиш доручек? Другарка му даваше на син и ад, па за три часа појадок. Ме интересира, од кога почна да даваш ад? Синко освен малку вода, друго не сака да пие од шише. Кога ке престанам да дојам, би му давала ад, ама немам надеж дека ке прифати. Секако, не планирам сега брзо да го одбијам, само собирам искуства.
Преку ноќ не цица веќе ни еднаш? И во колку часот му го понуди доручекот после ад то ? Вака правам јас. Последното млеко го пие пред ноќното спиење. Тоа е околу 22 - 22:30. Се буди околу 05:00 и тогаш му давам пак млеко и презаспива. Доручкува во 10:00. Одамна се туфкам да го тргнам ова млеко во 05:00 да нудам вода, и во тој случај дирекно би доручкувал без млеко. Ад то ги заситува повеќе од цице. Минимум 2 ипол часа после ад тешко дека ќе ти јаде убаво.
Здрави живи сме фала. Кога јадеме, кога се молиме, кога мирни сме( читај не сме), кога ровари, во глобала добри сме. Кујни во џамбо имаше. Лани зедов за поклон. Околу 20-25 евра беа од Солун. Дали ги има и тука не знам, а оваа голема со доста елементи и звуци, сијаличе, микро и чешма со вода. Види во Пи Ки бебе маркет или лотус на фб. @MilaSs12 јас се пробав бебе да пие од шише, без успех. Освен за вода за ништо друго не фаќа. Дури ни молзено мое млеко не пие. А ми е мака што до 6 месеци секакво шише фаќаше. Се смеевме тука на форум дека на пивско да и ставам цуцла ќе пие. Друго ќе прашував. И јас ко @Мариаа. Не можам да се снајдам на релација оброк- цицање. Моево станува кај 6:30 цица кај 7:30. Во 9:30 има доручек, па кај 10 кога заспива пак цица. Потоа цица кај 12:00-12:30. Во 13:30-14:00 руча, Во 16:00 цица и спие до 18:00 Ако дадам ужина тогаш, па вечера кај 20:00( бидејќи излегуваме тогаш), набрзо и доаѓа цицањето после вечера бидејќи кај 21:00-21:15 цица за спиење. Е сега вчера пробав кај 18:00 да и дадам вечера, а кај 20:00 како ужинка кисело млеко. Дали е грешка? Мислам вака помалку оптоварено е мешето. А и ноќе сега по два пати знае да цица. Некогаш не.
И мене за истото ми е мака. Не пиеше од секакво шише, ама се колнев во авент. Си го прифати, и до 6 месеци можев да одам каде сакам со мирна глава. Оставав две шишиња молзено млеко, и на свадба бев, на гости кога сакаме, кафе си пиев, излегувавме на вечера. Мајка ми, свекрва ми, маж ми го чуваа без проблем. А сегаа, нема мрдање повеќе од 2 часа. И тоа гледам да го оставам кога спие затоа што е многу темпераментен, јас се заморувам кога трчам по него, а не пак бабите кои одамна си ги исчувале нивните. Не ми се жалеле, таман работа, ама сама гледам колку е напорно да трчаш по него. Синко пие вода, ама поинтересно му е да пие и да се прска со цуцлата. Па колку слатко ја дига главата кога пие, срце е. Не сака јас да му го држам шишето, мора сам.
@The Unicorn @MilaSs12 Во 9 или 9.30 навечер пие АД и заспива. Навечер не цица воопшто и кога стана околу 7 му дадов АД. Оброкот беше после 2 саати, ама не го сакаше. Значи или да пробам порано да давам АД, ама па он не се буди некогаш пред 7..
Па доручекот подоцна дај му го. Кај 10. Значи зетко си фаќа шише, убав тој умен. А снашкава палавка ќе ја тепаме.
А зошто сакаш толку рано да е појадокот? Или сакаш да си имаш фиксен ред за јадење? Ако не ти бара веднаш јадење, дај му појадок во 8 а потоа ад? Или сакаш кога ке стане да пие млеко? Не ми одговори кога даде ад и дали веднаш го прифати?
Колку мл. млеко му даде во 7? Нема сигурно да го будиш порано за млеко Пробај или дај помала количина млеко, или не давај воопшто (понуди вода) па дирекно нека доручкува
Жени како сте? Кога сте на тема доење и намалување подои, до кога планирате да доите? Сакам да ја одбијам, околу 3 месеци по роденденот. Ама моја бебла не прифати шише до сеа. Има некој такво искуство да сподели? @KuklickaSk мислам тебе негде те зачитав дека планираш да одбиваш скоро, па имаш план како ќе почнуваш или само идеја е?
Да да, пие од шише не прави проблем. Ама бојкотира цицање веќе повеќе од месец. @MilaSs12 Извини заборавивам да допишам. Ад сега давам на 11 месеци за намалување подои зошто ќе го одбивам наскоро. Ама го пие без проблем. Ќе пробам покасно да дадам доручек, па ќе видам како ќе биде.
No problem другарче Само еве, мојов млекото го пие во 05:00, и после во 10:00 пак не ми доручкува убаво Со молење едвај... Треба да намалам и јас со млеко.
Тоа е проблемот, не јаде ни цврста храна. Не знам дали ме имаш читано, нејадач е. Сега како што вади 4ки уште толку не јаде. Некогаш знае да изеде каша 250 гр ама одамна се нема случено, да бидам искрена. Плус не знам кога ке сака да јаде а кога не. Плус често знае да одбива храна кога му даваат други, мора јас да му давам. Затоа сум ограничена на два часа, морам да сум блиску за да дојдам веднаш ако има потреба. Од старт го сака? Јас пробав еднаш да му дадам, правев каша па пробав дали ке сака, не сакаше ни да го помириса.
Ама они генерациски намалија со оброциве. Јас никогаш немав проблем со нејадач ама сега ептен е борба. @MilaSs12 Да, не правеше проблем. И претходно како помал има неколку пати пиено. Пробај со некое друго АД може ќе го сака.
Шо убаво се собравме сите. @Yowannty јас скоро не планирам да ја одбијам освен како на @Мариаа. зетко ако бојкотира, што се сомневам дека оваа цицохоличар не ќе сака. Планирам здравје околу 18-20 месеци. Да помине зимата вируси, настинки... . Знаеш имам големо дете се дружи излегува, од на есен почнува средно во друг град, ќе носи вируси, мм исто контактира си многу луѓе, дома живееме ( секој по спратови) со стари и деверот со деца па сепак контактираме. Знам тешко ќе оди одбивањето и за мене и за неа, повеќе што сме врзани. Инаку @MilaSs12 зошто на два часа те бара? Едит: си одговорила @MilaSs12 Веќе е голем може да го оставаш. Јаде се? И на 2 часа доиш? Моево иако цица 5-7 пати можам да ја оставам. Може и без цица да заспие. А тоа дека се мачни така е. Ама на бабите и мили им се и не се жалат. Ептен короната ме спречи се изолиравме повеќе заради нив старите, па бебе е нон стоп со мене. Но Еве полека почнуваме со контакти со старите така да ќе лета често бебе кај баба. Ако не за друго да не ја влечам по мене со правосмукалка.