Трет ден му е ова. Сега заспа. Ке видиме до вечер. Вчера и завчера ни блиску до втора дремка не беше. И синко од 9 месеци некаде има две дремки.
значи рано ми е за премин во една, зошто за вторава дремка се успива тешко а и се спие ама како да и е страв дека ке пропушти нешто
Исто. Дури и навечер кога му паѓа главата не сака да заспие. Не знам во која фаза е од лазење, ама кога ке почне да се уморува повеќе ке заспива полесно. Сега плус и базен вклучивме, ко бајче заспива.
2 дремки. Првата 1.5h, втората 1.15h некаде. Станува во 6, спие во 9, во 2, и во кревет е во 730/745 Јадењето е вака: Цица кога ќе стане, доручек во 8, ужина во 10.30, ручек во 13, ужина во 16.30, вечера во 18 и цицање пред спиење.
Денес од сабајле е цело време без пелени и го намачкав со таа крема за потпарено, и подобар е. И матичната ми рече да го мачкам со таа. Два пати ми се измочка на тепих, и така. Ортопедски знам кога се смета дете за проодено, ама веќе од станата положба иде и прави по 9-10 чекори и се зафаќа за нешто кога ќе изоди. Кога да правам постапалки?
@MilaSs12 не лази, се влечи со газето и се исправа на шо и да дофати. @Xanty уште да ми намали на една спие по 40мин до саат, од коа е родена нема сврзано два часа сон преку ден. @KuklickaSk ранобудни сте кај мене спие до 9 а навечер заспива кај 9/ 10
@haruki ќерка ми е 10 месеци и има две дремки, сабајле спие околу 40мин а поручек и до 2 часа , зависи колку е изморена
Кога може да се смета за проодено детулето? Ние се исправаме на комода, на кујна , на маса, стол , што и да е и ровариме низ цели соби. Да спремам постапалки значи и јас. Ќе делам постапалки на 19 ти заедно со тортата изгледа.
@MilaSs12 среќен роденден на бебето @Мариаа. Лесни чекорчиња на баткото да трча по женски @haruki , за 10 дена прави 10 месеци едната дремка му е најмалку саат,најмногу 2ипол, втора дремка има ако не била 2ипол саати првава Втората е обично 1 час. Се вкупно околу 3,3ипол часа дневни дремки.