Лајкот за буцкото. Другото ќе помине. Повеќе на цицка ако цица, ако не повеќе шише . Туширање и раслечено.
Чисти нос цело време, ставај солен раствор, сируп или чепче не давај ако не качи над 38.5 , нека се бори малце организмот. Имам другарка, после вакцина, обавезно става чепче, случајно да не качи тем. Тотално погрешно, ама..не и викам ништо не сакам да се мешам. Или пак кога се настинати, и еднаш качиле температура, вечерта обавезно става чепче за да не ги мисли, без разлика дали качиле или не. Јас ставам чепче,наеднаш ако качи висока, давам ефералган. Имам и од тие послабите,и од тие појаките. Обично чепчето оди според килажа,меѓутоа..ако не качува висока, и ставам од тие по слабите за да не ја симне наеднаш, него пополека. Со сирупи сме дебакл, ни имаат дадено неколку пати до сега, и сум пробала секако, во вода, во сок, во млеко, никако не сака, ретко се дешава да го лапне лажичето
Сируп пие со шприц му бутам.. Се буни ама голта.. Еве го пак крева сега 38.1, ќе му мерам да видам како се движи.. Офффф чепче не ни имам, сами сме со бебе, ако има нешто маж викам одма. Фала ви на поддршка другарчиња
се трудам да не менувам ништо само со проблемот е кај става по 263747 пати па и тешко заспива, е сега она е учена да заспива сама а сега не сака да легне воопшто ако е во креветче се исправа и си стои ке ја земам со нас на спална си седи лабаво како да е пладне и спиела цел ноќ, пробувам да ја легнам вриска и пак си седнува па ке почне да се исправа по нас не задева....хаос а од друга страна преку ден е сосема иста, исто спие дури и прв пат мозам да речам јаде одлично. @rainbowmama со лесно, 9 ипол е уште не дрма
Обичен шприц или посебно наменет ? Кумата со обичен и даваше на малата. Ја легнуваше на кревет, ја фаќаше со прстите на устата и ја отвараше, и и го истураше, вие исто така правите? Ми текна и мене на тоа, ама не сум направила никогаш така, оти се сј мислам пола ќе го плукне исто ко со лажиче..кој знае.. Нека мине по брзо само
Посебно има во паковчињата заедно со сирупчето даваат, со бројчиња за дозирање. Мене за запчињата ми дадоја, гледам наменет е за проти болка и температура, еднаш и дадов и уште бараше хахах сладок и бил.
Знам дека е тешко од бебе што спие убаво да имаш бебе што се буди често. И мојов е денски супер, навечер пак се буди барем еднаш. Ама хаос им се случува во мозочињата, учат да одат, учат да зборуваат, повеќе разбираат за светот, ги бараат мама и тато... Ќе помине.
ја мислам тоа е нај фрустрирачко шо си спиеле убаво и сега тешко ни иде. дефинитивно им е хаос ги разбирам нив им е многу по тешко од нас фала ти многу ке помин и ова па ке се залиме после од тантруми у последно време ги читам поголемите и страв и сватив дека ова е нула со тоа шо не чека после роденденот ама па колку почнуваат да бидат интересни човечиња мали
Да те утешам 4,5 години е и уште се води борба за пиење сируп. Ни купување, ни благо ни ништо не помага. На крај, на сила со шприц ќе и дадеме и ќе поврати за 2 минути. И на крдај чепчиња ставаме. Кога е болна, мислам дека најтежок дел од се ми е давањето сируп @Cherry333 како е малиот? Нас еднаш на Клиника ни рекоа, кога е поголема температурата да ставам крпчиња натопени во раствор од вода и алкохол 70%, направен раствор 50-50. И да и ставам натопени крпчиња по телото, и да е само по гаќички. Кај нас делуваше и помагаше многу, но само кога спиеше. Кога беше будна вриштеше и не даваше да и ставам. Но, прашај си педијатар за ова и не дај боже ако качува пак, пробај. Но, се надевам добри сте
За градинки вo Скoпjе, дали мoже бебе да се запише вo градинка без примена вакцина за мoрбили? Дали при уписoт бараат пoтврда? Мoже ли самo местo да плаќам па кoга ќе jа прими бебетo да си тргне вo градинка?
Ние изгледа сме фатиле стомачен после дремката беба се разбуди и во рок од 1 саат 5 пати поврати, ама како возрасен не блуцкање.... До она грчење на стомак и нагони за повракање. Еве ја сега спие пак душа мајкина се умори од повракање цивкаше не знае што и е а темп нема.... Док ми рече ако продолжи да ја носам на инфузија или електорлити да и дадам.... А исто денес прв пат јадеше гриз... И направив гриз со банана и праска (на пареа праската) којзнае може и од тоа да и е.... Се распаметив пријатели
Во самата кутија со парацетамол има посебно наменет шприц со бележано милилитража.... Пошто нели оди според кг парацетсмолот.... И не на сила го полнам колку треба шприцот беба лежи и полека истиснувам она го лиже имам дадено два пати при вакцина
Здраво Мајки ми треба совет од вас веќе сте почнати со дохрана и ме интересира дали да купам готвач на пареа за кога ќе почнеме со дохрана да готвам така или да купам греач за шишиња за да имам спремна вода за ад? Готвачов ќе можам да го кориатам и понатаму а греачов незнам баш колку е корисен... Spoiler: Готвач Spoiler: Греач Конкретно овие од сликиве
Не ми препишале таков до сега, само чепчиња давам за тем. иначе антибиотик сируп и имам давано. Немам мила купено до сега, педијатарот само ефералган ни давал до сеа. Затоа и не знаев декаима вакво нешто. Кумата со обичен шприц од аптека даваше.
Не е баш добар.. Качува цело време. Од 10 до кај 12 качи 38.5 му дадов парацетамол. Во 3 пак имаше 38.5,мерам сега цело време му варира. Од 38 до 38.5 оди.. Ќе му дадам ефералган земал мм поубав да не е од парацетамол мада исто се мислам. Ќе видам дали ќе пие со таа дозерка, @Dikinzi да јас со обичен шприц му ставав исто, финта е плаче ама не може да плукне.
И јас така би готвела ама имам од сетек поени и за да ги искористам се двоумам за готвачов... Не дека имам вишок пари со бебе и изградба на куќа ама ете да се купи нешто секако е гратис