Купи му чорапи со гумички за по дома. Моето е скоро 11 м уште не сум му облекла патики (купивме пред некој ден) ни за дома ни за надвор,а веќе еден месец се исправа и се движи покрај мебел. А патиките ги купивме од Кеги шус, се виткаат кај прстите.
Да се нафоврзам и јас не само бојата туку о проблемот со некакање ако ги пие тие капки може од нив да е
Дали имаме мајки на непијачи на млеко??? Откако се родени мака мачиме со млекото, па со едното бебе некако ја опраивме, добра си е сега, едноставно си го сака млекцето, ама па затоа другото бебе еве периодов едвај ми пие по 50мл.... инаку имаме 8 месеци и имаме два оброци, да напомнам дека сме предвреме родени, 31недела.... незнам веќе што да правам, сменато имаме неколку млека до сега, несакам ни под разно да дадам тетрапак...
Јас го имав проблемот со ќерка ми. Едвај по 80мл и кога беше без оброци. И теравме така до 1,5г. Ама тетрапак и јас покасно и дадов, може на 2 или 3 години. Сменив 5 млека, и ниедно не го пиеше.
Мајки, упали стварно то да јаде цели парчиња и сама, тешко и оди ама инает не сака од мене. Само нека јајт, се надевам дека не беше до денот туку ќе си продолжи така. Иначе од денес влегуваме во 6тиот скок.. дали одма почнува да има промени не знам ама не е спиена ни 5 мин, од 6 е станата.
Најстарата ќерка еве ја 10години наполни ама млеко не пие. Цицаше до 4+ и не успеав во доењето, преминавме на АД ги пробав тогаш сите можни варијанти ,ама никако не ги прифати. Совет немам,само да ти кажам дека еве првото дете ми расте И ден денес без млеко . Со второто пак мака мачев поради млекото до 3год скоро и да не јадеше ништо освен млеко,ми се чини само на млеко порасна. Па откако пројаде,млеко не пие. А пак третово ем јаде ем цица. Како различна мајка да ги родила,ма допирна точка немаат едно со друго во сите фази на развој . Но штом вашето е предвреме родено консултирајте се со педијатар,макар и повеќе мислења од различни педијатри.
Ајде и тука да си прашам сакам да воведам риба каква давате на бебушите и од кога почнавте да давате?
Да прашам за авокадото, дали да го пробуваме како вкус или моме да го измешам со друга состојка? Од досега пробаното само кромпирот не го сака
Jas go imam mesano znaci prvo epten malo delce, pa vo narednite denovi nagolemuvav. Moeto pa sekoj den bi jadelo kompir, a oriz voopsto nesaka.
Имаме запчееее на 8 месеци и 1 недела. Конечно проби. Немаше некое посебно однесување, бебе јаде секогаш со молби и спие секогаш со молби. Од време на време знае да се распишти и тоа не е ништо ново за него, па немав некои знаци дека ќе никне. Е во последниве 3 недели 2 пати вирус го фати, можеби му бил намален имунитетот. Колачиња ќе ве частам кога ќе купам, уште не сум по правењето толку
Јас сум била така. Ден денес млеко не пијам, не сакам ни да го видам, одма ми се гади. Здрава, жива, права сум.
Сега нема потреба од никакви обувки. Дури кога ќе почне стабилно да оди ќе му требаат. Детето треба босо да прооди.
Мајки, како го преживеавте 6тиот скок, тој што е на 8 месеци? Уши немам, раце немам, живци немам, глава тапан.
Не знам за тој, до 10 месеци не приметив ни еден. Ама затоа овој што е на 10....и тоа како ми наплати за сите Се жалев во темата за спиењето на вашето бебе, фала богу помина,ама се плашам дека брзо доаѓа следниот
Кога почнува тој 6ти скок??? И како почна со парчиња??? Колкави парчиња, и дали и ги даваш пред неа или ти во рака и ставаш??? По колку мевце им ставате во кашичките јас почнав пред недела дена со месо и си велам да не е мн 2 коцки сварено телешко во кашичка кога оно 15 грама да било.... И сега незз дали е доволно???
Почнува на недела дена некаде пред 8ми месец, трае според апликација 30дена.. хорор. Иначе и ставам пред неа и зема сама, во едната рака држи цврсто не пушта, со другата јаде. Предпазлива е, не лапа се во уста, си јаде по малце и џвака, мммм прави.