Голем е синко, 14 месеци, ама со јадење е хаос. Инаку цица, цицкољубец на мајка. Кога му излегуваат заби не јаде ни за жива глава. Откако воведов три оброка, спие без да стане за цицање. Ретко се случувало да се разбуди. За вечера давај му ориз, гриз, палента, инстант каши, ке го држат сит подолго.
Не е за лајк работава, ама од солидарност. Ете дека не е од глад цицањето туку од близина. Или и навика веќе. До 2пати немам проблем да станувам, нека е така до месеци. Ама повеќе пати, помачно е. I feel like a zombie.
Ке помине времето. Мене ме фаќа паника колку брзо расте. Сакам малку поспоро да ми минува времето. Како вчера да беше бебе и да имаше грчеви, а сега толкав маж. А со спиење немам проблем од сам старт. Освен што на периоди не зезаше па заспиваше во 1 навечер. Покрај грчеви и нејадење, уште неспиење фалеше.
Не ми е тешко стварно, навика е. Си спиеме заедно и си се послужува кога сака колку сака Ич без гајле, ќе се тера вака доста време, прифаќаш и веќе не е тешко
Да дополнам, синко преку ден спие многу малку. Кога правам споредба со генерациски бебиња, преку ден синко секогаш има една дремка помалку. Сите имаат три, синко две. Една дремка има од 1 година. Мислам дека од тогаш и ред убав си направи самиот, спие од 8 9 до 7 8 сабајле, денски еднаш од 12 1 до 2 3. Огромна улога има и одењето. Кога е буден не запира, па мора да одмори кога тогаш.
Да ви пишам и јас, кога почна да јаде вечера пак стануваше неколку пати во текот на ноќта. Т.е. не станува де туку почнува да кенка да се тегне за уши и коса, му давам циц и си продолжува да спие. Сега веќе, има 10+, и од скоро почна да врзува 5 саати отприлика. Значи првпат откако е роден. Така што, мислам зависи од бебето, кога ќе му дојде, тогаш.
Body mass index им пресметуваат на бебињата ваши? Дали е различен за бебињата од оној за возрасни? Имате некоја табела да ставите тука да видам? Фала
@elenaklasik Не (за среќа ) Првпат слушам дека и тоа пресметyваат. @crazylady Моево е тотално спротивно. Некој на улица да го собере и однесе, ни а нема да рече. Барем за сега, ама менуваат.
Не сакаше и не нешто фан на луѓе засега. Додуша кој како ќе го фати. Воглавно нападни особи нејќе, ист на мајка.
Почнавме до вкусови на 4ипол месеци сега сме 7ипол ама голем нејадач е ама затоа е голем љубимец на цице кога да му воведам трет оброк? И како да го научам да јаде? Испробано играчки различни, телефон, тв, зборење ама се е неиспешно
Инталирај си ја child growth tracker и со табела и со графикон ке ти даде. Само висина, само тежина, bmi, обем на глава, се.
Да, секоја контрола. Секогаш е над просек. и со три оброци мака мачам. Тешко е кога си ненаспан со месеци. Треба доста енергија за да го пратам цел ден. Не застанува. Лази, се качува, па бара во рака и така во круг. Кога си наспан и не си нервозен. Не е во ред бебе од 7 месеци да цица на секој саат. Синоќа ми стануваше на секој саат. А спие до мене и пак бара близина. Јас не разбирам како не му е лошо од толку цицање. Бебе не се будеше на секој саат. Му давам шише со вода/чај да го излажам, ама џабе не сака. Туку, го приметив држи рака во тупаница кога јаде, не знам што му е сега тоа...
Колку му изнесува итм ако може да ми кажеш? Зашто стварно не ги разбирам овие графици табели, во кои рамки треба да влезе бебе и баш читам ама не можам да скапирам..а и на вакцини прееска не прашав што значи. На мојов вкупниот му беше 16.нешто. Проценти некои од 23 на тежина, па 30 нешто на должина абер немам. А за неспиење иста сум. Не знам, издржи ќе му помине интересното. Точно, ептен дрма нервоза, ама ај чаре никој не кажува. Бебе, живахно доста, здрави живи ако нека се. Од ноќ во ден менуваат.
Мојов се буди на секој саат после 3 некаде. Пред тоа на 2.9 ипол месеци е, се тешам дека до 10 ќе заврши (не ми доаѓа памет, од 4 месеци навака бројам и никако да спои повеќе од 3 саати сон ) . Сега па научи кога ќе го легнам се превртува, крева гзот како за лазење и седнува набрзински. Го легнувам до мене, малку помирно спие (да ова погоре е кога спие до мене). Иначе е буден по саат време и ме тера да го држам и нишам. А одам на работа. Ќе скапам кај и да е . Изгледа кецови ќе вади горе, многу е нервозен и гризе све живо
@Cherry333 кога ќе те прочитам се исто како јас да сум пишувала и јас мислам дека горните забчиња ќе излезат во блиска иднина многу е нервозна последните три вечери претходната вечер на секои 30 -45 мин стануваше и тоа со врескање и плаќање до сега никогаш плачејки не стануваше. Сега па и тешко птезаспива како новороденче да е цела куќа ја шетаме во ниедно време нишајќи додека презаспие, синока од 3 до 4 ипол си седевме си игравме хахах . Исто како вас одма се поставува во положба за лазење во креветчето хаха а нема кај да оди се надевам и јас побрзо да и помине периодов многу нервоза ме фака во сред нок вака, преку ден смешно ми е ама навечер ....
Феминки, колку време се толерира да не се искака дете со два оброка и цицање. Ние еве два дена нешто се мачиме. Запек го фати дечкото