Мајки за бебиња што не се проодени, што планирате зимава на ноџињата да им облекувате за по дома? Не сакам топлинки онакви со гума, нели не препорачуваат, идеи?
Според ортопед треба бебе босо да е, така најубаво ке се развие осетот и најубаво проодуваат Ама од овој совет незнам колку и јас ке успеам да применам а не па тебе да ти попувам А мене за перница никој не ми одговори.... Кога почнавте, зошто итн.... Ми се чини дека на беба 8++ веке и треба
Бебе не спие на перница. А како осети дека и треба? Јас у скоро не планирам да му ставам перница, не знам што да ти одговорам. Инаку босо, ама ќе смрзне како така . Па ние во зима не сме боси,мислам само по чорапи нели. Некои да не има згодни чорап топлинки калци
@Cherry333 ние сме во стан, цевките проагаат долу и навистина е топло. Ама гледав во Tilla за во градинка за малиот, иако не оди, ни рекоа да носиме. Имаше како чорапче калци за некои си 160 денари, што мислам баш одговара за непроодени бебаци. @*malenavolena*87 ортопедот е на став дека ни возрасен нема потреба од перница дури. Јас немам намера да му земам уште сега, инаку е 7+
Мајки што значи жолта кака, ептен светло скоро како лимон? Сабајле какаше нормално како и секој ден и после некое време малку, ама жолто течно
@Cherry333 Планирам чорапчиња со точкички гумени што се да не се лизга. @*malenavolena*87 Каква перница, мали да може низ цел стан би се тркалал, не па во едно место на перница да спие. А мислам дека и препораките се после година. Јас некогаш спијам без, убаво ми е.
Абе јас сасвим те разбирам затоа и ти рекпв тоа е совет од педијатар но не знам дал ке го применам па тебе да ти го прпповедам зимно време дома ни е 26 а јас имам дебела чарапа За перница што знам ја гледам кога ке ја легнам кај нас така ко убаво да и е.... Може и филм си правам... А за убави чорапи babyboss на инста
Па и мпјава спие низ цел кревет.... Моѓ ако има перница ке почне да знае кај треба главата а каде нозете или ке си одмара нозе на неа
Зимоска јас ставам термо чорапи со силикон одоздоле за да не лизга колку толку. Без хулахопки, и цело време и се соблекуваа па беше боса. Со второво исто планирам Едит: Имаат и двете перници, ама дебели им се колку малиов прст
@haruki Oops! Епа ќе си оди бос. Среќа топло е кај нас. @RAK91 На 9м скоро. Повеќе од месец фати после вториот оброк.
И јас му давам трет ама ми викаат дека е многу рано на 6-7 месеци трет оброк. Треба после 8-9 месец. Сите различно А што му даваш за вечера?