здраво другари колку време трае регресијата во 8ми? веке стасавме до 9 ипол месеци а ноќите ни се уште хорор... ја не знам шо се случува будење на 15 мин со кенкање со плачки со све, како да имам друго бебе
Лелелеле мајки само што го разбуди бебе крцкањето од коските мои на мрдање. Ќе се отровам најсериозно. Не знаев кај да пишам, легенда сме
@Cherry333 Леле Бебло заспа јас си направив кафе и земав да читам, верувала или не, се разбуди кога свртев страна! Изгледа многу гласна хартијава... @haruki Моево за недела дена прави 9, се надевам ќе се потсмири ситуација. Исто исто ноќеска на 15мин ми се будеше. Една попладневна дремка на 3-4 рати ја спие...
И како се спрема таа палента јас уште немам дадено.... Само немој ми реци с млеком.... Пошто кашите со вода ги правам ад не сум дала а со мое да молзам не сум
А ако имате услови што не оставите бебите во друга соба??? Моја беба спие во спална а мајка е во дневна.... Нормално перници заградена на спална се слуша што се дешава таму ама на неа и имам пуштено дожд на тел стар ( @Dikinzi господ здравје да ти даде за дождот) па спие ете да не ја подречам а јас си скролам.... Не дека можам да завршам нешто работа со отворена врата аѓа бар она спие јас дишам сега ке си ставам 2ро кафенце ајде бујрум кој може
Ај да ве утешам дека ке помине. Кога ке почнат да одат ке се заморуваат повеќе и ке спијат повеќе. Синко една недела тераше со една дремка од 2 2 и пол часа. Ама почна рано да станува, 7 е буден и до 9 навечер не го држи едно спиење. Сега спие по 1 час два пати на ден.
Со 100 ml. вода и една супена лажица палента и јас еднаш имам дадено досега. Заследи ги на инстаграм оттаму црпам идеа понекогаш.
И ти си во право Јас божем да не уклучувам две клими, се навикнав да си седам во соба со него кога спие. Ама ќе оставам врата отворена да ми лади накај дневна па ќе бидам тивка и таму. Иначе мали на земја спие во неговата соба, на креветче нема место да прави вентилатори и се буди кога ќе проба да се заврти... И да, идам на кафе, некако малку ми беше ова.
Фала, да си ми жива и здрава, јас тој секаде го носам,било каде да одам по гости,ако треба да преспие малата обавезно го пуштам, освен надвор во количка кога спие.
6 недели трае.Ама гледај да не и правиш нови навики, да заспива на шише или со нишкање зошто така ќе се научи, па ќе продолжи да се буди. Инаку и мојот е 9 ипоч месеци. Цел 8 месец се будеше 3 пати во ноќ точно во исто време (11,1 и 3), па сега се буди само еднаш во 4 и мислам дека веќе излегуваме од регресијата.. Инаку ја преспива цела ноќ од 4 месеци. Рутината не му ја менувам, млеко, бањање, песничка и буден во кревет сам да заспие.
Мене ова не спиење ме поремети, ау леле со првото ваква мака немав, дали оти е цицалче кој ја знае..знам дека ќе помине времето брзо и ќе се молам после за ова, ама едвај чекам да прооди и да се фане ред за спиење. Само тоа ми е мака..
Секоја чест за рутината.... Нам ни е бањање цицање подригнување и после заспива со мене до неа или и пеам или се гледаме заљубено додека не почне да трепка пошто душата и спие а она не се предава и за прст ме држи..... Сепак и ова ми е боље него ли на цицка док заспиваше за нокно спиење, ама се со ред валда ке стегнам заби и јас за тренинг
Секако дека не од кога е роден Ама спие сам во соба од 2 недели, јас одев кога ќе станеше за цицање и се враќав во спална. Од кај 3/4 месеци оделив цицање од спиење и секогаш денски цицаше кога ќе стане од спиење. Па така не асоцира цицање со спиење Не го оставам да плаче, не сум правела типичен тренинг на cry it out, туку gentle аpproach. Го оставам сам да заспие од 4 месеци, некогаш заспива одма скроз сам, некогаш го галам чп глава и грб, некогаш шшшшкам . Има денови кога е во регресија или во скок и плаче на заспивање, па го земам во раце и заспива така. Тренингот за спиење не мора да биде страшен како што се преставува, го оставаш детето заклучено во соба и не го зимаш цела вечер. Само подобро е да се почне со овој пристап додека е бебето помало, за да се научи дека кога е во кревет се спие. Инаку, зошто не сум правела класичен тренинг за спиење, има ноќи кога се буди и секако одам да го земам, ама секогаш го враќам назад во кревет кај него. И не дозволувам играње во сред ноќ. Вчера на пример стана во 4 со плачење. Го донесов на спална кај нас да презаспие зошто многу плачеше, се смири и почна да лази по кревет и да се смее чекајќи да се играме. И јас и маж ми се преправавме дека спиеме и виде нема играње си легна и он и го вратив во кревет. Сакам да кажам, навиките за спиење се прават од кога се мали. Квалитетен сон е многу важен за развојот на децата. Да не зборам дека недостаток на сон кај мајката може да предизвика многу анксиозно и депресивно однесување. И мајките мора да мислат на себе за да се добри и за децата.
Тука си тотално во право. Јас никогаш не сум ги ставила да спијат со нас, секогаш се во нивно креветче. Арно ама ова второво, сега сака да презаспива навечер само со цицање, некогаш исцицува се..ама некогаш само да ја допре и заспива. И давам прво цуце и ја нишкам, а после почнува да ќенка и бара цице, првото не правеше вака. Сум пробала да ја оставам да поплаче некоја минута, ама другото го буди..па бетер беља сум направила, и сега за да се има раат, станувам по не знам колку пати во ноќта, за да презаспие госпоѓата, и не можам веќе да издржам, не е еден ден. Се сеќавам дека заспивам додека цица, и се штрекнувам, а после ја оставам во креветче. Од кога се родени и двете, така правам..цицање и во креветче, арно ама ова станува како лудо. Не е жешко, не е ладно, заби нема да повидок, гладна не е..а и преку ден ми е лепенка, иако е оставена од прв ден сама. Ама дали дека од кога е дома е со гужва, па сама кога ќе остане плаче..нејќе да е сама. Не знам веќе што да правам, ем реков од вчера дека само на цуцла ќе ја учам..и пак ја земам, ќе пукнам
Пробај прво денски да го разделиш цицањето од спиењето, а ноќе пробај со цуцла/вода. Реши прво дека едно станување во ноќта нема да дадеш да цица, пример прв пат кога ќе стане, па пробај да ја презаспиеш така, со цуцла, со гушкање.. Проблем е што го буди другото дете, ама мора да почнеш од некаде. Да успееш да и скратиш едно цицање ноќе, е напредок. После две, па три.. Нема магично решение за 1 ден, а треба многу трпениееее.
Знам, знам дека е така, на другарките децата им беа така, од нив се изнаслушав истово, мака мачеа. Ако ја разбуди големата, и она ако се расони, после и треба доста време да заспие, ај остај тоа..него лежи во креветче и си зборува, или пак ќе стане и цело време.ќе не вика "мама" "тата", е сега,во меѓувреме малово заспало, и меѓу себе ќе се будат. Ајде ќе пробам така, тоа го имав на ум уште од неќна, ќе видам вечерва дали ќе успеам само со цуцла. Прво ќе прибам да и го нишкам креветчето, после во раце, па ако не бива цице..и водичка не пие, и давам ама уште не сака.
еее ама мојава трга перници, шутира се пред себе, верувала или не и тие огромните перници од на гарнитурата, се качува поннив. Без чујна е кога ќе стане, брза е во лазење и вртење, отвара очи и почнува акцијата. Баш ова ми излезе на инста, во план сум и него да го земам хАха беба комотно може да не исели од стан, секаде само нејзини работи.
Мајки ние сме прв пат болнички.. Вчера крена бејби тт 38.2, бевме во Систина, ушињата и крајниците воспалени.. Поима немам од каде излезе ова, дали е можно од тие заби веќе толку да му паднал имунитетот не знам.. Ни дадоа антибиотик, спрејче за нос и сирупче за температура.. Ноќеска пак креваше до 38.2 ама му давав парацетамол по совет од докторката за да спие мирно (ха ха, го знае ли она моето бебе), журче имавме цела ноќ ама битно не крена повеќе.. Еве го од сабајле пак има 37.7 ама не му давам сируп, ќе следам дали ќе оди нагоре.. И да се едитирам, слабушко мој се збуцнал малце, 7700 станал, едно позитивно нешто..