Одвикнување од пелени после 2 години. Јас после година почнав да го ставам ама не сака да седи па оставив за подоцна.
Кога ќе седи стабилно, можеш да го седнуваш на нокшир неколку пати на ден по 5 мин. Ама тоа нема врска со откажување од пелени, тоа повеќе се прави за да детето се запознае со нокширот од рана возраст, оти многу деца подоцна развиваат фобија од истиот. Па вака да сфати дека нема ништо страшно во тоа.
И мене една другарка ми кажа сега демек внукот какал на нокшир само од 6 месеци. Ваљда се стега бебето пред какање, па мајка и го става тогаш на нокшир ваљда да се учи. Иначе нема логика само да кажува, и јас знам моево бебе кога се спрема за какање не можеш да го утнеш ама не го ставам на нокшир ете
Јас имав купено за првата ќерка од мерак нокшир со капак и ја ставав на моменти кога почна да седи а тоа дека ако почнеш да го ставаш да седи од 7-8 месеци ќе се навикне да мочка да кака рано..нема врска. За тоа многу рано е за учење некаде од 16-17 месец може да се почне (и тоа зависи, дали ќе соработува детето )
мојот стабилно почна сам да се исправа и да седи од лежечка положба крајот на 9ти месец. Секое бебе различно не форсорај за тоа. Кога ќе е подготвено ке си седне само.
Мајки како воведовте месо? По колку грама на почеток и дали прво водата во која се варела месото? И од кога ќе се воведе месо кога може жолчка да воведам? Како беше процедурата, еден ден месо, еден жолчка?
3 дена водата, 3 дена месото Постепено накачуваш количина на месо. Давам 3,4 пати неделно месо,2 жолчка Месо на 7+ Жолчка 8+
Домашни кашички давам тогаш подготвени ама ме интересира дали може и ако да, кој кашички би стоеле повеќе време без да се стават во фрижидер, на пример кога ќе излезиме да си спаковам.
Сите можеш да ги носиш на излегување ако ти се ставени топли во топла тегличка. Се конзервира така и може да стои подолго. Само кашички со компир/спањаќ/блитва не стоплувај и не давај следен ден, само тазе направено.
Епа дибро, не ставам воопшто јас во фризидер, мали количини и правам за одма да си изеде ама негде прочитав дека не секој кашички можат да се држат повеќе од саат време на собна температура, на пример овошни никако.. затоа да сум сигурна реков.
Оф , да. Извини. Не знам зошто претпоставував дека за зеленчук/месо прашуваш, за ручек. Овошни не може да стојат подолго, кога ќе почне да јаде парчиња, ќе и давваш свежо овошје
Да се јавам..од понеделник почнувам со тренингот на Др.Гуднајт, виш ми лак Не можам веќе, психички попаднав, главоболки имам цело време, нервозна сум до даска, згора на тоа немам едно дете..две ми се. Кој знае како ќе поминам, ама како сака нека биде, само да помине ова..оти збеснав