Јас имам на Кикабо седиште до 36кг. Презадоволна, само тоа доле го немам под седиштето што е , оти на 14 месеца и го земавме.
Кога бебето се смета за седнато? Дечково седи во исправрна положба ако го ставам јас да седи, вака сам пробува да стане ама многу тешко му оди. Од кога така сам седнува не сака ич да е легнато на грб,само кенка да го исправам
Се смета дека е седнато, кога од седечка позиција ќе тргне.да лази. А седењето му е околу 5 мин, и држи добар баланс .
А во седечка го ставам јас, претпоставувам )) Седи стабилно повеќе од 5мин ама не се пушта за лазење ваљда рано му е )
Е како така кога ќе тргне да лази, а бебиња што не лазат, а прооделе не ли седнале? Седење без потпора и стабилно, јас тогаш рачунав дека седнал. А не лази асално уште.
Ииии се читам што сум пишала Со мажот ми правевме муабет еве ја ќе тргне да лази остави ја и така сум ја пишала реченицата Леле божеее Па и колку самоуверено си кажав Хахахахахахахахаха. Сакав да кажам кога во седечка позиција нема да биде како ѓеврек свиткана , него исправена.
Мојов не ни знае веќе да цица. Стрвле тешко е сака све да касне а цицање не го занима. Само за успивање.. Изгледа лесно ќе оди одбивање кај нас
Штрумф мој пак скарана е со храна, се надевам зарад запчињата.. аман веќе нека почне да јаде, се пика во уста само храна не, и давам ја држи што подалеку од муцето.
@Bubish26 во 8ми има регресија во спиење кај нас имаше срашно дрмање ми е** мајката со заби дури и лесно миниме иако има 8 кој туку речи ги извади за брзо вр И кај мене се исправа на се оди по кревет/маса клекнува си зима играчка и си станува, стои по неколку секунди без да се дрзи за нешто ама коа сака да дади чекор подава раче леле не ми се верува за брзо се селиме кај големите
Нормално е мајка не се секирај, мал е. Ако добро се сеќавам, моево накај 5, 6 месеци убаво стабилно почна да ја држи исправено главата. Кога почна да седи уште знаеше да му се заклати или клапне нанапред.
Да не се секира. Прво ми е.. Ги знаете оние,, пријателки'' нејзиното е една нед помало и вели моето убо ја држи и така е не ја клати не ја треси цврсто е.. Да си појдиш на педијатар.. И можи некој да тезагрижи како мене... Јас го држам ја испрае ама клапне на меме си легни такво ди е мрзелибо со викам јас мирно не е цврсто пргаво брзо... Значи кма фор уште дур почни без моја помош? А на меше го легнам и само на една страна си лежи на другата дава отпор не сака да го свратам.. После па од таа страна со не сака директ го легнам и одмасе врти на десната... Исто е и со спиењето де таа страна преферира кога го држам враце му менувам ама во спиењетој пак си се намести...
Во 5 саатот сабајлево се разбуди наспана , скокаше по мене, по татко и, лазеше, се смееше, си зборвеше се до 6 и пол, предходниве денови со викање стануваше, жива не наспана сум. Ама да се пофалам, прв пат после 8 месеци шета со баба и веќе саат и пол, преродена сум
Провери после шетњата со баба да не нејќе да дојде во тебе Мојов два три дена беше болен,баба беше тука и ако си поседеше малце кај неа после јас пружам раце не сака кај мене Тоа ме израдува зошто беше како лепенка,не можев да правам јадење ниту до вц да отидам,мислев нема да можам никаде да мрднам без него