@haruki му тропкам со играчкиве што ги сака и му ги редам пред него и кога ќе стигни до нив му ги поместувам Ептен интересен е ако ги дофати и крева глава да ми се насмевни
Леле ќе се дружиме и таму. Почнав да ја читам темата. Разно разни емоции ми надоаѓаат, мноооогy брзо ми поминува времето, од една страна едвај чекам, од друга сакам да си биде бебе мало уште малку... Ах. @babyboy1 Пресмешен е со пиперките, срце. Ама да, тоа се дефинитивно знаците, се труди.
По горда и поемотивна не сум била никогаш горда шо се претвара во мало човече а пд друга страна ми се плачи бебето ми порасна и си плачам понекогаш Мислам се разбираме исти сме сите,Мајки @babyboy1 хаха душа колку месеци е ?
@haruki 5 месеци и 1 недела е @rainbowmama поголго држи пиперка и ја игра од било која играчка дома..можи така и 15-20 мин и да се врти и превртува не ја пушта никако
Прееска баш гледав какп треба да се храни бебе, и видов дека соодветно и единствено преплрачливо е или во хранилка или во количка со поставеност ппд агол од 90. И дека стопалата мора да се потпрени долу да не висат.... Е сега јас го гледам ова на 8++ кога веке ја хранев и во релаксатор и во транспортер и во положба од 45 значи се како што не треба и срека добро прошло Секако веке подолго време е во хранилка или количка кпга јадеме ама ете и ова за стапалата денес го дознав
Баш така а ниту еден педијатар не дава ваков совет, барем јас немам слушнато. Релаксаторот нее воопшто безбеден додека да се земе храничка по безбедно е на под.
Не сфатив, што со стапалата? Потпирачот за нозе треба да е на најгорното ниво? Едит. На хранилка мислев за нивото на потпирачот за нозе.
Еве сликовито на што мислам.... Барајки како да преминеме од блендирано на пасирано и парчиња налетав на ова
Ама мислам дека е мало моево, само што почнав со вкусови и го ставам од прв ден во хранилка. Во хранилката не му стасуваат нозете за да му одат надолу. Ортопедот рече да го седнувам на 45, на 60 само кога јаде, а на 90 никогаш. Е ај сеа
Заследете ја на индта majkatakata тренер е за blw исхрана и не само за тоа многу работи ке научите во врска со исхраната од неа, се ни еден педијатар не казува. Јас лично коа прашував за blw по педијатри и било шо за исхрана не добив добри совети, следејќи ја неа научив многу, бебе мое јаде патченца седната на маса со нас од 8м сега ке почнам да ја учам си лазичка
Да и моите слики се од неа.... И насоките што ги добив за премин од блендирано се добри.... Инаку да мало е и кај нас не стасуваат до таму ноженцата па можеш да врзеш едно платнп долу до каде што стасуваат (пак кај мајкатаката на инста и за тоа ке најдеш слика)
Здраво мајки, бебе ми е 10 месеци и имаме во окцето staphylicoccus aureus. Голем проблем ни е и од 2 недели се ушфе не можеме да ја излечиме. Е сега почна и носето многу да и се затнува, значи едвај диши, додека го исчистам за 1 саат пак е полн. Мислам дека е можно бактеријата да се симнала во носот. Сакам овие денови да ја однесам да и земат брис од носот, па во меѓувреме да слушнам ваши мислења и ваше искуство. Што стававте во носот за да се исчисти бактеријата?
Јас сеуште секоја вечер само главчето еднаш на 3 вечери а преку вечер со гел. Инаку со водичка секоја вечер.... Тоа ни е и некој ритуал пред спиење и се си викам ако го сменам нема да заспива