Каква и е крвната слика? Кај малата беше малку низок хгб и затоа не јадеше, иако не беше под граница. И јас не сум за такви работи ама од кога дадов 2,3 дози си јади како дупната
@Presrekna имај во предвид неколку работи. Има супер килажа за месеците. Значи потешка е од мојата што е родена со повеќе кг. Моја бебла најслабичка излезе не само од генерацијата туку и од помали од нејзе, па не се секирам. Потоа, сега се во фаза кога буквално не застануваат, па со тоа и многу трошат. И да стагнира и да намали некој грам не мора ништо да значи, чим останатите параметри се таман. Плус е жешко. И тоа дополнително влијае на апетитот. И Ирис ми јаде по околу 150 гр. Ретко 200. Ниту ние возрасните јадеме исто, па ниту децата можеме да ги водиме според некои критериуми. Секое си е своја индивидуа, со свои посебни потреби. Имам јас неколку добитни комбинации кои може да ги јаде буквално секој ден. Ама гледам да и давам што повеќе разновидно и комбинирам, имам план за цела недела унапред на фрижидер ми стои за да не мислам од денес за утре. И секогаш имам готови кашички за секој случај. Почнав со "награда" од скоро. Има плазма што ја обожава со какао без шекер нормално, иначе не сака бисквитни ужинки, и и давам и повеќе кога јаде убаво за ручек. Ако не јаде, нема плазма, форсирам овошје. Сигурно има некој намирник што го сака повеќе од останатите, па пробај комбинирај го почесто и акцентот да е на него. Не знам дали даваш зачини, ама магдонос, целер, босилек, рузмарин, можат значително да го подобрат вкусот. Ич не се секирај. Супер си е женската. Плус цица често. Гладна не е во никој случај. За перница бејби ти пишала, јас исто не планирам да и купам. Ако побара некогаш сама ок, ако не, вака на рамно е најдобро за нив.
Мојов спие на перница како нашите. Ниска е. Сам почна да си легнува на неа. И во текот на денот во дневна дур си игра одеднаш ќе си легне на перничињата од гарнитурата. Ќе полежи 5 секунди и продолжува. Некогаш и само ќе ги гушне. Изгледа му се убави дека меки.
Хелп! Преку ноќ бебе ептен ми се нафрла доле. Како рапаво е и ептен црвено. Прв пат ова ни се случува. Со туфери го бришам, ставам крем со цинк, ама се' полошо е. Што да купам, нешто ефикасно??
нас оваа не спаси. Исто цела беше нафрлана, и жар црвена. Се пробав и цинк, и павловичева. Кога ставив од оваа до нареден ден се снема. @BabyT* последно крвната слика кога беше болна пред 1 месец и беше супер. Од 11 граница, таа 12 имаше хемоглобин. Не знам и јас на анемија помислив, ама не верувам за месец дена да паднало толку. @Yowannty фала ти мила на исцрпниот одговор. Се е така како што рече, знам и јас, ама сепак како мајка се грижам. Теоријата ми оди ама праксата потешко Искрено не ме загрижува килажата толку, колку не јадењето. Овие дена и тоа што и е омилено не го јаде. На заби ми оди паметот. А и ставам лук, кромид, целер, пашканат, магдонос за вкус секогаш. Аза тоа дека е во движење, може да ти речам дека не застанува ни кога спие. Нон стоп е во движење. Денес и броев, покрај целодневното лазење се исправи на мене, столови, маси, тросед, кревет точно 87 пати. Плус, некои што не ги видов. Знам тоа е трошење енергија. Плус само скока, вреска.. . Вртоглавица имам од што ја гледам. Фала на Утехата, а Ирис е срце многу убаво изгледа. @MilaSs12 е мојата за чудо благо воопшто не сака. Кога ќе и дадам прави кисела фаца како од лимон и плука, исто и сладолед. Од забрането, што не се дава на бебе, само сака кафе. Обично на сабајле бара и ќе и дадам со прст и долго време се оближува, се мазни по мешето како да вели Ох, Ох колку е убаво.
првото дете ми беше на АД млеко. Имаше до година 3 оброци млеко 2 оброци каша. Наутро после станување пиеше млеко и фактички тоа му идеше појадок на околу 2ипол-3 часа каша па исто размак од 2ипол-3 часа млеко Сега со второво наутро после станување цица па после сат ипол појадок ама има 3 оброци а цица почесто и помалку ама вода малку пие. како издржува толку време? Моето после станување цица појадок за саат ипол. Дотогаш ќе изгрицка и уште 1-2 бисквити. и јас се водев по тоа да вечера 2 сати пред да заспие ама не му се знае кога точно ќе заспие спиењето му е меѓу 21-22 часот. Така што ви 18 му давам ужинка а 2 саати после тоа вечера. Т.е некаде крај 20-20:30 сатот. додека можам ама мислам дека пред 2 години ќе го одбијам. Мада да е до мене би го доела и до 5 ќе и даваш од чаша. И ние сме без шише. До 2 месеци пиеше по едно шише во денот АД потоа го баталив ама со тоа баталив и да пие општо од шише. Сега течности пие од чаша. Па така планирам и млекото да му го давам понатака на кутијата пишува за која возраст по колку се дава. Јас мислам дека 180 или 210 пиеше првото. Ама до 7 месеци. После преминавме на кравјо. После млекото околу 3 саати поминуваа за оброк.
Јас мислам дека е период на нејадење и ќе помине. Така е и кај мојов во последно време. Кога почнавме со оброк 6+ супер јадеше, до кај 7ипол ,8 месеци,па период на нејадење ,па пак јадеше, па почна да јаде,ќе лапне две три лажички па прави кисели фаци,мачкај се со храната по лице,глуми демек му се спие, се ќе направи да ја избегне лажичката. Ова последново,траеше до пред два дена. Јас се чуствував како да сум по цел ден во кујна, готви доручек, нуди,фрли, готви ручек нуди фрли, готви вечера нуди фрли. Бев многу нервозна и лута. Ајде мака со забите (набабрени непца) ама да му понудиш бисквита,смоки,леб грица сам. Овие два дена јаде активно и кога ќе реши крај (на пола каша) затвара уста шанса нема да протнеш лажиче. И ок,не го форсирам, можеби 120 грама јаде на оброк,ама подобро толку отколку првата опција па да биде николку. Единствено кога му давам ноќна каша од хип во тегличка ја јаде цела. Таман решив еден дневен подој ќе скратам,почна вака со нејадењево и жал ми е дека е гладен му давам да цица. Инаку сам не бара. Бара ако сме легнати еден до друг,а тоа е само за дневни дремки,инаку двајцата немаме време Така да,трпение не се нервирај, готви и фрлај ако треба, твое е да понудиш. Ако те одбие тука е цицето
Амонијакален дерматит, ако е како рапаво и воспалено. Го лечевме 5 месеци, со секакви масти и кортико. Кај нас беше проблем во силиконот на пелените. Помогна Памперс Премиум и миење директ под чешма и сушење природно без ништо да го миниш, од кога ќе се исуше дебел слој Судокрема, па пак малку да се исуше. После пробав пак да и ги вратам пелените пак се појави. Е сега ги пробав Eve Baby и за чудо добро се покажаа. @Presrekna може вади заби и затоа да одбива храна.
Пробај со морковче комбинирај и моето не е многу голем обожавател па скоро секогаш со морков му комбинирам, искрено ми се здосади а и запек прави морковот, досадни комбинации дајте предлог некоја интересна, ние само овие го вртиме, компир, морков тиквица, морков тиквица, брокула и тиквица, карфиол и морковче, компир морков и боранија, некоја друга идеја кажете за бебе 6+...
@Мариаа. имавме и ние слично и исто како @BabyT* пробавме триста креми и на крај кортико. Пробај смени пелени, миј под чешма, суши убаво. Можеш да ја пробаш и маста што ти ја постирала @Presrekna или Судокрем. Го пече? Мојов го печеше многу. Од сон ми се будеше и не даваше да го мачкам:/
Фала на сите. @Presrekna кај да ја барам таа крема? @The Unicorn не го боли ваљда, кога го мијам или мачкам не реагира, ама мене многу лошо ми изгледа.
Бепантен само на Bayer. Многу е ефикасна кремата. @bela.m како се близнаците? Одамна не сум те прочитала.
Една. Вчера и завчера спиеше еднаш, два часа. Ке видиме денес. Мислам дека треба да се преместам во друга тема. Синко наполни 1 година.