Девојки, како воведување втор оброк, еден месец откако бил воведен првото или...? Грамажа исто 120-130грама? Во кој дел од денот го давате, колку минимум треба време да помине после појадокот
Да, по препорака на педијатар после еден месец Прв оброк му давам околу 11 часот бидејќи до 10 спие, а вториот околу 15 часот Му давам околу 150 грама, отвара уста за уште, ама мене ми е страв повеќе да давам
А дали цица помеѓу оброците? Моево ако не и дадам да цица, и најадена да е одма кемка за цицање после оброк, ми е страв да не се прејадува така.
Мајки кажете совет како да ми јаде малото, веќе не знам што да правам... по 3-4 лажички ако изеде на оброк итоа поише ги плука, затвара уста, нервозен е никако не се залажува..7++ сме имаме два оброка ама за цицање никогаш не одбива
Пробај нешто благо ставај му во кашите пример комбинирај со батат,јаболко,банана. Мојот таков беше кога вадеше заби...
Мајки курето уште не ни е отворено скроз , не сме биле на педијатар одамна ама како што гледам не е баш 8 месеци сме , до кога треба да се отвори целосно ???
Знаете ли дали постои диспанзер за имунизација во Систина? Јас колку што знам само државни има, ама една другарка нешто ми спомна дека и таму имало ама не беше сигурна.
Нема возрасна граница. Кај некои деца и поголемки им ги отвараат или сами си ја завршуваат работата. Ти сигурно по малку му го отвораш за да се чисти. Нема гајле ако не е целосно отворено, важно да се одржува хигиена.
А бе многу сте ќутливи тууу Или ве тренираат малишанковци многу, па нема кога да пишете. Ееее вистина било, дури е помало дури не разбира, е полесно, а си мислиш дека најтешкото е. Ами не било така. Кога ќе се оџагарат, па играње сакаат, на под, во раце едно друго... Ихии енергија батери азис Само да ги чува Господ и да нѝ се здрави живи, к'сметлии. Спиење. По колку часа ноќно спојуваат? Моево е 6 и пол месеци, ме здробува од станување некогаш. Може и 3пати, може и 4, па ќе се подрасони или ќе продолжи да спие со цицање. Дали дека почнува да седи, дали забите ауф тие заби потешки од скокови се, дали дека веќе се тегне по мебел, се крева, моторно е .
Е и и ова да ве прашам. Не сака цуцла ниту шише и не ни пробав повторно, па за пиење сакам од чаша со клунче да му давам понатака. Кога им се дава од таква чаша или од обична пластична е подобро, без клунче?
Кај нас излезе првото запче пред некој ден конечно. И искрено речено помирна е, како да и олесни. Само еднаш се буди за цицање, максимум 2 пати ама поретко.
На Ема првото забче и излезе вчера За чашка со клун, јас освен на Нук на никоја друга фирма не сум зимала. Ема уште не пие вода, така што ќе видам понатаму
Ајдее честито! на 8 месеци без 3 дена . И твојана е пргава, значи вистина е, не може истовремено и заби и моторно развивање. Е па и кај мојов ќе чекам така, тоа време да се појави.
Да и се редат како бисери и со лесно да ги вади Почна госпожа да се качува на нозе уште пред недела дена Не сум седната дома , само се влечам по неа Ќе биде, се со ред
@elenaklasik 10+ е, пред 12 знае да се разбуди еднаш два пати, и после уште еднаш. Исто ако не е во регресија, скок или вади заби. За чашка, не ти треба ни клунче ни цевка, можеш директно од обична мала чашка. Ќе се прави малку лом додека се научи ама подобро за него. Моево сака од мојата да пие, таа огромна колку неговата глава, ама интересно му е изгледа. @Dikinzi Да се редат бисерчиња!
Малишан е скоро 7, за една недела. Само станува и се исправа на нозе! Се држи за масата и станува. Се фаќа за тв комода и се исправа. Еве сабајлево се разбудил во креветче и се исправил на нозе и се смее. Не знам што да му правам. Многу е рано за ова. Ама не се додржува. Лази башка како машина. Не застанува луѓе! Презаморна сум. Само 2-3 дремки има по 1 саат и цело време е активен. Навечер се буди 2-3 пати да цица.