На вечер и малава спие ама денски вика на цел глас, ништо не можам да и погодам, зависна е од мене ептен, со липање плачи ако ме види малце подалеку. Јас до сега немам сретнато погласно бебе од неа, значи сите во нас гледаат.
Браво за твојатс девојка ние пикаме се можно во уста а пробав банана да и дадам еднаш нејзе ја мачкаше по раце... Исто и бисквитка беби.... А изгледа ние влагаме во тој скок
Не сме се сретнале.... Затоа не си сретнала погладно бебе или барем на иста бранова должина..... Кога зборам со некој друг (ако не и е нешто по кеф) вика за да не се слушнеме.... А за тоа дека не смеам да се тргнам од видик додека сме дома причај ми причу иста ситуација
Хаха епа мачкаше и мојава по косата, од уста си вадеше и во уши си пикаше ама почна да ме гледа мене и да бара да јаде и ја што јадам, па почнав да и давам така парчиња дур јадам ја и прифати. Не дека јаде кој знае колку количински, пак се лигави сма барем малу од малу апнува. Мамини мази се тие, душички ама јас морам да сум 2 саати во денот одсутма од следен месец, како ќе биде не знам. Денес свекрва ми кога ја виде после недела дена само, зајде од плачење, кај никого не седи.
Леле не да вика значи уши немам и јас веќе. За 9 дена први 7месеци ама роден е еден месец пред време. Не знам дали е во скок али ме интересира дали е нормално ова викање и дерење цел божиј ден???????????
Па се рачуна според терминот за раѓање, а не од кога е родено, така да можно е кај вас да е порано. Јас 5тиот скок не го осетив воопшто ама овааа е страшно. Не плаче, само вика Аааааа на цел глас, њањања се кара со мене, не дава да ја спуштам за преслекување со солзи плачит, а тек сме на почеток.
Исто скроз, мајка ми вила со чај ме пораснала, од бебе не го сакам млекото, никогаш во живот немам пирно млеко и ко шо викаш, здрава, права сум
Мајки има ли скок во 9м? Беба како што спиеше денски два пати по саат или саат и пол почна три пати по пола саат да спие.
Здраво мајки По колку време ги оставате вашите најмили да гледат телевизија? Моето многу сака посебно на baby tv напамет ги научи сите ги гледа и му се смее...
Зависи каков и е денот ако сме активни и излезени може и ич да не гледа а ако е кенкава и имам работа максимум 1 саат во тек на цел ден.... Гледаме baby jake на YouTube тој и е омилен
Ние немаме телевизија ама сакав да ве прашам за нешто на македонски на јутуб? Може песнички ама сакам и нешто со зборување, зашто јас му зборувам, ама не е тоа тоа, сакам да слуша луѓе како зборуваат, разговараат. Мy имам пуштано Бушава азбука, ама на мене веќе ми здосади...
Дајте музика, биби и боби На мрт5 има убави детски емисии има зоки поки,дора на македонски, а пуштаат и песнички од фестивал. Кај нас деновиве тоа е пуштено,ама мали многу не го интетесира,си игра па ќе ѕирне некогаш што се случува на тв
Мајки како се справувате со чистење на носето? Мака мачиме, нон стоп е со полн нос а вришти кога сакам да и го исчистам. За 2 дена сме 9 месеци.
Не гледа телевизија воопшто. Ни на мобилен. Телевизорот е пуштен ама не го гледа. Од бебе не му давам да гледа и не го интересира. Ке погледне минута две и продолжува да ровари дома.
Со вриштење. Т.е. веќе не вишти толку, ама прета, мрда, ја врти главата, па со мм двајцата мораме... Среќа нема често потреба. @Sofi.ja Ејјј дајте музика, супер, фала ти!
@фина96 Ох бе душа. Крвта може да е од испукани капилари, не влечи со сила, да не биде суво. Ете, најубаво после бањање, или пробај со испирање со шприц како што пишуваа некои од членките, прочитај убаво како се прави или консултирај се со педијатар.
Добра вечер женски. Малава 7 месеца и 10 дена. Од неќна почна да дава знаци за исправање. Од денеска тоа само прави, се исправа и стои на коленици. Ох..ме чекаат напорни недели.. А има ли скок пред 8 ми месец ? Опасен ли е тој ?
Се спрема да лази штом се исправа на коленици, кај мојов така кога беше следна фаза му беше фрлање нанапред ,на секое фрлање скокав мислев готово го пукна носето,ама умен тој си вежбал