А цица ли кога станува или колку да се залаже и заспива? Мојов што ако станува 7 пати кога ништо не цица, само се залепува на мене и заспива, па кога ќе го ставам во креветче се буди итн
Брокула,карфиол,тиквица обарив и замрзнав. Имам читано дека може и целер и пашканат да се замрзне. Тиква имав свежа замрзнато Тоа што не му беше сезона давав од готова каша
ОК знам дека не се случува често, ама им давате пак да јадат ако повратат? Поврати од што си ги пикаше рацете во уста, ама мислам сѐ поврати што изеде. Јадеше ноќна на Хип, јадел веќе многу пати досега па сигурна сум дека не е од неа. Кога сум тука, што им давате за вечера а да не е мазно? Веќе еден месец пробувам да го навикнам на поинаква текстура ама засега само со овес и такви некои житарки ми успева. Што да комбинирам за вечера? Да не е кисело млеко.
Здраво женски. Еве сме и ние, за некој ден полниме 6 месеци и почнавме пред неколку дена со вкусови ама не сака лажичее, само што и го доближам лажичето ја запечатува устичката и не ја отвора. А за цуцла зјае ли зјае. Пробав до неколку вифови лажички и исто е, вкусува малку од прва отвора уста оти не знае што е и после одма запечатува и плука, брмчи, лом се прави. Не знам што ќе правиме ако продолжи и натака вака. Научена само на цице до сњга, ова е ново за неа сега, ама не го сака Што ќе правиме не знам Ај дајте споделете некој совет, искуство некое....
Здраво женски, ние сме болни. Да НИЕ ..сите 3 Сега и мажот ми го фаќа. Големото добро помина, со 2-3 чепчиња, ама малово константно качува, купив Гентамицин ампула, и ставив во солениот раствор и 3 пати на ден и ставам за да може да диши.И конечно најдов Пулмикорт, па од вечер и со тоа плус ќе инхалираме. Јас..арна сум, само затнат нос.
@Dikinzi со помин нека е Еве ме и мене да се жалам.... Моето девојче не сака да јаде.... Јадеше супер дури повеке ги сакаше зеленчуковите каши.... Сега само овес со овошје или просо со овошје.... Зеленчуковите ке јаде неколку лажици и после ја држи во уста се буни и после некое време го плука во торбичката од лигавчето.... Исто и пресоблекување ни стана научна фантастика, а о гледај земи и некоја "играчка" одма ке се уклучи на најјако сирената.... Незнам што се случува и како преку нок беба стана зверче Минливо ли е ова од 8миов месец или само позвер ке станува ???
по ѕвер станува кај мене од коа е родена е пргава ама сега е двеста на саат, мене 8ми месец ми беше најмачен
Оперил за дете. Не смее повеќе од 3 дена да се користат. Гентамицин не знам зошо си дала ама не е убаво на мало бебе да даваш гентамицин. Гентамицин е антибиотик и нема да и делува на вирус, а и правиш оеганизам кој понатаму ќе биде резистентен на антибиотици и кога стварно ќе треба да прима нема да и делуваат. Имаш атровент, пулмикрот за инхалации ако ептен спушти на плуќа, а за затнат нос доста се инхалации со солена вода и физиолошки и да влечете нон стоп мрсули. И син ми ене го затнат 3 дена, 3 дена правиме инхалации со физиолошки по 3 пати на ден, и по 1 капка оперил, денес почна да се одзатнува.
Да знам, фазла од 3 дена не, ама спие само по 10 мин и се буди, нејќе да цица оти не може,вода не пие, чај не пие, цврста храна одбива. Цела ноќ плачеше и цел ден, мораше да и помогнам, сила немам за толкуне спиење, па и плус уште едно мало дете. Пулмикорт само што и ставив во инхалацијата, почна да пушта, почна да се сеќава на рака.
И моево негде од крај на осми почна, сега е 10 лудориите се на најјако, а верувам понатака уште многу изненадувања чекаат. 9ти почна да не ми јаде, исто обожаваше зеленчук, сега три четири лажички и почнува пупупу да ми праи. На три дена мења омилено, и вкус и текстура, не можам крај да му фатам. По три нешта спремам за ручек, доручекот три пати му го блендирам, некои денови го јаде така некои сака мазно. Па сака да јаде сам, бута големи парчиња, не ги џвака, му стојат во уста го нервираат, почнува да се скубе да се врти... завршило јадењето. Храна насекаде само во неговото меше не. За бањање, пресоблекување, менување пелена не сакам ни да почнам зашто ќе се расплачам. @Kallias2 Нормално е, не знае што да прави со храната. Или давај нешто меко сама да проба да стави во уста, или ти ако ја раниш прави ѝ помазно за почеток. Моево на почеток прифаќаше само житарки без ништо, не сакаше јаки вкусови. Дури и на јаболче ми правеше фаци мислиш скапан лимон му давам да јаде.
Мајка добронамерно "те искарав". подобро ако веќе мора пулмикорт, него гентамицин. Ајде важно да помине. ПС. Кај мене на малиот му пројде ја крш сум, затнат нос.
Не бе какво карање таман работа, знам јас дека не чини. Ама ептен беше затната, со плачки цело време, не можеше да одмори, плус температура констанстно, а нејќе да цица. Доволно ја измачив 24 саати, ми беше страв поголема беља да не се деси, ај што е тоа е.. Нека ти мине по брзо