Греач за шишиња имам ја и тоа ваков.. за шо дадов пари и ја не знам. Прво мораш да зовриеш вода за да напрајш АД така да логика ми немат, мојш да грејш чајче или твое млеко од фриздер и пак не е то то како што пиши за 3 мин.
Леле мила..воопшто не помислив на пари искрено, нормално кога можеш да искористиш поени користи, јас само сакав да кажам во што и правам, немој погрешно да ме разбереш
Да не се глупирам џабе ко така Не не јас неубаво се изразив не те сватив погрешно...заборавив смајли да убацам
Јас за ќерка ми сега кога примаше вакцина, влегов во аптека да побарам парацетамол и ми понудија Еферелган. Ми рече исти се, ама еве земи Еферелган. За чепчињата знам дека се ефикасни. Туширај го, повеќе течности. И слушни се со педијатар ако треба и ако смееш и чепче стави. Јас сум користела наизменично Парацетамол и Еферелган чепче на 6 саати. Или прашај за тоа што ти пишав, растворот со алкохол. Дај боже брзо да симне и да биде подобар. А крвна слика направивте?
Бевме пак, крена 39.. Да направивме крвна слика, црп е мирно, леукоцити намалени, вирус е. Крајниците бумбар му се, на татко му се метнал јас немам гајле.. Ќе давам сируп или чепче ако крева, дај боже да не крева веќе ама можно е уште ден два со вирусот. Фала ви
Иначе да не се едитирам, докторката ни предложи б6 по половинче да пие за ова неспиењево, и кажав дека му е навика да зеза.. Има некоја што давала б6, дали помага за помирен сон?
Читав во групите за мајки и деца дека даваат. Б6 исто како кај возрасен, ке го смири. Ама и парацетамолот ке го смири, ке го опушти. Имајте мирна ноќ.
Душиче, нека поминува побрзо. Битно сте направиле крвна слика. Да, вирусот бар 2 дена трае. Од чепчето ќе симнува побрзо. Ајде да поминете лесно ноќва
Не бараат потврда за морбили при упис, но доколку оди во градинка бараат на време да се прими вакцината (13 месеци) Сега со ситуацијава незнам колку ќе дозволуваат да се држи место во градинката, а бебе да не оди, нели во јасли ќе бидат само по 6 бебиња. Вас примена ви е во градинка ? Ние уште немаме одговор
Ние пoднесoвме барање уште пред да запoчне кoрoната ни рекoа дека ќе не инфoрмираат. И запoчна кoрoната на тoа oстана
Подобро е.. Имаше вчера пред спиење околу 38 пак ама не му дадов ништо, имаше пиено во 5 сируп. До кај 12 крена 38 со 6,му дадов сируп и се смири се препоти од сабајле еве го сега нема, 37 со 1.. Не знам, ќе видиме,мислам може уште денес да поткрене малце ама добро е