За седнување, ќерка ми некаде почеток на 8ми почна да е стабилна со седењето, кај сите е различно без грижи
Од лежечка и ти да пробаш директно да седнеш нема да успееш што се вика хаха, бара појаки мускули тоа,мислам не ни се очекува тоа од толкацко бебе. Мојов пробува да стане од лежечка на косо некако подстанува ама нема шанса да седне. Исто и ако има на што да се држи почна да се фаќа и да се поткрева од лежење, ама ништо конкретно. Кога ќе почнат да лазат па тоа сѐ заедно да си се вклопи за да поминат од лежење на седење, вака им фалат чекори за да седнат од лежење, јас така мислам.. Ние не лазиме, повеќе назад се влече. И се врти само, ако сакам да фати некоја играчка се врти во сите правци и ја дофаќа
Беба моја гледам почна да станува сама, денес дури од на колена ја гледам се држи до рацете за креветче и мести стапалата да се дигне, полечка и викам мала си. Војнички лази веќе месец дена ама како што треба и не баш, се исправува во позиција за лазење, се клати и неколку поместувања ќе направи, па оп трес. Седи сама ама ако види нешто, сака да тргне по него и ете ја ќе се препрчи. За станување од лежачка почна кога ја преслекував по малце да се подига, па и давав прст само и таа ќе ме фатеше, без моја помош да ја влечам туку само држеше и ќе се кренеше, сега веќе со рачето сама се подпира и успева да стане. Минијатурно е такво слабо ама жилаво.
Душа мила и мојата се врти во круг и наназад. Исто ако и подадам прсте ке се дигне ама сама неможе а за седење си седи е сега до исправање не сме дошле ама и мислам рано и е уште тек направивме 7 Мама е горда на неа запче ни излезе прво пред некој ден
Да и се редат како бисери Кај мене малата почна на 6 мес. и една недела да се бутка, застанува на колена напред назад , напред назад и право на фаца Па како виножито стои, на раце и на прсти на 6 мес и 2 недели почна убаво да се влече и да стига до целта, да се бутка со нозете, еве ја сега 6 мес и 3 недели, од денеска ја забележав како почна да пробува да ги движи рацете и нозете за да почне да лази, пробува по 2 3 пати и паѓа пак, исто така се мести и да седне, во скоро седечка позиција е, иначе сама не ја оставам да седи и да ја редам со перници, кога ќе завршам со обврските и си играм со нив, ја седнувам меѓу моите две нозе и така седи, секој ден се повеќе и повеќе Па ќе видиме лога ќе биде стабилна, првото стабилно почна да седи точно на 7 и пол месеца
Не знам во која тема да го поставам прашањево ама според мм и колешките за тука е имено, маж денес доаѓа и ми вика да земеме нокшир, да почнеме да пробуваме, на работа ми кажаа колешките што порано. Малиот е 6 месеци иначе. И сега смешно ми е ама ај викам може јас сум глупава, па ме интересира има ли некоја што дете става на нокшир од 6-7-8 месеци, пред година де?
Мамички, на девојчето му ставивме обетчиња не беше страшно за неа ама јас.. душа немав во мене од плачење. Не знам како да го победам стравот во мене дека нешто ја боли. И на вакцини рикам како мало дете и сега кога и ги редевме. Нејзините солзички така срце ми стегаат иако за 2 минути она се смее. Како да сум по храбра и како да успеам да ја утешам кога мене ми треба утеха во тој момент?
Не, кое бебе знае да кака и моча во нокшир? Ти стави го ама не ти е програмирано бебето кога сакаш ти да кака, туку кога оно сака да кака си кака. Така да можеш цел ден да поминеш бо чекање да си заврши работа и баш кога ќе го тргнеш да си се олесну. Тоа не е ни свесно уште што се вика каде е, на нокшир ќе го учите. Нокшир според мене тога кога може само да каже дека му се оди ВЦ.
Лажит, баш нека ја праша како научила 7 месечно бебе, кое не знае ни да зборува ни да контролира кога му се оди во Вц.
Може и го родила научено Глупости значи. Бебе на 6-7 месеци уште не седи, ќе се одвикнело од пелени, сигурно. Ќерка ми сега ја одвикнав на 2 ипол години. На година ипол абер немаше да разбере што е нокшир, не па на 7 месеци Не биди наивна и не верувај на вакви муабети те молам. Исто и на оние дека прооделе на 8 месеци (ги има и такви што тврдат дека е можно, најверојатно зошто нивното дете е некој си специјален вид на вундеркинд, непознат за нас обичните смртници) Нокшир тек за една година можете да купите и да пробате, сега џабе е и да го гледа, не па да седнува
Иако ми е прво дете си викам до толку знам. И му велам добро ти и поверува, па не ама што знам. Ама ај си велам и јас да прашам, може има и такви екстра мега напредни деца. Син ми не знам ни уште дали е свесен за своето постоење, има време. Инаку братучетка ми на 9м има проодено, насилно да речам. Дедо и ја врзувал под пазуви со врвка и ја шетал низ двор. Језиво ми беше кога слушнав.
Хахаха луѓе мајка ми вика дека на 9 месеци сум прозборела а на година не сум носела пелени, а бебе еве го 8 месеци, бебе, што да кажам повеќе.. Дали ние сме биле вундеркиндер или мајкиве помешале брзини не знам
И мајка ми вика дека на 4-5 сум кажувала по нешто..ама мајка ми колку знаела и тогаш па и сега. Сега што е баблинг они мислеле а детево зборува. За ноќни терори сум носена по бајачки и сега за малиов само нешто ми поткажува од тие бабините.