И мојов ист е. Го оставив на кратко во креветче за јас да смукнам во спална, кога гледам се исправи на колена и се ниша горе-долу. Пред нецел месец почна да лази (што е супер, јас сум ќефој ) и сега по цела дневна долж оди, истражува, шпринт е. За 12 дена прави 7 охоо кога летнаа... А како бе на нозе? На цело стапало или мислиш на колена? Почна да седнува твојот синко? Овој прави обиди сѐ уште, скоро е седнат, секако лабав е засега, не е стабилен. И на прозорецот го лепи рачето и се исправа. Мислам дека сѐ што прават сами, можат. Нема што да им правиме, само да ги пазиме. Ај бар кај вас и запчиња излегоа. Ами ние ќе почекаме А за дневни дремки, исто има две или три. Некогаш спие по час и пол два, некогаш до 3 часа. Навечер 3пати се буди.
Се исправа на нозе, на стапала. Станува целиот! Полудев. Си седи на коленца и наеднаш ќе се фати за маса во дневна или за тросед/двосед, релаксатор и се исправа целиот на стапала. Седнува да, откако направи 6 месеци цело време е седнат. Си игра на подлога во седната положба. На почеток губеше рамнотежа, сега веќе не. Запчиња 4. Ама активен е многу. Немам сила да го чувам, како вклучен во струја. Се лигави? Чешка непциња?
Е па тоа е, супер е штом се физички активни. Можно е порано да заодат. Се лигави ама не многу, ама ги чеша непцињата, пика во уста предмети што му се најде на пат. И се нервира дури гризе нешто. Инаку баш вчера видов како се обидува едното стапало да застане на него, како во клекната положба беше со едната нога на стапало и се зачудив како може, си реков ај можда така му дојде. Ама штом велиш дека и твоето прави, значи да го очекувам кај и да е и мојов
Исто и кај нас, само што кај мене почна да се исправа на 7 и пол месеца. Цело време тоа и е играчка, лази лази, и оп се исправа, на 7 месеца на колена почна, а по 2 недели на цела нога. Не знам и јас веќе што да правам, сами не смеам да ги оставам ни на 10 секунди, морам постојано да сум тука. Остај тоа, па и кога ќе се исправи пушта нозе ако сака да дофане нешто на масата, а и е подалеку. Ова и јас не го очекував. Првото на 7 и пол стабилно седна, на 8 месеца убаво лазеше, на недела дена пред 9 месеца се исправи на нозе и така натаму, ова дете со месец и фазла порано ги прави сите работи. Му велам на сопругот, ајде порано почнаа маките, може и порано да завршат (ако прооди порано). Јас и сопругот сме проодени на 9 месеца. Првото ми прооде на 11 и пол, ова ќе видиме..
Напредни деца И јас имам проодено на 9 и пол. Ама овој е невозможен! Убаво почна да лази недела пред 6 месеци и од тогаш не е застанат освен кога спие. Се исправа прво на колена и оп наеднаш буквално на нозе и на стапала и скока во место. Ќе си го оптерети грбот и колкчињата. Денес сум на ортопед па ќе видиме што ќе кажат. Уживајте вие другите дури не почне бебе убаво да лази!
Јас мислам дека нема потреба од грижа дека ќе го оптовари грбот, бидејќи самото тоа кажува кога е спремно. Ако сам почнал, нема потреба за грижа. Да се форсира е друго..што знам, ова е мое мислење, јас за тоа барем не се сеќирам.
Мајки фали им дтавате веке перници за спиење на бебињата Некако ја осекам малата како да и треба.... А немам појма ни каква ни колку дебела.... Секако на крај на месец треба на ортопед да одиме ке почекам до тогаш но ме интередираат и вашите искуства
До сега кога читав како децата не сакаат да јадат,дека одбиваат едноставно се чудев и си викав леле па мало бебе многу разбира што е храна и пак знаело да одбива. Епа дами и господа кажете во кој клуб или група да се приклучам на нејадач,неспанко и рикачко за без потреба. Јас се надевам дека е период зошто сме во фаза на вадење на запче,мислам се гледа и кога до допирам и тоа како боцка. Ова со нејадењево еве два дена со ред одбива се што му е понудено и тоа со солзи си мислиш сум фатила па го давам. За неспиење преку ден не знам што повеќе со себе како швајцарски сат е,ни минута плус хаха А,која е причината да плачи еве и јас не знам,цело време сме надвор,па во раце,па наземи,па во количка,па занимација и пак плачи и тоа не плачење рикање. Ама најголем проблем ми е цицањето на палчето,кога ќе го ставам во креветче и така го цица дур заспие, несебично ми е потребен совет околу ова?
Кај мене и двете одбиваат да јадат додека вадат заби. Големата (2 год и 2 месеца), се уште е така, се додека не извади забче. И не се сеќирам околу тоа. Нервозно е, зошто сите различно ги вадат, некои дечиња ептен се мачат со забите. Зависи од жлебинката, а и од колку може болка да трпи. Цицањето на палчето,многу често сум го сретнала на напишано. Појма немам како да го одвикнеш. На едни пријатели до 6-7 години го цицаше, па и се деформираше малце ( и беше сплескано ), па гледаа со друго нешто да го заменат. Мислам дека и даваа мече со голема етикета, за да се гали со етикетата, и така мислам се одвикна, ама она више голема. За кај тебе не знам. Обично палчето го користат за замена за цуце, да се смират, и да заспијат.
Иста е и кај мене кога вади запче од коа ке испадне ми се враќа детето шо јаде, иначе е така се траќа во хранилка се дере плаче и тоа само шо ке виде дека и носам храна
Дали горе излегуваат прво кецови или двојки? На синко двојки и е пресмешен. Долу кецови горе двојки, во среде празно
Хаха па логично кецови ама сѐ бива. Мојов 2 кеца доле има а горе не можеме да припариме да видиме дали вади нешто
Јас никогаш немав мислење за дубак и џампер сѐ додека ортопедот не го спомна. Тој не ни препорача и така оставивме. Малиов е мирен, си се тркала по под, се влече ко змија. Гледам дека се поделени мислењата меѓу ортопедиве, и искрено да беше ептен да не можам ништо да сработам или да е само за во раце можеби ќе земевме за да поседува малце и така.
Можно е прво двојки да вади, и се пресмешни како такви Дубак не препорачуваат, ама јас користам. Ме вади во одредени ситуации.
Ортопедот ни рече дека е мал сеуште за дубак, а во џампер може да го ставам. 6ипол месеци е, рече дека може после 8м да го ставам и во дубак
Од кој дубак? И мене ми кажаа на ортопед не за дубак/џампер. Да го оставам сам да оди ама искрено не може да се доварди.
Кај мене е дубак -џампер, 2 во едно, одоздоле има подлога за да стои само во место, да не се движи и да се допира само со прстињата, еден вид држење во раце Ама пошто е 8 месеца више, тоа одоздоле го тргнав. До душа уште од 7 месеца и го тргнав. Едит:Сестра ми го купи за првото, од Либерта бебе.