Мајки, беби премногу се поти додека спие и често се буди, дали имате некој начин како да се ослободиме од потта?
@Мариаа. Лесни чекорчиња. Дојдов да прашам, мислам @joy1 и @Annath можат стручно да ми кажат,како може на бебе/дете да се забележи дека е дехидрирано според мокраќата? И освен тоа кои "симптоми" може да ги покаже. Прашувам бидејќи денес помалку од вообичаено имаше полни пелени а вечерва пред да го заспијам кога му менував пелена се осети чуден Мирис. Мислам досега воопшто не му мирисала мочката ама еве вечерва имаше мирис. Вода не пие многу ама секој ден се повеќе нудам со цел да научи и да прифати а во меѓувреме си цица кога сака и колку сака.
Благодарам што ме помисли друшке. Супер сме, фала му на Господ. Врви секојдневниот ред, тие личат на дечиња веќе, толку разбираат, толку љубов даваат. Најголем дел од денот минуваме на под, многу си играат со играчки, атракција им се пластичните шишиња и капакот од кутијата за играчки. Кркаат се пред себе, нанат убаво, па мајка одморена цел ден во кујна со нив околу себе. Најголем дел од денот сме сами, па така јас сум тенка и витка мама како пред бременост со неполни 52 килограми Мм се вклучува колку е во можност. Среќа умни се погодија, инаку незнам како ќе се справев. Толку трпеливо се чекаат, жал да ти падне на моменти Утре здравје, ќе одиме кај мајка ми, па таму некој ден да поминеме. Се надевам на мирни денови таму, дечињата на брат ми, нека се здрави и живи само, прилично темпераментни карактери имаат Неколку денови бев без телефон, Фемина и мајките овде ми недостасуваа, ама навистина. И многу сум среќна што и некој друг го почувствувал моето отсуство
Леле доаѓам и го гледам ова, истово ми се случи утрово. Помалку мочкал од обично, темно и мнооогу грдо мириса. Дали е дехидриран, дали некоја инфекција е, не знам.. Се испаничив, ќе го терам мм на приватен да одиме
Не го носи одма, не паничи. Давај повеќе течности денес, цело време вода, млеко, па и чај. Многу е топло, мора да внесуваат течности.
Пелената е темна, мириса на ацетон, бебето е млитаво, кожата кога ќе ја стиснеш со прст, не се враќа во нормална состојба. Форсирајте течности, јадење нема потреба, сега е битна хидратација на организмот, многу е топло.
баш од сето наведено мирисот е нешто како ацетон,јак мирис бојата многу темна не е ама не е нормална како што вообичаено,нешто како пиво. Се друго од наведеното за среќа немаме ама како информација ќе запазам. Се сеќавам лани мојата матична ми рече дека летно време кога има многу високи температури може и електролити дополнително да се земаат. Не знам дали тоа би важело и за маливе ама се сложувам дека е во право. Моето последните неколку дена многу почесто јаде лубеница. Кога нудам храна не секогаш јаде ама лубеница делка.... Ваљда со тоа е во предност околу внесување на течности. Вода пие одвреме навреме некогаш и сок (многу ретко) а давам исто одвреме навреме цеден лимон и портокал со вода во однос 2:1
Јас давам батат морков тиквица, Батат тиквица брокула, компир морков тиквица, авокадо круша банана, денес ке проба спанак па и тој ке и го пикам после
Ние на 6 месеци имаме 2 :/ ама се по 1 ипол до 2 ипол часа.... Дури им пишав и на гуднајт на инста тас рече супер било
Абе мојата газот почна да го дига јас се расплакувам тек па да залази да се дигне сама на нозе ихааа може кишна година ке сум
Baby spanakj земав од тпј лидл што го продава во локална продавница ама 70 ден е 100 гр. И сега баш го направив на пареа од пола спанак 2 лажички каша
Нашето забче стана историско.... Никако не сака да пукне, бебе не јааде ич ништо се со сила по 2-3 лажички и толку,млеко кога 120мл кога 60мл Матичната ми рече пред спиење да давам по 3мл Блок Макс сирупче ама веројатно пак го боли се буди на периоди сп силно плачење,а во сон се слуша како цимолење. Не дава да го чепнам на непце да проверам,ама кога пие од стаклена чаша се гледаат 2 забчиња,едното се познава скроз а другото помалце. Нервозен е многу и за се плаче,понекогаш и така кога си седи си игра плаче дури жал да ти падне колку се мачи.
@EmmaLO Ние спиеме со клима, на 26 дува или најслабо или на средно ниво, нема шанси без. Моево ако е поактивно и со клима се поти, а за спиење имам пробано без, со вентилатор итн, се буди, или не ни заспива асално. @Adams Ние чекавме запче 4 месеци ако ми веруваш. Последнава недела дрмаше најсилно. Истото ти што го пишуваш. Плус и во скок е, па регресија на спиење 8ми месец, сѐ се насобра. Едно веќе почна да грепка! Ама долу има уште едно а мислам и горните се спремаат па уште нѐ држи. Еве вчера спиеше малку подобро, ама со јадењето уште имаме проблем. По две три лажички јаде, се молиме уште за две три и после почнува да вика, бута раце во уста, се нервира...
Јас со првото не видов многу мака со забите, тадури некој заби не ни ѓи сетивме дека ќе излегуваат. Ова второво, рано му е за заби, нема на повидок, ама нервозно бебе е, и знам душа дека ќе ми вади. Со лесно само Едит: Првото исто така не јаде ништо додека не излезе забчето.