И за мене важи истото сем од Антоније како ортопед од матичен доктор ништо вајде... Едната ни викаше со јадење да почнеме на 4 месеци (при ексклузивно доење и одличен напредок на бебе) другата па чекај кога ке има 9 месеци кога ке сакаш да ја откажеш од цицање тогаш ке и даваш да јаде кај еден ортипед што бевме дубак и џампер може вика од полни 6 (кога светот почна да ги забранува доктор ти ги препорачува кај дете што супер се развува) на кратко кажано секој своја песна си пее.... А ние родителите на крај ке сме одговорни и затоа и рекле да се биде родител е најубавата но и најтешката работа Затоа сме тука да се советуваме и колку можеме си помогнеме
З А за бабите не ми се ни збори Срека во несрека ради ситуацијава нема работа па останав дома да си седам со девојчето и после породилно инаку да ја оставам на неа сигурно ке ја патка.... Пошто при 100 пати кажано прееска пред мене ја земала и вика" види мамо сака да стои" Немам коментар за бабите
Кај мене малата , сега 8 и пол месеци се исправа на велико на нозе. А иначе почна од 7 и пол месеца. Морам да стојам до неа случајно да не падна, учи да се спушти доле така што седнува на газот. Од неќна госпоѓата се пушта да стои, а исто така ми ја пофаќа раката и се врти накај мене чекор по чекор. За паткање јас не паткам, ама се карам со мажот ми оти он патка. И така..
Они све знаат ја немам таков проблем ама сварно сум била сведок на многу такви ситуации види мама види @Dikinzi Браво за бебе тешко за мама
Тешко за мама богами, се ја интересира,само фаќа пофаќа, дури си се свртел она се исправила, боса е цело време оти така ми е постабилна. Ама ми е криво за другово, ме вика да си играме а јас изигравам кош со рацете да не падне. Не ја држам, само сум околу неа, а некогаш со едното се скокоткам , а со другото го чувам да не падне..ќе пукнам луѓе..ќе пукнам.
Мајки здраво, јас сеуште сум во темата од 0-6 месеци ама ме интересира кои се првите знаци кои бебињата ги даваат за лазење а таму нема да добијам одговор оти сите се бебиња
Според книга првин би требало да почне да се влече, со рацете нанапред. Па висок потпор, значи се крева високо на раце, исправени се, кога е свртен на меше. Па после лазање. Ама не е секогаш така. Некои одма почнуваат да лазат, го креваат газот. А некои не ни лазат, во Дубак ставено одма проодува... Или ако бабата била упорна и го паткала и цупкала Детето треба најмногу на под да си биде, и да си го осознава телото. Да се врти, да си координира раце-нозе...
Генерацијо, февруарски бебиња, како сте? Се спремате ли пополека за на работа? Јас почнав психички да се припремам за физичко одделување од беба, имам уште три недели дома, ама се плашам како ќе успее да издржи без цицање 8ч. Имам воведено доручек и ручек, измеѓу си цица колку сака и кога сака и така си функционираме топ. Дали да дадеме ад или да и воведам и ужинка за да не биде гладна? И после колку време од вториот воведовте трет оброк?
Сите бебиња се различни, некој се влечат со раце, некој со нозе се буткаат, некои наназад одат, тие.се први знаци. После го креваат газот и се мрдаат напред назад па најчесто паѓаат на фаца И полека полека, усовршуваат лева рака десна нога и обратно
Ке пукнеш од мераци и љубов верувам тешко е и јас ке речам со едно и уште не лази а веке деновите незнам кога трчаат прееска дур се свестив 3 попладме дошло
Никогаш не знам во грамажа. Секогаш правам во исто тањирче, па така гледам отприлика. Инаку се раководам по намирниците, на пример ставам месо околу 70 Тина грама, цел компир, рака грашок, цел морков и ако изеде повеќе од половината задоволна сум. Купена каша ја јаде по 190 грама голема тегличка, ама тоа дека овошно, со зеленчук е маката.
Фала ви на одговорите @Enci201 @Dikinzi @haruki Дечково кога е на под одма се врти на меше и крева газе и со прстите од нозете се турка нанапред можи и по 1 метро така или дури не му здосади па незнам дали се знаци за лазење или некоја друга фаза му е
@RAK91 Скоро 11 Штрбле @babyboy1 Моево почна со правење кругови, како што лежи на стомак со рацете се поместуваше накај лево накај десно, па после почна да го крева газето, па на раце и колена се клатеше напред назад, многу кратко се влечеше наназад два три пати дали го направи тоа, и на крај почна како војник да ползи. Две три недели после тоа успеа да полази "нормално" ама полесно му беше војнички па уште некое време така си лазеше. Тоа беа етапите. Иначе првпат се пушти по моите влечки, тој период беше ко занесен по нив. Ти стај му пиперка пред него. @Dikinzi Јака ти душа со две! #немашанси Денес добивме порака дека баба купила од оние каиши за одење, да сме очекувале пратка. Прашува дали дyбак да купела. Женооо бркај работа! Кога ќе те напне некој на сред ручек...
@rainbowmama и моево прави кругови веќе некое време и на меше кога е и на грб се врти за 360 и крева газе и се турка ао нозете се влечи така...Ќе му наредам пиперки па нека ги дофати
@rainbowmama моето е 11 јас уште некој ден и официјално се селам кај големите па тебе ти е ред @babyboy1 се труди значи стимулирај со нешто шо му е интересно , ете гледаш кај секој различно кај мене немаше ни војнично ни клатење напред назад ни наназад лазење директива тргна