Да. Мојот е 9 месеци ама цица само 2 пати, сабајле и вечер. Неделава ќе намалам на цицање само сабајле, па здравје до 10 месеци скроз. Инаку мојот пие АД без проблем па ќе давам АД. Он не е зависен од цицање и мислам дека лесно ќе пројдеме. Си јаде се, има 3 оброци и ужина, ќе воведам и втора ужина. Јас сум среќна што и до тука стигнав, зошто доењето не ми беше/не ми е, некое големо задоволство.
Ке пробам понатаму, ама фала на советот. И јас планирам понатаму, барем уште пола година ке го дојам. Јаде се, во смисла воведено му е, ама во пракса не јаде. Го оставав неколку пати, јадење оставав, молзено млеко, ама не бива, се враќам да му дадам да јаде или да цица. Не цица баш на два часа, ама цица и го оставам. За два до три часа огладнува, а кога му нудат јадење не сака. Мора да се вратам, затоа што се случува каша да не сака ни две лажички. Значи мора цице. А ако е многу гладен и не јаде се унервозува и после ни цицка сака ни ништо. Хаос. Пред неколку дена цел ден цицаше. Каша не проба воопшто. Ни благо ни солено. Се надевам ке има промени кога ке излезат 4ките.
Еве сум и јас спремна (барем си велам) за одбивање. Веќе недела и нешто пред спиење и давам АД и си го пие без проблем, ама пак исто станва во 5,6 и тогаш цица. Е сега не сакам да ја учам тогаш да давам пак АД, нели најубо е да си прелегни без да пие било што, ама не знам како ќе се справиме. Бебла обожава да цица, ама може да помини цел ден да не цицни, само преку ноќ. Планирам малку после годинка да ја одбијам скроз,
Исто и мојата не прифати шише, па ни чаша. Со лажичка и давам вода. Голем цицач е, не знам како ќе ја одбијам, а и многу тешко ми стана доењето. И покрај што јаде 3 оброци, ноќе на секој саат се буди за доење. Исто како новороденче. Жива ненаспана сум цели 10 месеци.
Пробај полека денски да не ја успиваш со доење, па истото примени го навечер. Не се буди затоа што е гладна, се буди зошто само така знае да презаспие. Бебињата како и сите ние имаме циклуси на спиење. Ако заспие со цицање, на крајот на циклусот на спиење, кога ќе влезе во лесен сон сфаќа дека не е се исто како кога заспала и се буди и го бара истиот стимул за да заспие. Како на пример ти да заспиеш на перница, и во сред ноќ сфаќаш дека ја нема перницата и не може да продолжиш со спиење. На бебињата им треба долг сон и тоа што се будат на 1 саат не е убаво и за нив, не само за вас. Секако дека и да заспие само и кога нема да цица ноќе ќе има ноќи кога ќе се буди ради х причини (заби, скок, жед, ладно/топло) ама тпа дефинитивно нема да е секоја вечер на секој саат.
Обично миризба кај деца може да се појави од млечни производи, од брокула, карфиол итн. Обавезно консултирај се со доктор, не треба бебе да мириса.
Леле ве читам за цицањево и уплав ме фака..... Здрави живи од октоммври треба да се вракам на работа а со храна сега се запознаваме.... Каде ми е крајот.... Од другата недела ке и воведам еден оброк ама колку количински треба да изнесува тој каде да читам дајте совет педијатарката ми е чукната на неа ако се ослонама цицките дома ке си ги оставам а јас на работа ке одам
Ехее ќе се научите до октомври. Јас почнувам од следна недела на работа и некако се радувам. Ми фали делот од мене што не е 'само мајка' туку е и успешна на работа. Мислам дека добро ќе ми дојде таа промена. Инаку почни со по 1 лажичка, па 3, па полека ќе зголемуваш. Имам убаво објаснето од педијатарот на син ми како се воведува, ако сакаш пиши ми емаил во порака ќе ти пратам документ.
@KuklickaSk епа супер. Со 2 подои на ден би требало полесно да оди. А и ти не би требало да имаш проблем со градите. Јас не знам што ќе праам. 11+ месеци уште ми шприца млеко од градиве. Страв ме фаќа. Ај советувајте кој е повеќе информиран. Дали при одбивање, задолжително мајчиното млеко се заменува со ад? Јас не сакам кравјо да дадам во никој случај, и за себе го избегнувам, значи колку и дали е потребно детето да пие млеко по одбивање? Претпоставувам тоа зависи и од возраста кога се пристапува кон одбивање? Уште не сум информирана на темава, собирам искуства и инфо периодов. @Magic13 исто исто скроз. Јас воопшто не и намалив на подои иако почнавме со дохрана. Сеуште цица многу пати во денот, секогаш кога ќе посака. И мене веќе тоа не ми е преставува задоволство. А посебно ноќе. Е сега се случува да се разбуди ноќе да пие чаша вода и да заспие сама. Ама ако не и успее, пак ме бара мене, што вика кукличка тоа и е сигурна опција дека ќе заспие. Можда треба да почнам да менувам тактики ноќе. Ама мојава не прифати никакво шише.. па навистина не знам како ќе тераме вака...
@lackygirl знам многу често доеше, па го одби синот, можеби ќе сака да сподели искуство. Јас кога ја прашав педијатарката колку пати да давам да цица кога има 3 оброка, ми кажа 4 пати (2 цицања место ужина плус цицање сабајле и вечер). Така да ако има оброци и ужина нема потреба од млеко постојано. Посебно после 1 година кога веќе јадат се.
И јас си имам маки на темава, на последна контрола ми рекоа да продолжам да му давам колку сака, значи и ние како @Yowannty немаме заменето подој со оброк. А не пие вода, па плус бара да цицне. Не ми претставува воопшто проблем најискрено, освен навечер. Како што кажа една членка, само со цицање презаспива, а богами и често се буди. Не знам зошто толку често се буди, почнува да се гребе по глава, закенкува и ако не мy дадам да цица почнува да плаче, се буди. Имаме пробано со цуцла, со тато, со баба, нема шанси. А и сега и во скок може да е, треба да проверам. Како и да е, од бременост навака не сум наспана. Обожава да цица, некогаш кога не цицал два саати да речеме, он ме граба, ја пика градата во yста и почнува да дише забрзано очите ги ококорува.. што дрога ќе беше.
Мојата ни цуцла не прифати. Не сака и нишање и единствен начин да заспие е со цицање. Ајде до година реков ќе издржам, но мислам тешко ќе се престанеме. А и многу ослабев од нередовно спиење.
@Yowannty и јас сакам да ја одбијам негде по првиот роденден септември-октомври. Се обидувам да не и дадам да цица ама многу млеко ми се собира и страв ми е од мастит. Планирам тогаш некои апчиња да побарам па да престане, ќе се советувам со лекар. Таа си бара некогаш ме влече и отвара уста да цица. А и навечер се буди и бара да цица, повеќе пати и ја ставам цуцлата а некогаш не ми успева. Првото го одбив оддеднаш 10 месеца веше поради тоа што морав лекарства да пијам. И тоа како и второво немаше фатено шише никогаш па пиеше од чаша и давав јогурт, вода и го заборави цицето. Второво сега од чаша пие , нема проблем , ама ќе видиме како ќе заборави цице..
Синко се удри во дрвеното креветче кога стана од спиење Малку ми прокрваре над единичето, и малку устето му се вцрви Дали сте имале слично искуство и дали му паднало забчето?
Ние ова го земавме https://www.encimenci.com.mk/sedishte-za-avtomobil-unico-fix-jet-black-0-36kg-chicco-798485100 и ми се допаѓа удобно е, високо е и бебето цело време си гледаше низ прозорот.
Зависи колку силно се удрил. Ако не се клати забот, би требало да е во ред, ама на оваа возраст во секој случај нема што да се направи.
Моја пријателка го има. Детето фришти плаче во него, фиксирано е до под мишки и нема мрдање. По се изгледа дава огромна безбедност но со таа масата напред му ја ограничува слободата кај рачињата.
Ме фаќа паника, како нема што да се направи...што мислиш поточно? Еве и денес не се клати..после колку време би имало реакција да речам?
Здраво мајки. Моето беби 7 месеци и не ми го јаде зеленчукот воопшто. Помош што би ми помогнало како да почне да јаде